Еден транспарент – генерална слика!
Објавено во Рецензии
on 6 - 04 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништи нивните животи и надеж за подобро утре]
Овој текст е крајно манипулативен и има цел да го оцрни името на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, поврзувајќи ја со локалните политики на СДСМ во минатото, со кои таа немала никаква врска. Притоа, нема цврсти факти ниту за обвинувањата упатени кон нејзината матична партија. Заклучоци се изведуваат од еден транспарент, чија порака се генерализира и се претставува како став на мнозинство граѓани, во случајов прилепчани.
Линк на оригиналниот напис: Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништи нивните животи и надеж за подобро утре
Датум и време на објавување: 31.03.2016
Датум на рецензирање: 05.04.2016
Рецензент: Ана Анастасовскa
БЕЗ КОНКРЕТНИ ПОДАТОЦИ
„Во пресрет на посетата на техничката министерска за труд и социјална политика на Прилеп Фросина Ременски, бившиот потпретседател на Светски македонски конгрес, која не го осуди нападот на доскорешниот колега Тодор Петров, Прилепчани упатија порака преку транспарент во центарот на градот до СДСМ.“
Уште на самиот почеток од написот се наведува читателот на тоа дека прилепчани испратиле порака на СДСМ преку транспарент.
„Прилеп се сеќава на погубните политики на СДСМ за прилепското стопанство, на уништувањето на големи гиганти и бркањето на 15 000 луѓе од работа. Таа црна дамка од криминално спроведентата транзиција на СДСМ Прилеп ја чувствува и денес.“
Во овој дел од текстот, кој, всушност, е и неговата суштина, се користат општи работи и квалификации, за кои нема конкретни податоци. Едно е да се каже дека СДСМ спровеле погубни политики за прилепското стопанство и дека оваа партија уништила големи гиганти, но без конкретни информации, ваквите констатации паѓаат во вода. Нема конкретни имиња на фирми и на фабрики, нема конкретни податоци и бројки за ништо. Само нафрлувања за поентирање и за оцрнување на СДСМ.
„Оваа порака на Прилепчани боди како шило, ова е порака од грлата на илјадници гладни усти и затворени куќи кои ги остави СДСМ за време на нивното владеење во Прилеп. Заради сето ова ваквите политичари се непожелни во градот херој Прилеп.“
Она што боде како шило е непрофесионалноста и некоректноста на овој напис. Да се изведе заклучок дека ова е порака на „илјадници гладни усти“ од Прилеп и тоа само врз основа на еден транспарент, кој можеби го поставил и некој партиски активист, е надвор од сите новинарски стандарди. Она што недостига во овој текст се барем неколку изјави, луѓе со конкретни имиња и презимиња.
Вака пренесен написот, повеќе наликува на партиско соопштение за политичка манипулација со читателот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови