Државата и партијата во медиумската прегратка
Објавено во Рецензии
on 13 - 07 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Пуштен во употреба новиот модерен кружен тек во Гази Баба]
Од далеку се гледа дека оваа медиумска содржина има единствено политичко-пропагандистичка цел. Даден ѝ е непропорционално висок приоритет и обем кој никако не го заслужува.
Дали можеме ова категорично тврдење да го поткрепиме со факти? Да, и тоа со најелементарната проверка со тестот за тоа што е тоа што ја прави една информација медиумски вредна вест. Овој тест е прецизен како математичка формула и низ него ја „пуштаме“ медиумската содржина што ја рецензираме – за свечено пуштање на кружен сообраќаен тек.
Првиот критериум на тестот е дали во информацијата има новост, новина. Секако дека одговорот е – не. Што е ново во градежниот зафат кружен тек? Се работи за еден сосема обичен градежен зафат, кој ниту е иновативен, ниту, пак, е направен првпат. Оттаму, оваа содржина не поминува на првото скалило за медиумски вредна информација.
Линк до оригиналниот напис: Пуштен во употреба новиот модерен кружен тек во Гази Баба
Датум и време на објавување: 12.07.2016, 12:23
Датум на рецензирање: 13.07.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
Вториот тест е проверката на степенот на засегнатост, односно влијание или значење за животот на публиката на која ѝ е наменет проектот кружен тек. Точно, овој сообраќаен градежен зафат го олеснува текот на сообраќајот, но тоа не е од такво пресудно значење за животот на граѓаните. Скопјани знаат дека таа крстосница освен ситни пречки, не создаваше којзнае каква сообраќајна главоболка.
Блискост е следниот критериум за кој можеме да прифатиме дека е исполнет делумно. За среќа, веста не известува за кружен тек во Њујорк.
Кога би се шегувале, четвртиот критериум на тестот за утврдување на медиумска вредност во оваа информација, би можел да помине. Ако градоначалникот на градот, министерот за сообраќај и претседателот на една партија ги сметаме за проминентни личности. Со други зборови, тоа значи дека славните личности се сами за себе вест. Колку тоа може да се „закачи“ за овие тројца, оставаме сами да процените.
Петтиот критериум кој од една содржина прави медиумска вредна информација е – конфликтот. Овде за такво нешто не станува збор.
И шестиот критериум, атрактивност, никако не може да се аплицира на оваа содржина. Што е толку атрактивно во пуштањето во сообраќај на еден кружен тек?!?
И на крајот, но не помалку важно, туку напротив: Проценката на новинарот за политичката вредност на една информација од аспект на злоупотреба на должности и функции. Прашање на изострен новинарски сенс е да се процени кога има конфликт меѓу партиското и државното. Кога јавни ресурси се (зло)употребуваат за афирмација на една политичка партија. Инаку, што би барал на пуштање на еден кружен тек – претседател на партија.
Новинарите треба да го нотифицираат тоа.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни,
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови