verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Допрва ќе се испитува дали во Македонија се гори опасен отпад

on 31 - 01 - 2020       

[Рецензија: СЕПАК СЕ ГОРИ ОПАСЕН ОТПАД: Примероците од италијанскиот отпад најден во Македонија ќе се испитуваат во Естонија!]

Написот што го рецензираме не соодветствува со насловот.

Линк до оригиналниот напис: СЕПАК СЕ ГОРИ ОПАСЕН ОТПАД: Примероците од италијанскиот отпад најден во Македонија ќе се испитуваат во Естонија!

Датум и време на објавување: 29.01.2020

Датум на рецензирање: 30.01.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Текстот што е предмет на оваа рецензија, не е спорен по содржината, туку по насловната конструкција. Имено, првиот дел од насловот тврди дека во Македонија „сепак се гори опасен отпад“, а во вториот дел вели дека „примероците од италијанскиот отпад најден во Македонија ќе се испитуваат во Естонија“. Самиот наслов сам по себе е контрадикторен и ги буни читателите.

Ако го погледнете написот, ќе видите дека тој целосно е преземен и ископиран од „Телма“, но насловот е формулиран така за да ја манипулира јавноста, односно да шири дезинформации. Токму затоа и првиот дел од насловот е напишан со големи букви за да привлече поголемо внимание.

Од содржинскиот дел на написот се извлекува заклучок дека примероците од отпадот од камионите кои биле сопрени на граничниот премин Богородица, допрва ќе се испитуваат и тоа во Естонија.

Содржината на примероците РДФ, отпадот за горење, ќе се носат на испитување во Естонија, потврдија за Телма извори од надлежните институции. Таму ќе се проверува што имало во балите земени од камионите кои превезуваат РДФ за горење во скопската цементарница Усје.

Според тоа, не може да се тврди дека во Македонија се горел опасен отпад, сè додека тоа не се докаже. Освен, ако не сакате политички да поентирате или пак да нападнете некого.

Едно од основните новинарски правила е насловот да биде информативен, а не манипулативен и сензационалистички како што е овој. Таквите наслови привлекуваат само кликови, но не градат слика за веродостоен медиум.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ