verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Добро истражен и јасно визуелизиран прилог

on 21 - 11 - 2016       

https___www-youtube-com_watch

[Рецензија: Колку „тежи“ заменик-министерот за наворешни работи?]

 

Прилогот е изработен професионално, поткрепен е со изјави, релеавнтни бројки и со конкретни факти. Новинарот ги контактирал засегантите страни и се држел до сигурните факти без притоа да заземе коментаторски пристап.

Изнесените податоци и дилемите што произлегуваат од нив, се визуелно реализирани, односно буквално нацртани на интересен начин кој истовремено е и јасен за публиката.

Сторијата е направена максимално професионално и е поткрепена со документи што ѝ даваат поголема тежина и ја прават веродостојна.

https___www-youtube-com_watchЛинк до оригиналниот напис: Колку „тежи“ заменик министерот за наворешни работи?

Датум и време на објавување: 14.11.2016

Датум на рецензирање: 18.11.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

УБАВО СРАБОТЕНА ВИДЕОСТОРИЈА

Новинарот извршил целосна и темелна анализа на анкетните листови на заменик – министерот за надворешни работи, Илија Исајловски, и на неговата сопруга Анита Тополова-Исајловска, која е заменик на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, при што открил низа нелогичности и контроверзии.

Прилогот вади одлична поента дека заедничката основна нето-плата на двојката Исајловски изнесува вкупно 2.300 евра, што е речиси идентично со нивната месечна рата за кредитите, која изнесува околу 2.200 евра.

Главното прашање што произлегува од оваа анализа е како заменик-министерот за надворешни работи и неговата сопруга, јавна обвинителка, живеат со околу 100 евра месечно?

Бидејќи не е познато точно од која банка и по која каматна стапка семејството земало кредити, за пресметката што ја прави новинарот ја зема најмалата каматна стапка и според неа ги прави другите финансиски пресметки за двојката Исајловски.

За ваков вид анализа земањето на најмалата вредност е добро затоа што тоа го прави истражувањето покоректно, а поентата не може да се побие.

По објавениот прилог во студиото како гости се повикани новинарот кој го работел прилогот и поранешен член на Антикорупциска комисија, за темелно објаснување на целата ситуација и прашањата што ги отвора.

Таму новинарот соопштува дека за реакција и за коментар со низа прашања се обратил и до заменик-министерот и каков одговорот добил (во случајов штур).

Новинарот, при анализата на анкетните листови на сопржуниците, открива и дека станот во Скопје од 104 квадратни метри, во анкетниот лист на еден од сопружниците стои дека е стекнат со купопродажба, а во анкетниот лист на другиот сопружник се вели дека е добиен на подарок.

Резултатот од оваа убаво изработена видео-сторија е информирање на читателската публика за нелогичностите што се појавуваат во анкетните листови на двајца државни служебници кои земаат плата од државниот буџет, односно „народни пари“.

Прилогот што е предмет на оваа рецензија е пример за добро склопен новинарски продукт, кој на интересен и јасен начин допира до широката публика и отвара низа прашања и дилеми со кои јавноста заслужува да биде запознаена.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

квалитетни мултимедијални елементи

стилски уреден