Добра вест, но без доволно детали
Објавено во Рецензии
on 23 - 07 - 2015 Автор: Adrian Kerimi[Рецензија: 3 години затвор за Верушевски]
За една вест да биде целосна, треба да содржи неколку елементи и, пред сè, информации за јавноста да знае за што се работи. Во ниту еден случај, иако може да изгледа дека прашањето е доста познато, веста не треба да претпоставува дека јавноста ги знае сите детали.
Текстот што го рецензираме со право сакал да ја информира јавноста за еден судски случај, за кој кај јавноста постоеше голем интерес, судењето на поранешниот директор на УБК за недозволено поседување оуржје. Меѓутоа, недостигот од детали, особено на дополнитени информации, ја прави веста нецелосна.
Линк до оригиналниот наслов: 3 години затвор за Верушевски
Датум и време на објавување: 16.07.2015,
Датум на рецензија: 20.07.2015
Рецензент: Aдриан Керими
Се работи за една вест во која нема многу објаснувања. Текстот почнува со реченицата:
„Зоран Верушевски, поранешен висок полициски функционер, е прогласен за виновен за недозволено поседување и држење на оружје и е осуден на три години затвор.“
Tекстот не кажува дека се работи за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Настанот побуди голем интерес кај јавноста, бидејќи никогаш порано не е уапсен еден толку висок функционер на безбедносните структури за недозволено поседување оружје. Исто така, за неговото апсење имаше дилеми во јавноста, бидејќи тој се обвинува и во случајот „Пуч“ и во аферата „Прислушување“.
„Судскиот совет со кој што претседаваше Ленка Давиткова, истакна дека ги ценела сите олеснителни и отежнителни околности и одлучила да ја изрече најниската казна за ова дело согласно законот – 3 години затвор.“
Без да се дадат дополнителни детали, иако се работи за важен настан, веста е осакатена и јавноста не е информирана како што треба.
Веста се обидува да биде коректна, прикажувајќи ги двете страни, и ја пренесува изјавата на Верушевски: „И јас, како и Зоран Заев, не го признавам овој суд, ова е партиско-системска патологија и агресија врз слободата“. Меѓутоа, избраната изјава, повторно без детали, не дава целосна слика на контекстот на настаните.
Написот би бил поцелосен доколку ги имаше информациите дека Зоран Верушевски, заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се обвинуваат во случајот „Пуч“. Во овој случај, Верушевски се обвинува за поседување материјали што имаат карактер на државна тајна.
Со дополнителната информација, за еден настан што се случил во минатото или, како што се нарекува во новинарството, „бекграунд“, веста би била поцелосна и појасна.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови