Добра вест, но лошо обработена
Објавено во Рецензии
on 25 - 01 - 2017 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Димитриев, Канческа, Попоски и Тодоров, поднесете оставки од една функција!]
Текстот што е предмет на оваа рецензија, повеќе наликува на повик, отколку на новинарски напис. Иако е коментаторски, сепак не е пласиран како коментар, туку како вест.
Линк до оригиналниот напис: Димитриев, Канческа, Попоски и Тодоров, поднесете оставки од една функција!
Датум и време на објавување: 23.01.2017
Датум на рецензирање: 25.01.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
ВЕСТА ВИСТИНИТА, АМА КОМЕНТИРАНА
Со самиот наслов на текстот се повикуваат премиерот Емил Димитриев и министрите Елизабета Канческа, Никола Попоски и Никола Тодоров, да поднесат оставки од една функција.
„Цел месец Емил Димитриев, Никола Тодоров, Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска го кршат Уставот, Законот за Влада и Изборниот законик“.
Ова е веста во написот. Веста е поткрепена со доказ, односно со принтскрин од Изборниот законик, во кој се цитира членот 8. Од тоа може да се заклучи дека истата е вистинита.
„Во член 8 од Изборниот законик јасно е пропишано: Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија“.
Проблемот е што веста е коментирана и пласирана во категоријата вести, наместо во категоријата став.
„Законот е јасен, но бидејќи кај нас некој е над Законите и Уставот, веќе месец дена, Димитриев си е и избран пратеник со верификуван мандат, но и си ја обавува функцијата премиер, иако уште при договарањето во Пржино беше зацртано тој да е премиер за спроведување на изборите“.
НЕВИДЛИВИ ЕКСПЕРТИ
Кога веќе имаме одредена вест и таа се проблематизира, тоа треба да биде пласирано преку изјави на луѓе, посочени со име и со презиме. Во случајов тоа не е така.
„Експертите реагираат дека ова правно е неиздржано, но никој не ги слуша“.
Тука се користат невидливи експерти кои никој не ги слушал. А како да ги слушне некој, кога во веста не се пренесени нивните ставови?
Текстот има добра поента, но таа е лошо обработена.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови