verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дезинформација е дека лековите од аптека мора лично да се земаат

on 4 - 10 - 2019       

[Рецензија: Од денеска нема да може да земете лекарства од аптека за болен роднина- лекови на рецепт само со лична карта и пасош!]

Новата мерка на Владата за укинување на квотите за лекови наиде на погрешни толкувања и манипулации од страна на некои портали, кои објавија лажна вест дека оние кои се спречени лично да ги подигнат лековите ќе останат без потребната терапија.

Линк до оригиналниот напис: Од денеска нема да може да земете лекарства од аптека за болен роднина- лекови на рецепт само со лична карта и пасош!

Датум и време на објавување: 1.10.2019

Датум на рецензија: 4.10.2019

Рецензент: Симона Атанасова

Со новата мерка, осигурениците од 1 октомври можат да подигнуваат лекови на рецепт во секој ден во месецот, во секоја аптека која има договор со Фондот. Но, за да се избегне злоупотребата на лековите, мерката предвидува осигурените лица да може да подигнуваат лекови на товар на Фондот во аптека само со уреден и важечки рецепт за пропишан лек на товар на Фондот и документ за лична идентификација (лична карта или пасош) на увид.

Но, одредени медиуми овој дел од мерката го интерпретираа и ѝ го пренесоа на јавноста како што ним им одговара. Сосема се неточни тврдењата во написот дека оние кои се спречени да ги подигнат лековите, како болните лица, ќе се мачат и ќе мора сами да одат до аптека по соодветната терапија.

Тоа би значело дека болните лица ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.

Ова е целосно манипулирање и доведување во заблуда на јавноста. Тенденциозно се дезинформира со цел читателите да добијат негативно мислење за новата мерка и неосновано да ги критикуваат оние кои ја имплементираат, Владата, премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и Фондот за здравство.

Фондот за здравствено осигурување преку соопштение до јавноста, информираше дека лекови за оние кои се спречени ќе може да ги подигнува нивно блиско лице.

За постарите и изнемоштени лица, малолетните и оние лица кои поради некоја спреченост нема да можат да ги подигнат лековите, со новата мерка е предвидено нивно блиско лице во нивно име да може да го земе лекот на рецепт.

Ова, на прес-конференција во Владата го потенцираше и директорот на Фондот, Орхан Рамадани.

Со легитимирање при подигање на лекот, граѓаните даваат свој придонес и го остваруваат своето законско право на одговорно и рационално трошење на средствата што ги издвојуваат за своето здравствено осигурување. Притоа нагласувам, постарите лица, деца под 18 годишна возраст, како и лица кои не се во состојба сами да ги подигнат лековите, не треба да стравуваат дека ќе останат без лек. Предвидена е можноста, во нивно име, нивни блиски да може да го подигнат лекот“, информираше директорот на ФЗО, Рамадани.

Mедиумот ја објави дезинформацијата двапати, еднаш еден ден пред стапување на сила на мерката и уште еднаш следниот ден. Но и покрај објаснувањата и појаснувањата од надлежните, на веб-страницата на медиумот сè уште не може да се најде исправка за направената грешка.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ