Да се повторува до „смрт“ и оттаде неа
Објавено во Рецензии
on 2 - 03 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Заев со притисок врз Јанева за неаргументирани истраги со цел оцрнување на личности од ВМРО-ДПМНЕ]
Една од најчесто употребуваните техники на пропагандата е повторувањето. Некои зборови, обвинувања, етикети, дискредитации, процеси…, треба доволно често да се повторуваат за да станат „вистина“, односно да го инфицираат слушниот апарат на граѓаните за да отрпне на сензитивноста и на потребата да се посомнева. Не, нема потреба да се сомневате. Ние можеме да ве „убедиме“ во тоа!
Имињата и зборовите употребени во медиумската содржина што ја рецензираме се најупотребуваните и најчесто повторуваните во последните два-три месеци во дел од медиумите. Оние блиски до владините политики. Контекстот во кој се ставени зборовите „Заев“, „Јанева“, „Специјално јавно обвинителство“, „наредба“… е, всушност, приказната дека специјалната јавна обвинителка е под контрола на лидерот на опозицијата. Таа приказна, со тие зборови, треба да се повторува доволно често, во различни варијации, со единствена намера – да се прифати и да се перципира како вистина!
Линк до оригиналниот напис: Заев со притисок врз Јанева за неаргументирани истраги со цел оцрнување на личности од ВМРО-ДПМНЕ
Датум и време на објавување: 29.02.2016, 11:54
Датум на рецензирање: 01.03.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ШТО Е ВИСТИНА, А ШТО ПРОПАГАНДА?
Она што им останува на еманципираните припадници на медиумската публика е да ги препознаваат овие техники и да ги препознаваат нијансите за да разликуваат што е вистина, а што пропаганда.
Освен тоа, оваа медиумска содржина страда од вообичаените мани кога се во прашање така конструирани и на шпекулации базирани новинарскин текстови. Нема извори (освен, од „блиски извори“), нема втора страна, нема експертски мислења…
Но, затоа има политичка дискриминација што е спротивно на членот 10 од Кодексот на новинарите:
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Затоа има текст кој не прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, што е спротивно на членот 13 од новинарскиот кодекс и изобилува со политичка пристрасност наместо професионална дистанца од политичките субјекти, како што налага членот 14.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови