verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Да се понижи и да се дискредитира инакумислечкиот

on 18 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir-1

[Рецензија: Камбовски и Фити ги нема во светската научна мисла, потребна темелна реформа на МАНУ]

Внимателниот, елементарнио запознаен читател на медиумски содржини, прво што ќе препознае како недоследност во овој текст, односно прекршување на еден од членовите на Кодексот на новинарите, е подметнувањето на едно лично мислење во рубрика која не е предвидена за текстови од тој новинарски жанр. Имено, во рубриката „Македонија“ се пласира личен став изнесен на личен профил на една од социјалните мрежи.

Освен што, како што вели еден наш колега, „Фејсбук не е простор за новинарско самопослужување“, медиумската содржина се пласира во делот од порталот предвиден за вести и за информации од републиката. Таму нема место за мислења, а медиумот има, вусшност, предвидена категорија за изнесување лични ставови, односно колумни.

Кодексот на новинарите во членот 13 е сосема јасен:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

14793679_1429394030422707_750792583_nЛинк до оригиналниот напис: Камбовски и Фити ги нема во светската научна мисла, потребна темелна реформа на МАНУ

Датум и време на објавување: 17.10.2016 – 13:32

Датум на рецензирање: 18.10.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ПОДМЕТНУВАЊЕ

Освен ова подметнување на личен став во рубрика во која се очекува да се пласираат обејктивизирани, избалансирани информации, имаме уште неколку проблематични точки кои мора да се нотираат.

Преземената информација од личниот профил на тема научен профил на двајца членови на Македонската академија на науките и уметностите ја нема неопходната информација за кредибилноста на авторот на таа информација. Единствениот наведен атрибут е дека е тој пратеник (сега веќе, поранешен).

Можеби авторот на ова мислење има биографија достојна за да пишува и да „суди“ на оваа тема, но ние, читателите, тоа не го знаеме.

Тоа им дава право на читателите да се запрашаат со каков легитимитет се нуди овој автор да изнесува ваков став, а именуван е како пратеник. Зашто тоа веднаш нè наведува на мислата дека на овој начин медиумот го прекршува и членот 14 од кодексот, ако се знае дека двајцата апострофирани академици досега повеќепати настапувале со критички оценки за работата за досегашната власт.

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Зашто, веднаш следува прашањето зошто се издвоени само овие двајца академици, кога авторот и самиот вели дека во МАНУ има поголем број членови на кои можат да им се припишат истите „гревови“, односно дека немаат трудови со висок фактор на влијание во меѓународни научни лексикони.

Тоа нè доведува, всушност, до поентата и до намерата на овој личен став – да се изврши политичка пресметка со критичарите на власта. Според членот 16 од Кодексот, тоа на етичките доследни и професионални новинари не им доликува:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Но, од овој текст произлегува дека некому тоа не му е важно. Поважно е да се понижи, да се дискредитира инакумислечкиот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови