Цунами од конструкции
Објавено во Рецензии
on 11 - 02 - 2016 Автор: Александар Писарев
[Рецензија: Експертите се сомневаат во кредибилитетот на специјалната обвинителка]
Во медиумската кампањата, која оркестрирано се води против специјалната обвинителка Катица Јанева за да се дискредитира како личност, да се наруши кредибилитетот на институцијата на чие чело се наоѓа и со конструкции, измислици и со притисоци да се исплаши нејзиниот тим, тешко е да се одреди дали прилозите се вест во низа или кампањата против неа прераснува во „цунами“.
Линк до оригиналниот напис: Експертите се сомневаат во кредибилитетот на специјалната обвинителка
Датум и време на објавување: 06.02.2016, 20:19
Датум на рецензирање: 08.02.2016
Рецензент: Александар Писарев
ЕДЕН НЕ Е МНОЖИНА
Текстот во насловот најавува: „Експертите се сомневаат во кредибилитетот на специјалната обвинителка“. Според ваквата најава, логично е да се очекуваат повеќе слични мислења на темата што се обработува. Од не докрај содржинскиот прилог, првиот заклучок е дека еднина не може да биде множина, бидејќи се работи за издвоено мислење на само еден експерт. Ваквата манипулација се прави за читателите да се доведат во заблуда дека повеќе експерти сметаат дека
„Има некоја тајна врска меѓу раководството на Социјалдемократскиот сојуз и специјалната јавна обвинителка, вели политичкиот аналитичар Сотир Костов коментирајќи ги последните случувања на специојалното јавно обвинителство и изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во кои најавува какви активности ќе превзема Катица Јанева во пресрет на предвремените парламентарни избори. И станува јасно дека специјалната обвинителка се наоѓа под нечие влијание.“
СЕКОЈ Е НЕВИН ДОДЕКА НЕ СЕ ДОКАЖЕ ВИНАТА
Откако експертот го кажал своето мислење, авторот се надоврзува со свој коментар и констатира дека специјалното јавно обвинителство го тресат скандали, кои се резултат на кривични дела меѓу кои и корупција. Во текстот нема извор од каде му е информацијата, ниту има факти со кои би ја докажал евентуалната корупција.
„Специјалното јавно обвинителство изминативе денови го тресат и скандали поврзани со кривични пријави за непрофесионално однесување на обивнителите, нудење поткуп.“
Оваа информација е пласирана како да се работи за апсолутни факти, а за тоа нема никакви докази ниту навестувања дека има докази за нудење поткуп, кои ѝ се познати на редакцијата.
Искривоколчено е пренесена и изјавата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, од трибината во скопската населба Капиштец ( каде тој кажал дека од СЈО очекува само тоа што го очекуват и многумина граѓани), а потоа е ставена во контекст на неговата блиска релација со специјалната јавна обвинителка. Од неговиот говор е извлечен заклучок дека таа работи според инструкциите на опозициската партија и е под нивното директно влијание, што е шпекулација.
Информирајќи на ваков начин, прекршени се основните начела на професионалното новинарство и членовите 1 и 14 од Кодексот на новинарите на Македонија.
Член 1. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Член 14. Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови