Чуму расчепкување на веќе апсолвирано прашање?
Објавено во Рецензии
on 14 - 06 - 2016 Автор: Силвана Жежова
[Рецензија: Скандали се нижат во СЈО: Граѓаните и експертите сметаат дека Јанева и соработниците за неработа земаат огромни плати]
Текстот што е предмет на рецензијава ги третира платите на специјалните јавни обвинители, што е веќе апсолвирано прашање, бидејќи Собранието го изгласа и го одобри буџетот на Специјалното јавно обвинителство на 27 јануари годинава. Кога со 64 гласа „за“ и со еден „воздржан“ пратениците го усвоија предложениот буџет и ова прашање е решено на институционално ниво, останува да виси во воздух мислењето на граѓаните… Текстот ја „анализира“ платата на специјалните јавни обвинители само од аспект на бројка, за да прикаже дека тоа е превисока сума за институција која „ништо не работи“.
Линк до оригиналниот напис: Скандали се нижат во СЈО: Граѓаните и експертите сметаат дека Јанева и соработниците за неработа земаат огромни плати
Датум и време на објавување: 12.06.2016, 15:32
Датум на рецензирање: 13.06.2016
Рецензент: Силвана Жежова
ЕДНОСТРАНОСТ
Текстот е едностран бидејќи ја прикажува само едната страна од приказната за работата на Специјалното јавно обвинителство, односно се пишува само за платите на специјалните јавни обвинители. Кога веќе повторно се актуелизира ова веќе апсолвирано прашање, заради сеопфатност на текстот, потребно е да се наведе и описот на работни задачи на специјалните јавни обвинители, кои се нивните должности и која е целта на формирањето на оваа јавна институција. Исто така, знаејќи дека специјалните јавни обвинители и нивниот имот се под засилен безбедносен надзор, не е земен предвид ниту ризикот од извршувањето на задачите.
„Сумите кои ги заработуваат специјалните јавни обвинители и кои се движат, како што сами потврдија на последната прес конференција, од 2.500 до 3.000 евра плус надоместоци, се превисоки сметаат граѓаните“.
Во насока на дескридитација на работата на јавните обвинители, се посочуваат одговори на граѓани, кои очигледно мешаат „баби и жаби“. Специјалните јавни обвинители не се пазарат за своите плати по „завршена работа“, туку положуваат извештај за работата, а кој, меѓу другото, се однесува и за финансиите што ги трошат. Така, на 15 март специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до Собранието, Советот на јавни обвинители и до медиумите го достави извештајот за нејзината работа во првите шест месеци од основањето на СЈО. Од буџетот за 2015 година, Јанева потрошила 21 отсто, а другите, речиси 50 милиони денари, ги вратила во буџетот на Република Македонија. Во одговорите на граѓаните има и лични навреди кон обвинителката Јанева.
„Овие превисоки платите се плаќаат од нивен џеб, а не виделе никакви резултати од нивното работење. Според граѓаните кои ги анкетираше Канал 5 нелогично е специјалните обвинители да земаат трипати поголеми плати од докторите, кои како што велат секојдневно спасуваат животи. Еве дел од нивните одговори: Јас ако нешто не нацртам и не направам, не и зимам пари на странката.-Нивната плата премногу е висока спрема работата што ја работат премногу е.-Не да е превисока, таа не заслужува ни пола денар. Толку има вредност. Со 6,25 просек на факултет таа може да биде само писар“.
ПРИСТРАСНОСТ И КОМЕНТИРАЊЕ
Во обид за дискредитација на работата на СЈО, текстот што е предмет на рецензијава пишува и за парите кои се издвојуваат за експерти и за надворешни соработници, кои на оваа институција законски ѝ следуваат. Се изнесуваат имиња на соработници, за кои има обид да се стават во негативен контекст, а за кои од СЈО процениле дека со нивната професионалност, стручност и искуство можат да помогнат во нивната работа.
„Освен за нивните, државни плати се издвојуваат и за експерти и надворешни лица ангажирани од СЈО. Оттаму на последната прес-конференција обелоденија дека на нивниот платен список се Светомир Шкариќ и Александар Тортевски кои во јавноста гласно ги бранеа ставовите на СЈО и лично негираа соработка со оваа институција“.
Текстот е едностран, политички пристрасен и е еден од низата обиди да се дискредитира работата на Специјалното јавно обвинителство. Иако висината на платите на специјалните јавни обвинители е точна, во текстот за неа се пишува само од аспект на бројка, без да се земат предвид другите околности, односно работните задачи кои влегуваат во опис на работното место на овие обвинители.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови