verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Чудна анализа – без извори, факти, бројки и брз експертиза

on 7 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-105-analize_-nese-vijne-te-evn-se-tua-sh_-http___flaka-info_sq_analize-nese

 

Напис: АНАЛИЗА – Ако дојдат од ЕВН да ви ја исклучат струјата, повикајте полиција!

Обично доаѓаат да ви ја исклучат струјата со некој вид налог од компанијата што нема никаква вредност. Не претставува никаков законски документ!

Тоа што можете да го направите доколку ви тропнат на врата е да повикате полиција и да им побарате да се претстават. Потоа да ги предупредите за членот од Кривичниот законик, дека доколку ви ја допрат инсталацијата, може да ги тужите, вака гласаат законите консултирани од агенцијата за вести „Флака“.

Интересно е како е можно луѓето уште да не знаат дека никој нема право да им ја исклучи струјата. Можеби оваа одлука од Уставниот суд од 2007 година, со која тоа строго се забранува, едноставно била игнорирана.

Сега, речиси осум години, секој од највисоката правна институција во државава се прави наивен дека струјата е општо добро и дека е неопходна за преживување на обичниот човек. Ова е напишано таксативно, но никој не знае зошто никогаш не се применила во практика.

Без согласност од корисникот, никој не смее да го исклучи него од мрежата за снабдување со електрична енергија.

Технички, немаат право да ве исклучат дури и ако дозволите такво нешто, што се подразбира дека никој не би сакал. Ова не е само заклучок од Уставниот суд, туку е напишано и во закон.

Во Кривичниот законик пишува дека тој што ќе го уништи, оштети, измени, ќе го направи неупотреблив, тргне или попречи работењето на опремата за јавно користење вода, парно, гас, електрична енергија или некоја друга енергија, или на комуникациската опрема, и на овој начин ќе причини нарушување на нормалниот живот на граѓанинот, ќе биде казнет со казна затвор во времетраење од шест месеци до пет години. Во продолжение пишува и дека истото кривично дело од точките 1,2 и 3 од овој член се казнува со затворска казна од 3 години. /ФЛАКА

[Рецензија: „АНАЛИЗА – Ако дојдат од ЕВН да ви ја исклучат струјата, повикајте полиција!“]

Текстот што го рецензираме ги нема особините на една анализа. Кратко речено, наречен е анализа, но е површински напис кој не ги содржи ни најосновните факти неопходни за да може да се нарече барем и кратка вест, а не пак повеќе.

flaka-analize-nese-vijne-te-evn-se-tua-shkyqin-rrymen-thirrni-policine-1Линк до оригиналниот напис: „АНАЛИЗА: Ако дојдат од ЕВН да ви ја исклучат струјата, повикајте полиција!

Датум и време на објавување: 28.10.2016, 09:32

Датум на рецензирање: 03.11.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Обично, анализите се подолги од вестите, имаат повеќе извори, повеќе цитати, поголем број опфатени страни, имаат бројки и статистика, ги имаат потребните податоци за донесување заклучоци. Анализата е специјален поджанр на коментарот и таа е една од најсложените форми на новинарска работа која бара многу истражување.

Извори

Неоспорливи извори за трудот би требало да бидат барем директно вклучените страни во овој проблем. Во текстот нема индиции дека е остварен некој контакт со компанијата на која се однесува текстот. Не се цитира ниту еден загрижен жител од ваквата појава, кога ЕВН исклучува струја. Се спомнуваат надлежните институции, кои според авторот молчат со години, но не е побарана причината од нив за овој молк (ако вистината би била таква каква што ја прикажува авторот).

„Обично доаѓаат да ви ја исклучат струјата со некој вид налог од компанијата што нема никаква вредност. Не претставува никаков законски документ!

Тоа што можете да го направите доколку ви тропнат на врата, е да повикате полиција и да им побарате да се претстават. Потоа да ги предупредите за членот од Кривичниот законик, дека доколку ви ја допрат инсталацијата, може да ги тужите, вака гласат законите консултирани од агенцијата за вести „Флака“.

Интересно е како е можно луѓето уште да не знаат дека никој нема право да им ја исклучи струјата. Можеби оваа одлука од Уставниот суд од 2007 година, со која тоа строго се забранува, едноставно била игнорирана.“

Што со законите?

Никаде не се цитирани закони или членови од Кривичниот законик, туку само се кажува дека медиумот ги консултирал. Ова можело да се направи и преку еден правник, кој го познава добро прашањето и би можел да објасни за јавноста.

Коментари

Написот има голем број коментари, кои изгледа се одбрани за да ги заменат фактите. Но, ова не ѝ прилега на една вест.  Вака како што е, веста дава простор за сомнеж во вистинитоста и во сериозноста на текстот при третирање на ова прашање.

  • „Интересно е како е можно луѓето уште да не знаат дека никој нема право да им ја исклучи струјата…“
  • „… оваа одлука од Уставниот суд од 2007 година, со која тоа строго се забранува, едноставно била игнорирана.“
  • „…секој од највисоката правна институција во државава се прави наивен…“

Нормално е за вакви написи да има реакција од обвинетата страна, на која претходно не ѝ е дадена можност да се изјасни во објавениот новинарски труд.

Реакција од ЕВН

„Член 291 од Кривичниот законик гласи: Тој што ќе уништи, оштети, отстрани, измени или ќе ги направи неупотребливи инсталациите за јавна употреба и со тоа ќе предизвика значително нарушување на редовниот живот на граѓаните или стопанското работење, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години… Струјомерот не е јавна инсталација, туку е опрема во сопственост на дистрибутерот – ЕВН, со која се мери индивидуалното трошење на овие општи добра од страна на секое физичко или правно лице. Компанијата ЕВН поднела голем број кривични пријави во согласност со цитираниот член 291 од Кривичниот законик (КЗ) во случаи кога граѓаните, правните субјекти со нивните дејства ја оштетуваат дистрибутивната мрежа на ЕВН и причинуваат прекинувања на снабдување со електрична енергија на другите граѓани, правни субјекти.“

Можно е авторот да ја разбрал или погрешно да ја разбрал веста. Грешки се случуваат и во новинарската професија, но контактот со изворите во овој случај, би ги избегнал грешките.

Етички кодекс на новинарите упатува дека:

„Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори“;

„Моралната одговорност за неточноста на информацијата паѓа на новинарот и затоа е важно тој самиот да влијае и да обезбеди објавување демант, исправка или одговор во медиумот во кој информацијата е објавена, а чијшто автор е тој. На тој начин новинарот го штити и сопствениот интегритет, но и интегритетот на медиумот во кој работи.“ 

Реакцијата на ЕВН е објавена на порталот на весникот „Коха“, но „Флака“ не го објави иако има обврска за тоа. „Анализата“ е придружена со уште еден друг текст со реакции од граѓаните, што само ги зајакнуваат уште повеќе првичните оспорени тврдења на „Флака“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

ниедна страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови