verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Чуден „текст“, уште почуден наслов

on 24 - 02 - 2017       

exclusive 1

[Рецензија: Фото: Катица Јанева со кривична пријава против Латас]

 

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е проблематичен од неколку аспекти. Ова, всушност, воопшто и не е текст во вистинска смисла на зборот. Станува збор за  копија  од некакво барање за податоци кое, наводно, СЈО го доставило до неколку фирми. Ваквиот „документ“, за кој не е познато како и од кого е добиен, потоа е врамен со проблематичен и чуден наслов. И, тоа е сè!

exclusiveЛинк до оригиналниот написФото: Катица Јанева со кривична пријава против Латас

Датум и време на објавување: 09.02. 2017

Датум на рецензирање: 17.02.2017

Рецензент: Симона Атанасова

 

ЗБУНУВАЧКА ОБЈАВА

Насловот тврди дека Катица Јанева поднела кривична пријава против Драган Павловиќ-Латас.

Кога ќе се кликне на овој таканаречен текст, немаме никаква потврда дека тоа е навистина така. Како доказ е приложена копија од барањето за податоци што СЈО го доставило до неколку фирми. Никаде на овој наводен документ нема нешто поврзано со поднесување кривична пријава за одредено лице.

Како што може да се прочита, во овој „документ“ е наведено:

„Потребно е да ни овозможите увид и обезбедување на целокупната документација за отварање на сите сметки (денари и девизни), движење на сметките во електронска форма (excel формат), како и преглед на блокади на сметките за правните лица:

-Медиамакс Дооел,

-Тотал медиа центар Дооел и

-Максмедиа лтд дооел“.

Според тоа, воопшто не е јасно како е дојдено до заклучокот дека кривична пријава ќе добие, ни помалку ни повеќе, туку баш Драган Павловиќ-Латас, како што се тврди во насловот.

Нема ниту еден податок односно потврда како овие фирми се поврзани со Латас. Дури и да се поврзани, нема објаснување како барањето за податоци е поврзано со кривична пријава.

Исто така, погрешно е тврдењето дека СЈО може да поднесе кривична пријава. Имено, кривична пријава се доставува до јавен обвинител, а не поднесува јавниот обвинител.

Овде, евентуално, може да станува збор за некаква предистражана постапка што ја врши СЈО за подигнување обвинителен акт за одреден случај.

Според Законот за кривична постапка, јавниот обвинител води кривична постапка за сторено кривично дело по непосредно забележување, по допрен глас или по примена кривична пријава.

Член 273

Пријавување кривични дела
(1) Сите државни органи, јавни претпријатија и установи се должни да ги пријават кривичните дела за кои се гони по службена должност за кои се известени или за нив дознале на друг начин.
(2) Поднесувајќи ја пријавата, пријавителите од ставот (1) на овој член ќе ги наведат и доказите што им се познати и ќе преземат мерки за да се зачуваат трагите од кривичното дело, предметите што се употребени во неговото извршување или настанале од извршувањето и други докази.
(3) Секој може да пријави кривично дело кое се гони по службена должност.
Член 274

Поднесување на пријава
(1) Кривичната пријава се поднесува до надлежниот јавен обвинител, писмено или усно, телефонски, по електронски пат или со употреба на други технички средства и начини.
(4) Ако кривичната пријава е поднесена до полицијата, до судот или до ненадлежен јавен обвинител, тие ќе ја примат пријавата и веднаш ќе ја достават до надлежниот јавен обвинител.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

несоодветна

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови