verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Целосна дезинформација

on 24 - 01 - 2017       

ohrid 1

[Рецензија: ОХРИД СОС БАКРАЧЕСКИ И ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО ДПМНЕ ДА НЕ ОДАТ НА ВОДИЦИ]

 

Коментаторски вовед во непроверена информација е далеку од рецепт за професионална објава. Во овој напис не се почитува основното новинарско правило кое се однесува на проверка на точноста на информациите (имајќи предвид дека има демант на објавата). Исто така, се редат формулации насочени кон дискредитација на субјект кој очигледно не е прашан за став како за актуелноста за која се пишува, така и за други работи за кои истиот се обвинува без докази.

Охрид СОС БАКРАЧЕСКИ И ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО ДПМНЕ ДА НЕ ОДАТ НА ВОДИЦИЛинк до оригиналниот напис: ОХРИД СОС БАКРАЧЕСКИ И ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО ДПМНЕ ДА НЕ ОДАТ НА ВОДИЦИ

Датум и време на објавување: 17.01.2017

Датум на рецензирање: 23.01.2017

Рецензент: Александар Пешев

 

 

ПРОВЕРИ, ПА ОБЈАВИ

Прво правило во новинарството е да се провери изворот на информацијата. Евидентно е дека во овој случај не е направен обид за проверка на оваа информација, особено ако се има предвид дека организацијата посочена во написот ги демантира информациите пренесени во нејзино име:

„Овие написи се лажно доставени во име на Охрид ЅОЅ во обид да се руши угледот на Иницијативата и да се манипулира со јавноста“.

Интегрално или пренесување на делови од соопштенија се врши само доколку истите потекнуваат од сигурен извор, објавени се на официјална интернет-страница на организација или испратени се од портпарол или друг претставник на субјектот за кој се пишува. Впрочем, ваквата обврска е децидно наведена во Кодексот на новинарите и тоа во првиот член:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (член 1)

Вадењето во наслов на делот од непровереното соопштение што се однесува на ВМРО-ДПМНЕ, создава сомнеж за политичка пристрасност на објавата. Наместо да се провери врз која основа е констатирано дека скокање во водите, наводно, било „штетно од еколошки аспект“, непроверената информација се пренесува интегрално, а случајно или не, токму делот кој се однесува на ВМРО-ДПМНЕ се издвојува за наслов.

Коментарите што се употребуват како вовед во текстот само го зајакнуваат сомнежот за политичка пристрасност и создаваат впечаток за антагонистички пристап  кон организацијата, што повторно не е во согласност со професионалните обврски за непристрасност.

„После привидот и објавувањето лажна вест дека се гради хотел со 1600 легла, навредите дека населението во Охрид е неедуцирано, и ред други чудни изјави, дојде и соопштение за Водици“.

Ова се неиздржани тврдења поради тоа што:

  • Не е работа на граѓанска иницијатива да објавува вест;
  • Ако иницијативата се прозива дека во јавноста пласирала дизинформација, тогаш надлежните се должни да демантираат, а медиумот треба преку надлежните да ја провери информацијата;
  • Недостига линкување или барем дополнителни информации кои би докажале за какви наводни навреди станува збор и кога и како граѓанската инциијатива го изнела тврдењето дека населението во Охрид е неедуцирано;
  • Кои се тие ред други чудни изјави и како е утврдено дека истите се чудни?

Текстот прави вовед со употреба на неиздржани тврдења и формулации кои се јасно насочени кон дискредитација на прозваниот субјект и тоа е евидентно во следнава реченица:

„Од неформалната и правно никаде нерегистрирана така наречена Иницијатива Охрид ЅОЅ бараат да не се фрла крст за Водици бидејќи се наштетувало на езерото“.

Веќе следната реченица, која вели дека „Охрид води политика да не објавува ставови на оваа непостоечка и крајно несериозна творевина…“, претствува јасна навреда и ги остава отворени прашањата: Како е утврдено дека е непостоечка и несериозна „творевината“ и зошто се употребуваат вакви изрази со виден негативен набој? Ваквите формулации во комбинација со политичка пристрасност, непроверените информации и несеопфатниот пристап во известувањето го прават написот непрофесионален и неуслогласен со новинарските стандарди.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистинита информација

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови