Цело е кога има втора страна
Објавено во Рецензии
on 16 - 02 - 2017 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: (ВИДЕО) Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра]
Текстот што е предмет на оваа рецензија има проблем со веродостојноста. Не е консултирана втората страна, а нема ниту поткрепа на тврдењето кое е содржано во насловот, дека „директорката на еден од државните Студентски домови со сила спречила снимање за долг на домот од 70 илјади евра“. Изворите се еднострани, а тоа не е доволно за читателите да добијат целосна и јасна слика за напишаното.
Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра
Датум и време на објавување: 14.02.2017
Датум на рецензирање: 16.02.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
„Даниел Пауновски од Скопје не може да наплати над 70 илјади евра од Државниот студентски дом Скопје, па сега дури и забранет му е влезот за да ги бара парите. Директорката на домот, Даниела Темелкова денеска пушти обезбедување за екипата на А1он која го снимаше Пауновски, со образложение дека не смее да се снима на тротоарот пред домот, зошто тоа било нивна сопственост“.
Написот содржи две клучни информации. Првата е дека споменатиот Пауновски не можел да си го наплати долгот од повеќе од 70.000 евра од Државниот студентски дом Скопје. Втората информација, која е нагласена и во насловот, е дека директорката на домот не дозволила да се снима прилогот и испратила обезбедување да ја избрка новинарската екипа.
Проблемот во овој новинарски производ е што ја нема втората страна во приказната, директорката на домот, а нема ниту доказ дека таа го забранила снимањето на Пауновски.
Кога некој се обвинува за нешто, правилно и професионалано е да се побара негова изјава. Ако во случајов била побарана изјава од надлежните во студентскиот дом и ако биле одбиени, тоа требало да се напише.
Понатаму, ако е точно дека директорката била тука и ги бркала од тротоарот, зошто тогаш не била искористена можноста да ѝ биде побарана изјава? Зошто тој настан не е снимен?
Вака пренесен написот е нецелосен и не е веродостоен. Изворите во него се еднострани, што ја доведува во прашање вистинитоста на изнесеното.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
Не може да се утврди
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови