Рецензии

Навреди, вулгарности и омраза во само една реченица!

на 18. 07. 2016 | | sq

[Реценција: (ФОТО) ВО ОЛКУ МНОГУ ИСФРЛЕНО ТУМОР И ЛАЈНА НА ЕДНА МАСА НЕМА НИ ВО НАЈГОЛЕМИТЕ СЕПТИЧКИ ЈАМИ И КОНТЕЈНЕРИ ПО ИЗВРШЕНА ПАТОЛОШКА АНАЛИЗА]

    Објавата е надвор од сите новинарски стандарди, не само според формата, туку и според речникот што се користи. Во само една реченица, може да се забележи повеќекратно кршење на професионалните новинарски стандарди.
Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) ВО ОЛКУ МНОГУ ИСФРЛЕНО ТУМОР И ЛАЈНА НА ЕДНА МАСА НЕМА НИ ВО НАЈГОЛЕМИТЕ СЕПТИЧКИ ЈАМИ И КОНТЕЈНЕРИ ПО ИЗВРШЕНА ПАТОЛОШКА АНАЛИЗА  Датум и време на објавување: 14.07. 2016 Датум на рецензирање: 18. 07. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПРИМИТИВИЗАМ

Употребата на терминот „новинарски напис“ за објавата што ја рецензираме е сосема несоодветна бидејќи речникот кој е

Ниту докази, ниту извори

на 18. 07. 2016 | | sq

[Рецензија: Експресно отстранет коментарот против ЛДП]

  Написот што е предмет на оваа рецензија наликува на коментар оставен под некој статус на социјалните мрежи, а не на новинарски текст. Ништо во оваа објава не е јасно, таа само создава конфузија кај читателите. Линк на оригиналниот напис: Експресно отстранет коментарот против ЛДП Датум и време на објавување: 14.07.2016 Датум на рецензирање: 18.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

КАША – ПОПАРА

„Незнаеме зошто но Ивон Величковски експресно го повлече коментарот од fb профилот на Либералната партија, со кој раководството на ЛДП беше обвинето дека се мафијаши и хохштаплери“. Ова, по некоја логика, треба да биде веста во текстот. Од овој пасус се извлекува заклучок дека, наводно, лидерот на ЛП, Ивон Величковски, прво искоментирал

Текст загубен меѓу грчките плажи и брендираната гардероба

на 18. 07. 2016 | |

[Рецензија: СДСМ не сака договор – Заев замина на плажа во Грција]

Ова несомнено е шпекулативен и коментаторски материјал, медиумски производ што не ја крие својата пристрасност и едностран пристап кон политичката ситуација. Желбата е јасна – да се пофали владејачката партија за конструктивност, а да се прекори опозицијата како неволна за компромиси, како размазен политички субјект подготвен само за блокади… Ете го и спин-моментот. Значи, присутни се безмалку сите елементи кои во последниот период ги красат текстовите кои како да се координирани од извесен центар за комуникации.  Линк до оригиналниот напис: СДСМ не сака договор – Заев замина на плажа во Грција  Датум и време на објавување: 15.07.2016,  15:54  Датум на рецензирање: 17.07.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

А

Војна или вежба, можете ли да разликувате?

на 18. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Близок контакт меѓу војниците на Косово и Македонија, имаше и „истрели“

Кадети на безбедносните сили на Косово 10 дена вежбаа заедно со војници од 13 светски држави. Во Криволак во Македонија тие вршеа вежби заедно со армиите на САД, Велика Британија, Турција, Словенија, Романија, Италија, Албанија, Македонија и на други земји. Истрели имало, но само со маневарски оружја, во функција на заедничките вежби. Воената вежба „Летен камп 2016“, пренесува КП, завршила денеска. Војниците на земјите учеснички ги демонстрираа нивните способности за тоа што го вежбаа десет дена. Директорот на Управата на операции и обука на БСК, Зумер Халими, рече дека оваа активност, која од 2010 година станала традиција, е многу важна бидејќи на кадетите на БСК им се

Анкети и експерти на услуга

на 15. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Рејтингот на Груевски повисок од сите опозициски политичари заедно]    Каква е целисходноста на објавување резултати од стари анкети? Уште повеќе, каква намера се открива кога во една медиумска содржина се објавуваат само коментари поврзани со тие анкети, без да се добие јасна слика за што станува збор, бидејќи нема јасни бројки и статистички податоци врз основа на кои може да се препознаат трендови и да се споредат параметри? Вакви прашања предизвикува текстот што го рецензираме. И бидејќи самиот текст не нуди одговори на овие прашања, тогаш останува контекстот или мотивацијата, на ваков начин да се коментираат нецелосни, несеопфатни и неиндикативни резултати. Мотивацијата се открива во изјавата на соговорникот од кој се побарани коментари и кој во еден дел

Насловот „сам себе го убил“

на 15. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Рецензија: Анализата докажа – Владица ја убил и Јелена]

  Овој производ е класичен пример за дисфункционална врска меѓу насловот и содржината на написот. Пласирана е бомбастична информација во насловната конструкција, која нема поткрепа во текстот. Со други зборови, насловот e дезинформација.    Линк до оригиналниот напис: Анализата докажа – Владица ја убил и Јелена  Датум и време на објавување: 13.07.2016, 17:36  Датум на рецензирање: 15.07.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    „АНАЛИЗАТА ДОКАЖА“ – ЗАСТРЕЛАНА ВИСТИНИТОСТ Желбата за сензационалност, односно за повеќе кликнувања, ја „застрелала“ вистинитоста на материјалот. Познато е дека насловот е тоа што прво го привлекува вниманието на читателот. Оттука, кроењето насловни конструкции бара внимателност и чувство за балансирање меѓу атрактивното и вистината, за да не се загуби курсот

Коментари маскирани во статија

на 15. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: ПРОВОКАЦИЈА: Полицајци напуштија обука, од ОБСЕ им подметнале хулиган за предавач]

    Текстот кој е предмет на оваа рецензија содржи низа коментари, без никакви аргументи, а нема ниту извори. Написот има цел да дискредитира еден од поддржувачите на „Шарената револуција“.     Линк до оригиналниот напис: ПРОВОКАЦИЈА: Полицајци напуштија обука, од ОБСЕ им подметнале хулиган за предавач Датум и време на објавување: 12.07.2016, 22:12 Датум на рецензирање: 15.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   АХ, ТИЕ „ПОДМОЛНИ“ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОБСЕ… „Претставниците на ОБСЕ денеска добија ладен туш, откако подмолно се обидоа на полициските службеници да им подметнат како предавач лице кое е неколкукратно пријавувано за сериозни нарушувања на јавниот ред и мир и кое изминативе месеци редовно ја предводи

Еднострана „анализа“ за еврообврзницата

на 15. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: Еврообврзница ќе внесе свеж капитал во стопанството]

Текстот што е предмет на рецензија е едностран бидејќи ги презентира ставовите на експертите кои на некој начин го оправдуваат новото задолжување на државата со еврообврзницата со рекордни 650 милиони евра. Во него воопшто не се зема предвид и другата страна, односно реакциите на политичките партии, аналитичарите, коморите, кои предупредуваат на негативните последици од преголемото задолжување. Во оваа анализа, изнесени се ставови на аналитичари кои се за задолжувањето, а отсуствуваат аргументите против, и оттука станува збор за текст што е несеопфатен и пристрасен.   Линк до оригиналниот напис: Еврообврзница ќе внесе свеж капитал во стопанството Датум и време на објавување: 13.07. 2016, 08.43 Датум на рецензирање: 14.07.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

Сечено, лепено, монтирано спинување

на 15. 07. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Хулиганите на СДСМ и СОРОС се тепаа меѓу себе]

Написот етикетира и коментира за да прикаже поинаква реалност. Во ниту еден дел нема наведен извор, а снимката што е прикажана е нејасна и не може да се утврди ниту каде е снимена, ниту кога, а со тоа тврдењата што се изнесени не можат да бидат поткрепени.     Линк до оригиналниот напис: Хулиганите на СДСМ и СОРОС се тепаа меѓу себе Датум и време на објавување: 27.06. 2016, 22:06 Датум на рецензирање: 12.07.2016 Рецензент: Димитар Тануров   КОМЕНТАР СО ПОЛИТИЧКА ЦЕЛ Насловот и поднасловот на написот се коментаторски, а со тоа се навестува дека нема професионална дистанца при информирањето. „Хулиганите кои протестираат во име на СДСМ

Манипулација врз „манипулацијата“

на 15. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Манипулацијата на Ахмети со „смрзнатата насмевка“ во 2015

Продолжуваат манипулациите што ДУИ и нејзиниот лидер, Али Ахмети, им ги прават на Албанците. По денешната средба на Ахмети со високата американска функционерка Викторија Нуланд, на неговиот официјален профил и во медиуми се лиферува една фотографија, наводно од денешната средба со Нуланд, известува „Факте“. На фотографијата може да се видат двајцата соговорници насмеани, дури на беџот на градите на Ахмети пишуваше „ВИП“, а се разбира, не недостигаа ниту стихови за тоа „колку сјајно поминала средбата…“. Но, всушност, на Албанците им се приложи уште една манипулација во редицата секојдневни манипулации. Фотографијата што наводно беше направена денеска, беше истата фотографија од лани (13 јули 2015 г.), која, исто така, беше објавена на