Рецензии

Сензационализмот за „лек“ е опасен отров

на 21. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СОК КОЈ ГО УБИВА РАКОТ: Готов за само неколку минути]

Сензационализмот во текстови за човековото здравје и за третирање медицински состојби е неодговорен и штетен. Не е етички медиумите да шират информации за наводни откритија на лекови, што создаваат лажна надеж. Тоа може да има далекусежни последици врз пациентите, па дури и да ги натера да престанат со својата препишана терапија од лекар. Одговорното новинарство се базира на факти кои се докажани. За жал, формулациите користени во овој текст не му даваат на читателот основана причина да поверува во нивната веродостојност.     Линк до оригиналниот напис: СОК КОЈ ГО УБИВА РАКОТ: Готов за само неколку минути Датум и време на објавување: 19.04.2016, 08.40 Датум на рецензирање: 20.07.2016

Извртување на вистината за да се оцрни СЈО

на 21. 07. 2016 | |

 [Рецензија: Катица Јанева продолжува со обидите незаконски, преку политички спектакли да го урива угледот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ]

  Насловот, но и текстот што е предмет на рецензија е спин, бидејќи ја извртува вистината за улогата на Специјалното јавно обвинителство во однос на предметите што ги опфаќа. Без никакви докази, СЈО се обвинува за режирање на „политички спектакли“ преку кои, наводно, се урива угледот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, наспроти ваквото тврдење за СЈО и за случајот за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, стои фактот дека тој беше во куќен притвор, мерка што му ја одреди Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Тој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Но, за овој случај,

Спин скриен зад божемната грижа за прислушуваните

на 20. 07. 2016 | |

[Рецензија: САД и ЕУ притискаат за Јанева, но не и за криминалот врз 20.000 граѓани]

  Кога главната теза на текстот е манипулативна и во основa дезинформација, тешко дека за тој текст може да се даде дури и преодна оценка. А, токму таков е текстот што е предмет на оваа рецензија. Иако може да се каже дека се работи за занаетски коректно изработен осврт на актуелна политичка тематика, уважувајќи го правото на новинарот и на редакцијата да застапуваат конкретни политички ставови и мислења, сепак не може да се занемари фактот дека на читателите на таков начин им е поттурена невистина, со нескриена намера да се влијае на јавното мислење во склад со пропагандниот дискурс на владејачката политичка гарнитура. Линк до

Чаршиски муабет!

на 20. 07. 2016 | | sq

[Рецензија: Ивонче милионче извисила- непожелна за уредник на Дневник ?!]

  Материјалот што го рецензираме е шпекулативен и коментаторски, не е поткрепен со никакви факти или изјави, поради што повеќе наликува на чаршиски муабет, отколку на новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: Ивонче милионче извисила- непожелна за уредник на Дневник ?!  Датум и време на објавување: 17.07. 2016 Датум на рецензирање: 19. 07. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ОЗБОРУВАЊЕ

Самиот наслов навестува дека текстот ќе биде етикетирачки и коментаторски. Во ниту еден дел од оваа објава не се наведува изворот на наводната информација, поради што се доведува во прашање нејзината вистинитост. Написот повеќе наликува на озборување. Во него нема никаква потврда на изнесените тврдења, не се побарани изјави ниту од

Шпекулативна и навредлива објава

на 20. 07. 2016 | |

[Тепачки, закани и кавги меѓу СДСМ и СОРОС – Ова е нивниот список за уредник на МРТВ]

  Измислици, шпекулации, коментари и навреди се елементите што го сочинуват овој напис. Без ниту еден доказ и потврда од која било засегната страна, во текстот се набројуваат еден куп новинари кои, наводно, биле на список за главен уредник на јавниот радиодифузен сервис, а притоа им се лепат разни епитети за нивна дискредитација. Линк до оригиналниот напис: Тепачки, закани и кавги меѓу СДСМ и СОРОС – Ова е нивниот список за уредник на МРТВ Датум и време на објавување: 14.07.2016, 07:34 Датум на рецензирање: 19.07.2015 Рецензент: Симона Атанасова  

А ДОКАЗИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА?

„Она што досега е договорено е одговорниот уредник во Јавниот

Сензационализам што го гази достоинството на загинатите

на 19. 07. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Кичево во шок, две деца останаа без мајка – Сведоштва за трагедијата]

  Текстот што е предмет на рецензија пишува за сообраќајната несреќа што во саботата приквечер се случи на патот Гостивар – Кичево, во која животот го загубија тројца патници, чиј идентитет во текстот е откриен. Станува збор за граѓани на Кичево, кои не се јавни личности и нивните имиња и презимиња не требало да бидат објавени. Според членот 8 од Кодексот на новинарите на Македонија, „начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми“. Овој текст уште во самиот наслов, „Кичево во шок, две деца останаа без мајка – Сведоштва за трагедијата“, содржи

Не се сите експерти за верување

на 19. 07. 2016 | | sq

[Рецензија: Избори на 11 декември – СДСМ со план за продолжување на кризата]

  Ако се земе како пример оваа медиумска содржина, од неа можат да се извлечат една добра и една лоша новинарска практика. Добрата ја илустрира ситуацијата дека кога се земаат податоци од анонимни извори, тоа треба да се прави во рамките на она што е прифатливо од таквите извори: информациите од нив да бидат на ниво на факти и на навестувања што произлегуваат од нив. Најважно од сѐ, кога веќе мора да останат анонимни, е да има некоја гаранција дека се работи за извори што се непосредни „иматели“ на тие информации, односно факти што ги соопштуваат непосредните актери на процесите од кои произлегуваат тие информации. Она што

Кога непромислениот говор станува навредлив

на 19. 07. 2016 | | sq

[Рецензија: Невестата го остави вереникот за време на церемонијата, но добро обрнете на нејзините раце]

  Написот, според неговата содржина, е несоодветно категоризиран, има наслов што остава погрешен впечаток, а истовремено, сакајќи да биде повпечатлив, запаѓа во замката да биде сфатен двосмислено и да испрати навредлива порака. Линк до оригиналниот напис: Невестата го остави вереникот за време на церемонијата, но добро обрнете на нејзините раце Датум и време на објавување: 14.07. 2016 Датум на рецензирање: 18. 07. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ВАЖНИ СЕ САМО КЛИКНУВАЊАТА

„Бритни е преубава невеста која за жал е глува но исто така и е многу страствена кога е заковниот јазик во прашање. За време на свадбената церемонија, Бритни одлучила со својот иден сопруг да

Текст што поттикнува насилство

на 19. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ во очај: Се потсмева на жрвите во Турција и повикува на крвави вооружени пресметки во Македонија]

  Текстот што е предмет на рецензија поттикнува насилство, неосновано обвинувајќи ја најголемата опозициска партија дека повикува  „на крвави пресметки во Македонија и слика исто како во Турција“. Истовремено, СДСМ  е обвинет и дека се „потсмева на жртвите“, алудирајќи дека го посакува истото на сопствениот народ. Насловот, како  и написот, не нудат никакви докази во оваа насока, освен статуси на лица активни на социјалните мрежи, кои се наменски и паушално толкувани (инаку, некои од нив воопшто и не се членови на оваа партија). Настрана тоа што  нивните поединечни статуси без разлика дали некои од личностите имаат партиска припадност, не

Коментарите од социјалните мрежи не се релевантни за вест

на 19. 07. 2016 | | sq

Напис: Аналитичарот од Дебар ги провоцира Албанците од Скопје, Тетово и од Куманово, го фали Ахмети!

Аналитичарот од Дебар, Артин Спахиу, познат и по тоа што во еден напишан ред става најмалку две пофалби за ДУИ, силно ги провоцира Албанците од Скопје, Куманово и од Тетово. Тој претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го нарече „лидер на визијата“, иако за време на учеството на ДУИ и на Али Ахмети во владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во Скопје се случи убиството на Харун Алиу со другарите и случајот „Монструм“, во Куманово се случи предавството на 9 и на 10 мај и убиството на командант Шќипоња (кумановци и ден-денес не го прифаќаат Али Ахмети во нивниот град), додека пак во Тетово се случи „Југохром“,