Рецензии

Дезинформирање и создавање паника

на 10. 08. 2016 | |

[Рецензија: ПРЕКУ 50-ТИНА ЖРТВИ ОД СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ??]

  Напис без текст!  Со невидена леснотија пласирање непроверени информации, дезинформирање на јавноста, создавање паника и конфузија кај читателите. Писание конструирано без трошка одговорност, само со принтскрин од нечиј фејсбук- статус, без никаква содржина, објаснување или проверка на податоците кои се споделени во статусот. Линк до оригиналниот напис: ПРЕКУ 50-ТИНА ЖРТВИ ОД СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ?? Датум и време на објавување: 07.10.2016 Датум на рецензирање: 10.08.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ОД ЧОВЕЧКИ ТРАГЕДИИ

Статусот, пак,  шпекулира со една многу сензитивна тема – бројот на жртви од поплавата што го зафати Скопскиот Регион пред неколку дена. И наместо да се провери напишаното на „Фејсбук“, написот сензационалистички ја дезинформира јавноста и

Интересот на партијата пред интересот на граѓаните

на 10. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: Груевски во посета на Лисиче во општина Аеродром]

Текстот што го рецензираме го става во преден план интересот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а не јавниот интерес и интересот на граѓаните. Централната тема се поплавените подрачја, меѓу кои и деловите на општината Аеродром, но во текстот нема факти за актуелната ситуација во овој дел од градот, туку акцентот е ставен на посетата на партиско-општинската делегација на овој дел од Скопје и на ветувањата што „партијата-општина“ во таа пригода им ги дала на локалните жители. Притоа, локалните жители и штетите ги нема никаде. Со тоа е прекршено општото начело на новинарската професија, новинарот во секоја пригода да го штити јавниот интерес и да не го запоставува интересот на граѓаните.  

Малите трикови на мајсторите на ловот за кликнувања

на 10. 08. 2016 | | sq
 

Напис: Објавена нова „бомба“ за вработувањата со мито во администрацијата 

Човекот што ја држи во живот силата во заднина на моќната ДПК е Адем Грабовци. Ги координира сите нелегални активности на партијата. Сите му се молат за услуги. Тој одговара само на двајца: Хашим Тачи и Кадри Весели. Адем Грабовци сите го викаат „шеф“. Таков е со дела кога станува збор за злоупотреба на службениот авторитет. Неговата сила и на структурата на Демократската партија на Косово се докажува со една серија телефонски прислушувања што ги обезбедил инсајдер. Само за два месеци, ноември – декември 2011 година, тој вработил стотици луѓе, избрал десетици претседатели и членови на одбори, директори на претпријатија и независни агенции.  

[Рецензија: Објавена нова „бомба“ за

Медиумско релативизирање на катастрофата

на 10. 08. 2016 | |
[Рецензија: Никој не е имун на водената стихија – поплавите однесоа голем број жртви во регионот и пошироко] Во потрага по смислата на оваа објава, тргнуваме од нејзината содржина и структура. Но, не очекувајте премногу. Ако сте трпеливи и да ја прочитате или да ја одгледате докрај оваа долга колона од букви, бројки и од фотографии, на крајот ќе се соочите со единствениот можен заклучок: оваа содржина нема никаква смисла. Освен една: На денот кога граѓаните очекуваа најмногу реални, објективни информации за катастрофата што се случи во неколку населени места околу Скопје, да се испорача и содржина што ќе ја релативизира катастрофата и ќе ја одложи, прикрие, замагли одговорноста бидејки „не ни се случува само нам, туку насекаде и не

Една фотографија и многу шпекулации

на 9. 08. 2016 | |

[Рецензија: Дали Заев и шпионот Верушевски синоќа во „Пелистер“ договараa нова криза ?]

  Крајно шпекулативно четиво кое наместо да ѝ нуди одговори на јавноста, поставува низа прашања проткаени со коментари. Вкупниот впечаток е дека материјалот не само што не успева да одговори на професионалните предизвици при креирање веродостоен напис, туку како и самиот да потврдува дека е продукт на политичко-партиски интерес, а не на реална медиумска потреба.  Линк до оригиналниот напис: Дали Заев и шпионот Верушевски синоќа во „Пелистер“ договараa нова криза ? Датум и време на објавување: 05.08.2016,  19:51 Датум на рецензирање: 09.08.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЗАГОВОРНИЧКО СЦЕНАРИО 

 Средба, се согласувам интересна, е искористена како лајт-мотив за пласирање исклучително проблематични тези кои ни оддалеку не се докрај

Морбидна трка за пребројување на жртвите

на 9. 08. 2016 | |

[Рецензија: Бројот на жртвите во Стајковци и околината се искачи над 50]

  Куса вест која заслужува и куса рецензија: веста е невистинита, непроверена и дезинформира, а ги нема ниту основните елементи што се неопходни за една вест. Линк до оригиналниот напис: Бројот на жртвите во Стајковци и околината се искачи над 50 Датум и време на објавување: 7.08.2016 Датум на рецензирање: 8.08.2016 Рецензент: Југослава Дуковска  

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

„Според информациите од терен кои ги добиваме дознаваме дека бројката на жртвите значително расти. Во овој момент бројката на жртвите погинати од невремето во Скопје и регионот изнесува околу 50“. Пред сè, веста е неточна. Официјалните информации веќе во времето на објавување на оваа вест беа дека има околу 20 жртви на

Политички „баба роги“ во (не)новинарските глави

на 8. 08. 2016 | |

 

[Рецензија: Се подготува нова криза? Заев и Верушевски на средба во „Пелистер“]

Пристрасното политичко новинарство лесно се открива бидејки таа страст, со оглед на отсуството на рационалност и на реалност, се открива во мотивацијата што не може да се покрие со принципите на професионалното и етичко новинарство. Ако ја земеме за пример медиумската содржина што ја рецензираме, за да го поткрепиме ова тврдење, добиваме аргумент веднаш – целата острастена, политички определена намера, се открива во импровизираната, со ништо непоткрепена, една и единствена реченица што има „новина“ во себе: „Зоран Заев, лидерот на опозицискиот СДСМ, и Зоран Верушевски, неговиот близок соработник синоќа во центарот на Скопје се сретнаа во ресторанот ’Пелистер’.“ Само врз основа на оваа „вест“ е креиран цел

Клеветничка чорба од само една состојка!

на 8. 08. 2016 | |
 

[Рецензија: Каде што Сорос дава пари, таму нема мир!]

  Во централната рамка на овој кампањски текст со многу извртени тези и парцијални оценки, со кој на крајот со крајна тенденциозност треба да се дискредитират и домашни невладини организации и фондации, ставен е американскиот бизнисмен Џорџ Сорос, прикажан како „најголемото зло“ на планетата и „креатор на дестибилизација на државите, рушења на владите, предизвикувач на војни и секако – организатор и финансиер на „Шарената револуција“ во Македонија“. Притоа, фактите се загубени во неосновани квалификации, а изворот на кој текстот се повикува е нерелавантен, несигурен, едностран и отворено антиамерикански.

Линк до оригиналниот напис: Каде што Сорос дава пари, таму нема мир! Датум и време на објавување: 05.08.2016 14:53 Датум на рецензирање:

За расплаканите икони и линкот со новинарството во 21 век!

на 8. 08. 2016 | |

[Рецензија: Чудо на големиот празник Свети Илија: Заплакаа иконите во манастир]

  Како се случило вестите за „расплакани“ икони во некој манастир на верски празник, кои порано евентуално би биле поместени во рубриките насловени „Занимливости“ или слично, да го најдат местото во сериозните рубрики? Одговорот веројатно бара продлабочена анализа, но токму ваква вест си го најде местото во рубриката наменета за вести од Балканот, рамо до рамо со информациите за политичката состојба во Турција, со интервјуто на грчкиот министер за внатрешни работи или со веста за голем пожар во едно популарно грчко летувалиште. Сепак, несоодветниот пласман на ваква информација е помалиот проблем – самата вест има проблем со исполнувањето на основните критериуми за една новинарска вест – не е наведено

Новинарството треба да алармира за виталните прашања со факти и со целосни информации!

на 5. 08. 2016 | | sq

Напис: Аларм: Водата во Тетово загадена од отпадните води

Тетово има проблеми со водата за пиење и во повеќето случаи има рестрикции. Сега, Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, потврди, дека во водата во Тетово може да се најдат отпадни води и оваа вода е забранета за пиење, пренесува „Телеграфи Македонија“. „Водата од резервоарите во Тетово е загадена со отпадни води и треба постојано да се дезинфицира за да не дојде до загадување со микроорганизми. Сугерираме дезинфекција и хлорирање на водата“, рече доктор Ратко Давидовски, специјалист за здравствена хигиена и екологија во Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово. Од Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, не информираат кога ќе се дезинфицираат и ќе се исчистат резерварите за вода од кои