Рецензии

Сензационалистички и непроверени детали од лидерската средба се „продаваат“ како ексклузивност

на 14. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ОД ЛИДЕРСКАТА: Заев бил отсутен, Дескоска била суфлер!] Овој текст во кој се изнесени наводни ексклузивни детали од лидерската средба, нема никаква врска со професионалното новинарско известување, туку личи на приказна раскажана пред маалска продавница.
Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ОД ЛИДЕРСКАТА: Заев бил отсутен, Дескоска била суфлер! Датум и време на објавување: 13.5.2020 Датум на рецензија: 13.5.2020 Рецензент: Симона Атанасова Средбата на лидерите на политичките партии кај

Нејасна споредба меѓу Македонија и Кина

на 14. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Македонија има трипати повеќе активни болни од Кина, состојбата се стабилизира откако многу новозаразени заболеле на погреб во Тетово и семеен настан во Скопје] Текстот што го рецензираме има несоодветен и нејасен наслов. Имено, во насловот се прави споредба меѓу Македонија и Кина во поглед на бројот на активни заразени случаи со коронавирус, а за ваквата споредба во текстот нема никакво објаснување.
Линк до оригиналниот напис: Македонија има

Министерот Филипче го има часовникот уште од 2013 година

на 13. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: ФОТО: Филипче со часовник вреден 5 илјади евра] Рецензираме напис кој сугерира дека министерот за здравство Венко Филипче, има часовник од марката „Омега“, кој, наводно,  или го добил ,,по заслуга за справувањето со коронавирусот” или со ,,частење од сопствената плата”. Барем тоа се двете опции што ги дава непотпишаниот автор на текстот.
Линк до оригиналниот напис: Филипче со часовник вреден 5 илјади евра Датум и време на објавување: 12.05.2020 Датум

Не можете да знаете каква старост ве чека, без разлика дали имате или немате деца

на 12. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација
[Рецензија: Еве каква ужасна старост ве чека ако поради себичност, мрзливост, немате свои деца или не сте посвоиле, ќе се мачите како најголем грешник на стари години, никој нема да се грижи за вас]
Насловот на текстот што го рецензираме изобилува со напади, осуда, стигматизација и дискриминација кон 87-годишната професорка од Штип, за која друг медиум изворно ја напиша приказната со цел институциите да помогнат во овој случај.

Нема контрирање во изјавите на Заев и на Спасовски за изборниот датум

на 11. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Спасовски контра Заев за избори во јуни] И во насловот и во самиот вовед од текстот се инсинуира наводен спротивен или контрирачки став на премиерот Оливер Спасовски и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, околу датумот на одржување на парламентарните избори. Меѓутоа, такво ,,контрирање” не постои и тоа се гледа од самата изјава на Спасовски прикажана во написот.
Линк до оригиналниот напис: Спасовски контра Заев за избори во

ТВ Алфа дезинформираше дека Бочварски не ги почитува мерките против коронавирусот, па се извини

на 11. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија:Бочварски со дваесетина млади без маски и дистанца го честиташе 9 мај  ] Телевизијата „Алфа“ во прилог во вестите на 9 мај (2020), по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа ги манипулираше гледачите со стара фотографија преставувајќи ја како нова и актуелна. Во еден од прилозите во вестите тој ден, објавена е дезинформација дека градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, го честитал 9 мај

Нема ,,исмевање на лажичето” туку барање да нема групирања и масовни собири

на 11. 05. 2020 | |
[Рецензија: Ќе се извинат ли сега сите оние кои се исмејуваа со ,,лажичето” за Велигден] Од насловот се добива впечаток дека „лажичето“, метафора за светата причест, на некаков начин придонело луѓето кои ќе се причестат да се имуни на зараза од Ковид 19. Ова се разбира, без да навлегуваме во материјална расправа за верските чувства, не е точно. Невозможно е да се знае кога точно некој би се заразил и

Тенденциозност:„Доказ“ шпекулативно оставката на Дончев ја врзува со криминал

на 6. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација
[Рецензија: Ден Дончев си поднесе оставка од директор на Фондот за здравство, тоа не те спасува имало за тебе бааги бомби за криминал]
Насловот на текстот сам по себе е показател на пристрасност. Наместо, информацијата за оставката на директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев да се презентира на еден вообичаен професионален начин, во овој наслов таа шпекулативно се доведува во врска со криминал.
Линк до оригиналниот напис: Ден Дончев си

Спинувана пораката на Заев за Светскиот ден на медиумите

на 6. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Заев со „фала“ за професионалноста и на медиумите за кои најави истраги] Текст полн со спинови кои целосно ја извртуваат пораката на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, којашто тој ја упати на социјалните мрежи за Светскиот ден на слободата на медиумите. Заев во објавата напиша само благодарност до медиумите за професионалноста и одговорноста и воопшто не споменува на кои медиуми мисли, не напиша име на ниту еден медиум

„Вест“ што дезинформира за мрежата 5Г

на 5. 05. 2020 | |
Илустрација со скриншот од веста

Околу мрежата 5Г, поим кој за повеќето е толку апстрактен и неразбирлив, без правилно објаснување, е регистриран исклучително голем простор за (дез)информирање кај порталите. Во овој преглед, како основа е земен текст што не содржи вест, нема информации, нема структура и не ни кажува ништо

Фотографија од веста што се разгледува
Линк до оригиналниот напис: „Македонија/А1 започна монтажата на антените 5Г! Влада не уништивте!“ Maqedoni/ A1 ka