Рецензии

Петпарeчка објава без трошка вест

на 21. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Невестиве по грешка место на Митинг во Борис Трајковски завршиле во Зоолошка?]

  Тривијалност, без трошка информација значајна за јавноста… Се пласира текст од само една реченица, како некаква си значајна новина. Всушност, според професионалните стандарди, станува збор за ангажман на две госпоѓи по партиски митинг на владејачката партија, кој за публиката е целосно небитен. Линк до оригиналниот напис: Невестиве по грешка место на Митинг во Борис Трајковски завршиле во Зоолошка? Датум и време на објавување: 16.10.2016 Датум на рецензирање: 20.10.2016 Рецензент: Владимир Мирчески    

„ГОЛА ВОДА“

 Навистина, ептен „битна“ вест, нема што?! Какво е значењето на тоа како две партиски активистки од внатрешноста на земјата го поминале денот во Скопје, каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ одржуваше митинг? Одговорот е

Иронија и „сиромашна“ пропаганда наместо новинарство

на 20. 10. 2016 | | sq

 

Напис: „Сиромашна“ коалиција, немаат пари ни за кафе!

Откако лидерите на трите политички партии, Зијадин Села од ДР-ДПА, Гзим Острени од Унитети и Весел Мемеди од НДП, денеска го потпишаа договорот за соработка и за прва коалиција на Албанците за парламентарните избори закажани за 11 декември, тоа што паѓа в очи е празната маса на лидерите и, како што се гледа, тие ја почнуваат предизборната кампања со сиромаштија, известува „Тетова сот“. На сликата на порталот „Тетова сот“ се гледа јасно дека тие својата коалиција и својата соработка ја почнуваат без бериќет. Како што се гледа на фотографијата, се претпоставува дека овие чекаат да станат дел од новат влада и да ја наполнат масата со месо.    

[Рецензија: „Сиромашна“

Вест употребена како куршум за „непријателот“

на 20. 10. 2016 | | sq

 

Напис: ДР-ДПА во скут на потрчкото на ДУИ, српски „Журнал“!

Генералниот секретар на ДР-ДПА, Арбен Таравари, и сопственикот на порталот „Журнал“ познат меѓу Aлбанците како портал на владината ДУИ, денеска ручале заедно, известува „Факте“. Објавената фотографија ја придружува текстот: „Многу дебатираме, но нека остане меѓу нас… Важно е што на крајот имаме исти цели… Албанците да станат фактор во земјава“. Честитаме за соработката. /ФАКТЕ.Нет   [Рецензија: ДР-ДПА во скут на потрчкото на ДУИ, српски „Журнал“!] Има многу случаи кога медиумите прават вест само со една фотографија, во која некоја јавна личност е фатена во незавидна ситуација или и кога некој негов гест или дело изгледа недолично. За ваков вид вести, секако, има голем број кликнувања. Обично се од еден

Фијаско при докажување фијаско

на 20. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: (ГАЛЕРИЈА) ФИЈАСКО НА ТРИБИНАТА НА ДПМНЕ – ТОДОРОВ ВОЗНЕМИРЕН!]

Се зборува за фијаско врз основа на лична опсервација и на слободно толкување на нечие расположение. Изворите на информации не се наведени, а автобусите кои се споменуваат не се прикажани во најавената фотогалерија. Фотографиите се ставени како илустрација и не го покажуваат тоа што се зборува во овој текст за атмосферата на собирот. Коментарите, пак, укажуваат на манипулација со фото-материјалите.     Линк до оригиналниот напис: (ГАЛЕРИЈА) ФИЈАСКО НА ТРИБИНАТА НА ДПМНЕ – ТОДОРОВ ВОЗНЕМИРЕН! Датум и време на објавување: 16.10.2016 – 15:18 Датум на рецензирање: 18.10.2016 Рецензент: Александар Пешев  

ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ЌОР-ФИШЕК!

Кога се најавува фотогалерија, се очекува фотографиите што се презентираат да ги илустрираат наводите во текстот,

Нема костум за криење шпекулации

на 19. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Не преговарам со српски „Kурир“, што не значи дека нема и во иднина]

  Првиот член на Кодексот на новинарите го утврдува врвниот принцип во новинарството, ако воопшто може да се рангираат сите препораки од него, бидејќи сите на свој начин се – врвни. Сепак, тој член 1 вели: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. Значи, вистината

Гатачки прогнози

на 19. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Груевски збесна: Ахмети и ДУИ ми се полојални од вас?!]

  Овој напис е полн со шпекулации и со непроверени информации. Текстот, наместо аргументи, на читателите им нуди рекла-кажала муабети и гатачки прогнози. Линк на оригиналниот напис: Груевски збесна: Ахмети и ДУИ ми се полојални од вас?! Датум и време на објавување: 17.10.2016 Датум на рецензирање: 19.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ

На самиот почеток, написот бомбастично најавува дека викендот на ВМРО-ДПМНЕ бил тензичен, но не прецизира на какви извори се повикува. „Викендот не поминал толку идилично за ВМРО-ДПМНЕ, како што се обидуваа да го престават владините мегафони. Дознаваме дека викендот на ВМРО бил особено тензичен за претседателот на партијата Никола Груевски“. Покрај тоа што не ги наведува

Во чија полза и интерес се искривува иронијата?

на 19. 10. 2016 | | sq

Напис: Во чија полза и чиј интерес Мухамед Зекири „МУКИ“ бара ВМРО-ДПМНЕ да го забрани албанскиот јазик!?

Поранешниот новинар, Мухамед Зекири „МУКИ“, сегашен функционер на македонската опозициска партија СДСМ, ја потресол албанската јавност, при што преку еден пост на социјалната мрежа „Фејсбук“ побарал од македонската партија на власт ВМРО-ДПМНЕ да ги предложи уставните измени за забрана на албанскиот јазик во Македонија. „Бидејќи двојазичноста е актуелна и патриотите на режимот не ја затвораат устата и продолжуваат да го изразат својот гнев и неконтролирана омраза, сакам само да ги потсетам дека со гласовите на нивната матична партија, ВМРО-ДПМНЕ, беа изгласани уставните измени со кои е средено ова прашање. И бидејќи сега ова нешто толку им пречи, им препорачувам на „Курир“, „Република“ и

Како да се испере мозокот!

на 19. 10. 2016 | |
[Рецензија: Прогноза на „букмејкерите“ за дербито на 11 декември: ВМРО ДПМНЕ – СДСМ = 10:0]   Урнек за пристрасно промо-четиво. Материјал што ги исполнува сите услови за да биде пример за тоа како не треба да изгледа професионален текст. Крајно дискутабилна вистинитост, во најголем дел анонимни извори, а и тие што се споменати се со партиска заднина, содржајност со ултранавивачка нота што, пак, подразбира висока пристрасност, многу коментари на место каде што не треба да бидат, преземен текст од друг портал… Училишен пример како не смее да се пишува.  Линк до оригиналниот напис: Прогноза на „букмејкерите“ за дербито на 11 декември: ВМРО ДПМНЕ – СДСМ = 10:0  Датум и време на објавување: 18.10.2016, 08:50  Датум на рецензирање: 18.10.2106  Рецензент: Владимир

Текст кој веќе го прогласи победникот на изборите

на 19. 10. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Провиден обид за нова деструкција и конфликтност од страна на СДСМ: Повторно наместо проекти и програма сакаат бегство од избори со предвидливи и срамни потези]

    Написот изнесува невистини во однос на дејствувањето на опозицискиот СДСМ, а поводот е тоа што беше предводник на граѓанскиот марш на 11 Октомври. Со маршот, организаторите го одбележаа Денот на востанието во Македонија и испратија порака за слобода, што никаде во текстот не се спомнува, иако е искористена фотографија од тој настан. Ова демократско право на протестирање не може да се доведе во корелација со програмата на СДСМ, која начелно партијата ја претстави на последниот конгрес на 2 октомври, со наслов „План за Македонија“.   Линк до оригиналниот напис: Провиден обид

Коментарите на новинарот ја попречуваат објективноста на читателот

на 18. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Едно време „заедно“ и со многу планови. Што се случи наеднаш?! (ФОТО)

Опозицискиот СДСМ и Движењето „Беса“, поточно двојката Зоран Заев и Билал Касами, еднаш излегоа со заедничка изјава околу предвремените избори и близу до остварување на една меѓуетничка предизборна коалиција (датум 24 април, за потоа да има одложување). Толку добро им одеше муабетот, што бевме сведоци и на присуството на припадниците на Беса на протести заедно со СДСМ, организирани од „Шарената револуција“, иницирани исто така од македонската опозиција, или и со заеднички настани близу еден до друг, но потоа, одеднаш, работите се сменија. Ова кумство изгледа се расипа откако еден новинар премина во редовите на СДСМ и сè тргна наопаку. На ова се додаде и фактот дека