Рецензии

Рецензија: Се најавува ли обид Албанците да го решат македонскиот идентитет!

на 19. 04. 2013 | |
Непосредно после вториот круг на локалните избори, од Обединетите нации во Њујорк и од Брисел стигнаа недвосмислени пораки дека Македонија и Грција се притиснати да го решат проблемот со името до септември и дека постои јасна и доволно широка опција за да се извлече тој проблем од ќорсокакот во кој западна. Се работи за најновата иницијатива на посредникот Метју Нимиц. Секако дека тој притисок мора да води кон промена на постојното име и тој е насочен пред сè кон актуелниот премиер, како објективно најодговорен политичар во државата. Весникот Вечер, а во тие рамки и ТВ Сител, се обидуваат да уфрлат во таквата ситуација некаков виновник за таа веројатна промена во ликот на „старите душмани“ – Бранко Црвенковски и Албанците, без

Рецензија: Грција чувствува меѓународен притисок во врска со нејзината политика кон Македонија

на 18. 04. 2013 | |
Недоволно јасното лоцирање на изворите на информации и непрецизното атрибуирање ја намалуваат веродостојноста на новинарскиот напис.

Рецензија: ММФ нотираше стабилни макроекономски перформанси за Македонија

на 17. 04. 2013 | |
Кога оценките на претставниците на ММФ се злоупотребуваат за спинување и за неумерена и неизбалансирана критика на ставовите  на опозицијата.

Рецензија: ЕУРМ етаблиран универзитет со познат и светски признат квалитет

на 16. 04. 2013 | |
На неодамна одржаниот Саем за образование и кариера се претстави и Европскиот универзитет, кој според скопски Вечер е практично образовната институција која зазема централно место. Другите, општи информации за другите учесници на Саемот и за посетителите се дадени во рамка на споменатиот наслов, а во рамката има место само за министерот за образование, директорката на Саемот и еден гостин – Индиец, со што се исцрпува листата на учесници. Јасно, таму беа присутни две дузини високообразовни институции, кои не беа ниту споменати. Очевидно Вечер си дозволи да го премолчи нивното присуство за Европскиот Универзитет „да нема конкуренција“. Премолчувањето е веќе еден вид дискриминација која ја прави медиумот, за што можете да прочитате нешто повеќе во текстот на проф. Мирјана Најческа.

Рецензија: Состанок на работниот тим на МИОА и МАН за Нацрт законот за медиуми

на 15. 04. 2013 | | en
Обидот за експресно донесување на Законот за медиуми од страна на власта наиде на остри реакции меѓу новинарите, нивното мнозинско здружение (ЗНМ) и повеќе невладини организации. Се јавија бројни обвиненија за заобиколување на јавната расправа, имаше реакции и од меѓународната јавност, што доведе до успорување на донесувањето на еден обемен и сложен по својата материја законски текст. Неколку провладини редакции – очекувано – дадоа свој придонес во одбраната на владината брзина и содржината на тој текст, без да се навлегува во суштината на Законот за медиуми. Во функција на автоматска поддршка влезе и малцинското здружение на новинари без да ги респектира суштинските забелешки и да прикаже каков било аргумент кој би ја „покрил“ таквата рецензија за Законот.

Рецензија: Балканците сe потешко ги враќаат кредитите

на 11. 04. 2013 | |
По завршувањето на локалните избори, економските теми се враќаат во медиумите. Една од тие теми е блокадата на сметките на фирмите и поединците кај нас, со најновите податоци кои ги дава НБРМ. Тие се поразителни и говорат дека се наоѓаме среде голема економско-социјална криза. Но, дневниот весник „Дневник“ се обидува да ја релативизира таа слика и прави еден вид проширување на темата, ставајќи ја во регионални рамки и говорејќи притоа дека ние сме „најдобри во регионот“ по тоа прашање, небаре од тоа на народот и фирмите ќе им биде подобро.