Рецензии

Пример кога политичкото новинарство се претвора во жолт печат

на 22. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Зошто Весел Мемеди не беше со Села на средбата со Хан?

Лидерот на НДП, Весел Мемеди, кој е дел од Алијансата за Aлбанците, не беше дел од делегацијата предводена од Зиадин Села на синоќешната средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Тој минатата недела го придружуваше Села на средбата со pретседателот Иванов. Според некои анонимни портали и според социјалните мрежи, фамозното интервју на Весел Мемеди за ТВ 21  и неговите ставови за Али Ахмети по сè изгледа го налутиле лидерот на НП-ДПА, Зиадин Села. По порталите се шпекулира дека ова е причината за неприсуството на Мемеди, но ова е демантирано од Алијансата, од која истакнуваат дека сето ова е дел од лансирањето на разните шпекулации по порталите. (ИНА)

Шега извадена од контекст

на 22. 02. 2017 | | sq

[Рецензија:  Бихаќка е новиот центар на Албанците, а не Мала Речица]

  Текстот што е предмет на оваа анализа целосно манипулира и ги извртува фактите, пренесувајќи само еден дел од изјавата на аналитичарот Сефер Тахири. Тој, при гостувањето во дебатната емисија „Топ-тема“ на телевизија „Телма“, прераскажа шега што ја слушнал од негов пријател. Овој напис, пак, користејќи фрагмент од неговиот исказ, креирал тенденциозна приказна, без притоа да наведе дека се работи за шега. Линк до оригиналниот напис: Бихаќка е новиот центар на Албанците, а не Мала Речица Датум и време на објавување: 09.02. 2017 Датум на рецензирање: 17.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

МАНИПУЛИРАЊЕ

„Албанскиот аналитичар Сефер Тахири, во синоќешното издание на „Топ Тема” изјави дека според кажувањата на негов

Не смее ли Јанева да оди во „велнес-центар“?!

на 21. 02. 2017 | |

[ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица со пари на народот, покрај базен ги релаксира облините!]

    Текстот што е предмет на оваа рецензија е далеку од новинарски напис. Тој е коментаторски и тенденциозен и има цел да ја дискредитира специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Тврдењата во овој текст се неосновани и тој е едностран, бидејќи нема изјава од засегнатата страна. Самиот наслов на текстот е недоличен, бидејќи во него се коментира физичкиот изглед на специјалната обвинителка, што е невкусно и воопшто не е предмет на јавен интерес. Линк до оригиналниот написЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица со пари на народот, покрај базен ги релаксира облините! Датум и време на објавување: 18.02.2017 Датум на рецензирање: 20.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска    

А ИЗЈАВА ОД

Повредено правото на презумција на невиност

на 21. 02. 2017 | |

[Рецензија: Кои биле муштериите на скопскиот дилер на кокаин?]

  Текстот што го рецензираме изнесува непотврдени информации во врска со еден од осомничените во акцијата на МВР, „Мрежа“, С.Р., кому Кривичниот суд  на 20 февруари (2017) му одреди мерка притвор. Без да се почитува правото на презумција на невиност, во текстот се пишува за наводните клиенти на осомничениот и за тоа како тој, наводно, ја набавувал и ја препродавал дрогата. Целиот процес е опишан без да се понудат никакви докази кои, доколку постојат, се предмет на институционално разгледување, односно треба да бидат изнесени пред суд. Наводно, истите потекнуваат од полициски извори, но, сепак, остануваат во сферата на шпекулации и на чаршиски муабети, бидејќи сè уште нема судски докази дека осомничениот

Шпекулативна приказна без ниту еден доказ

на 20. 02. 2017 | |
 

[Рецензија: ПАНИКА, ДРАМА И ХАОС ВО ВЛАДИНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Од врвот на ВМРО ДПМНЕ дале наредба сите министерства, владини агенции и општини викендов да уништуваат документација, се спремаат за предавање на власта на СДСМ!!! ]

    Текстот е шпекулативен, без ниту еден конкретен извор ниту, пак, доказ за изнесените тврдења. Повеќе наликува на чаршиско озборување, отколку на новинарски производ кој соопштува проверени и издржани податоци. Линк до оригиналниот напис: ПАНИКА, ДРАМА И ХАОС ВО ВЛАДИНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Од врвот на ВМРО ДПМНЕ дале наредба сите министерства, владини агенции и општини викендов да уништуваат документација, се спремаат за предавање на власта на СДСМ!!!  Датум и време на објавување: 19.02. 2017 Датум на рецензирање: 19. 02. 2017 Рецензент: Димитар Тануров    

Шегите, хуморот или сатирата треба да бидат јасно посочени во веста

на 20. 02. 2017 | | sq

Напис: ДУИ влегува во Гинисовата книга на рекорди

Откако преговараше една недела за можна соработка со лидерот на ВМРО, Никола Груевски, преседателството на ДУИ ќе продолжи со преговорите и со консултациите и неделава што следува. Овојпат на маса се опциите и договорот за соработка со СДСМ. Новинската агенција ИНА дознава дека ДУИ ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди, како партија која имала најмногу средби од која било друга партија, во историјата на политичкиот плурализам. Од друга страна, граѓаните зачудени од овој феномен, ширум отвориле уши и очи за да видат што ќе се случи?! Кој ќе замине во историјата овој пат? (ИНА)  

[Рецензија: „ДУИ влегува во Гинисовата книга на рекорди“]

Иронија, хумор или сериозна информација? Ако не е

За полициски акции не се известува со сензационализам

на 20. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Полицијата пронашла дрога и оружје во домот на братот на функционер на СДСМ]

    За криминалот треба да се известува, тоа не е спорно. Пред правдата сите се еднакви. Тоа го знаат и новинарите. Дури, има и посебни правила кога се известува за криминал, за работата на полицијата. Еден посебен дел од известувањето за полициските акции, за работата на судовите е дури и нагласено регулиран  во Кодексот на новинарите: Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. (член

Без докази искажани тешки обвинувања

на 20. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: ЗАЕВ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА: Ова го прифати СДСМ за да дојде до власт!]

    Текст без каква било аргументација, напис без информативна тежина, материјал на кој му недостигаат безмалку сите елементи на еден веродостоен медиумски производ, почнувајќи од факти, па до извори…  Линк до оригиналниот напис: ЗАЕВ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА: Ова го прифати СДСМ за да дојде до власт!  Датум и време на објавување: 15.02.2017   09:30  Датум на рецензирање: 18.02.2017  Рецензент: Владимир Мирчески     

А КАДЕ СЕ ФАКТИТЕ?!

Објавата што е предмет на оваа рецензија нема некоја допирна точка со професионалното новинарство. Таа повеќе наликува на содржина креирана во одреден политичко-партиски центар. Во прилог на ваквата констатација има повеќе елементи. Така, на пример, формулацијата дека СДСМ ја прифатил

Информативен и сеопфатен текст

на 20. 02. 2017 | |

[Рецензија: Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје]

  Овој текст заслужува позитивна рецензија бидејќи е напишан според сите новинарски стандарди. Написот е информативен и професионално сработен, користени се повеќе извори што укажува дека се имало сеопфатен пристап. Линк до оригиналниот напис: Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје Датум и време на објавување: 14.02.2017 Датум на рецензирање: 17.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска    

ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРИСТАП

Во време кога сè почесто се сретнуваме со пропагандистички написи, професионално изработени текстови се вистинска реткост. Еден таков коректно сработен материјал е написот што го рецензираме. Текстот во воведот ја содржи веста која подолу ја обработува, а тоа е дека „голема хаварија настанала во Скопје кога при изведување градежни работи

Цитирана непостоечка изјава од Лавров

на 20. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Предлогот на Рорабакер- верзија на стар руски предлог?]

  Во овој напис е преземен дел од текст објавен во друг медиум без претходно да се провери, па таков – непроверен – на читателската јавност ѝ се претставува како вистинит. Австрискиот весник „Дер Штандард“, правејќи паралела на изјавата на американскиот конгресмен Дајна Рорабакер за поделба на Македонија, потсетува на „изјава“ на министерот за внатрешни работи за Русија, Сергеј Лавров, која тој, всушност, никогаш не ја кажал. Линк до оригиналниот напис: Предлогот на Рорабакер- верзија на стар руски предлог? Датум и време на објавување: 09.02. 2017 Датум на рецензирање: 17.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

ПРЕЗЕМЕНА НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

„Сличен предлог за поделба на Македонија, која во времето на бегалската криза и