Рецензии

Наместо извештај од судско рочиште, тенденциозен коментар

на 24. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: БРУКА: Катица и Фатиме правеа театар во Судот, судијата ги казнуваше, тие се фалеа дека ќе плати народот]

  Текстот што го рецензираме е полн со коментари и со неиздржани квалификации  и обвинувања на сметка на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи. Ваков нагласено тенденциозен пристап се забележува уште во самиот наслов. Написот, инаку, треба да претставува извештај од судското рочиште за случајот со насилството во Општина Центар, но наместо тоа  на читателите им е понуден едностран коментаторски скроен материјал во кој се ставени на удар двете обвинителки. Линк до оригиналниот написБРУКА: Катица и Фатиме правеа театар во Судот, судијата ги казнуваше, тие се фалеа дека ќе плати народот Датум и време на објавување: 22.02.2017 Датум

Енергетските пијалаци не даваат „крилја“ во новинарството

на 24. 02. 2017 | | sq

 

Напис: (ВИДЕО) ДОЛГА НОЌ ВО СДСМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДРЖИ КОНДИЦИЈА СО „РЕД БУЛ“ И СО КАФЕ

Долгите преговори за формирање на владата изгледа го исцрпуваат претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Во неговиот службен автомобил доминираат енергични пијалаци и кафе. Од вчерашниот ден, средбите во партијата се интензивирале, по првата формална средба меѓу ДУИ и СДСМ. Во наредните денови, се очекува конечно да добиеме одговор дали СДСМ ќе формира влада или не.

 

[Рецензија: „(ВИДЕО) ДОЛГА НОЌ ВО СДСМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДРЖИ КОНДИЦИЈА СО „РЕД БУЛ“ И СО КАФЕ“]

Јавниот интерес нема врска со начинот на исхрана на функционерите. Резултатите од нивната работа и делата во рамките на нивната функција се нештата што ја интересираат јавноста, а не

Новинарските написи не креираат загатки

на 24. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Волјата на мнозинството е важна само кога се во прашање Албанците: Ахмети и Заев ја игнорираат волјата на Македонците]

  Дали новинарските текстови треба да бидат загатки? Или да бидат напишани како сложувалки? Се разбира – не. Едно од основните правила во оваа професија е „Нека биде кратко и едноставно“. Да пишуваш кратко, едноставно и разбирливо е вештината на новинарите. Зошто читателите или гледачите и слушателите би се прашувале што сакале да кажат новинарите? Дали има нешто меѓу редовите на новинарскиот текст? Тоа се прашања што публиката не смее да си ги постави. Во случајот на овој текст се случува токму тој процес. Додека го читате, се прашувате каква е смислата не овој текст. Како некоја загатка е.  

Што сè не ќе слушне јавноста до формирање на новата влада?!

на 24. 02. 2017 | | sq

Напис: „Журнал“ дознава, „Тирана и Приштина“: Собранието да го води Aлбанец и Али Ахмети да биде претседател на Собранието!?

  Посетата на европскиот комесар Хан во Скопје по сè изгледа ќе го промени дискурсот на преговорите за формирање на новата влада и за излез на земјата од кризата по изборите, која беше предизвикана поради разните околности во кои е вмешан и претседателот на државата, кој сè уште не ѝ го дава мандатот на партијата, на која, според Уставот, треба да ѝ го даде, туку им поставил услов да соберат 61 потпис како парламентарно мнозинство за да им припадне мандатот, откако Груевски не успеа да го состави владиниот кабинет, пишува „Журнал“. Меѓутоа, добро информирани извори на новинската агенција „Журнал“ кажуваат дека

Статус на „Фејсбук“ не е доказ дека има нова влада

на 23. 02. 2017 | | sq

 [Рецензија: ГОТОВО Е! ЧЕСТИТО НОВА ВЛАДА НАРОДЕ! ДУИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ СО СДСМ! Директорот на Цивил, Џабир Дерала објави на ФБ!]

  Текстот што го рецензираме ја дезинформира јавноста за формирањето нова влада, повикувајќи се на статус објавен на „Фејсбук“, од страна на првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала. Написот не је зема предвид изјавата од портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој на 22 февруари вечерта изјави дека „централното претседателство на ДУИ нема да донесе никаква одлука во однос на тоа дали ќе му се дадат потписите на СДСМ за состав на нова влада или не“. Тој најави дека дебатата во партијата ќе биде маратонска и не ја исклучи можноста работната група на ДУИ да почне да преговара со

Место факти, промоција на верски убедувања

на 23. 02. 2017 | |

[Рецензија: Научниците потврдија: Лажичката за причествување од црква нема ни една бактерија]

  Приказната дека наводно на лажицата што се користи за причестување во православните цркви немало ниту една бактерија, иако ја ставиле в уста сите верници кои присуствувале на верскиот обред и дека тоа, наводно, го потврдиле и научници, веќе неколку месеци се врти низ српските портали, а сега стаса и во македонските. Почнувајќи од насловот, кој е неверодостоен, преку содржината, па сè до илустрацијата, оваа информација е проблематична, бидејќи нема извори, верски убедувања пласира како факти и читателите ги наведува на погрешни заклучоци. Линк до оригиналниот напис: Научниците потврдија: Лажичката за причествување од црква нема ни една бактерија Датум и време на објавување: 11.02.2017, 16:32 Датум на рецензирање: 

Фејсбук-статус искористен за спин

на 23. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја]

  Овој напис не е вест, туку е преземен фејсбук-статус кој е пренесен како новинарски производ. Материјалот е спинерски и преку фотографии ги манипулира читателите, за да дискредитира високи функционери на СДСМ, но и претставници на „Шарената револуција“ и нивни поддржувачи. Насловот „Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја“, е тенденциозен има цел да ги поврзе спомнатите кафулињата со нелегални дејства и да ги оцрни, но и да привлече и поголем број кликнувања. Линк до оригиналниот написДен на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на

Неимар нема да оди во затвор

на 23. 02. 2017 | | sq
 

[Рецензија: Жалбата е одбиена: Неимар две години зад решетки!] 

  Каков заклучок да извлече од оваа медиумска содржина читателот. Популарниот фудбалер ќе оди во затвор или не?!? Насловот гласно вика: „Неимар две години зад решетки!“, а внатре во текстот пишува: „Тоа значи дека и да е прогласен за виновен, Нејмар нема да оди во затвор, со оглед на тоа дека претходно не бил осудуван. Исто така, тоа значи дека Неимар нема да мора евентуално да ја напушти Барселона“. Како може да се помисли дека вакви две, толку спротивставени становишта е можно да има во еден новинарски текст, е навистина несфатливо. Тоа е суштинската грешка во овој тескт, но не помалку грешка е и во една иста реченица еднаш

„Заработи тужба“ и „закана со тужба“ е различно

на 23. 02. 2017 | |

[Рецензија: Мухамед Зекири ист како Заев: Уште не седна во пратеничката фотелја заработи тужба за изречени лаги и клевети]

  Ова е напис со силна доза пристрасност, со сериозна непрециозност која на крајот резултира и со невистинитост. Незнаење или непрофесионалност, конечно не е ни важно зашто фелерот е фелер – „заработи тужба“ и „закана со тужба“ се две различни работи.  Линк до оригиналниот напис: Мухамед Зекири ист како Заев: Уште не седна во пратеничката фотелја заработи тужба за изречени лаги и клевети  Датум и време на објавување: 19.02.2017,  02:15  Датум на рецензирање: 21.02.2017  Рецензент: Владимир Мирчески    

ЧЕТИВО – ЗАСТАПНИК ЗА ЕДНАТА СТРАНА

Внимателноста и прецизноста се исклучително важни елементи во новинарската работа, кои дополнително добиваат значење кога се известува

Текст кој алармира без голема врева

на 23. 02. 2017 | |
   

[Рецензија: Неуспешниот преврат во Црна Гора аларм и за Македонија]

  Драматични настани што ги загрижуваат сите граѓани не се случуваат само во Македонија. Такви настани има и регионално, само што загледани во една точка или кон еден проблем, кон „дрвото“, стануваме дефокусирани за „шумата“, односно за оној сплет на односи, а понекогаш комплекси од релации кои дури како имаат врска со она што ни се случува или ќе ни се случи. Ова е текст кој покажува дека без пренасилена драматика и со релевантни извори може да се говори за некакви светски „планови“ на Балканот. Линк до оригиналниот напис: Неуспешниот преврат во Црна Гора аларм и за Македонија Датум и време на објавување:  20.02.2017, 17:50 Датум на рецензирање: