Рецензии

Нема да се објавуваат сите што се во самоизолација, туку само несовесните

на 22. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација

Насловот на овој текст е неточен, ја наведува јавноста да донесе погрешен заклучок и со тоа врши груба манипулација Во насловот се тврди дека оние кои што одат во самоизолација, поради постоење веројатност дека се заразени со коронавирусот, ќе бидат јавно објавени. Ова не е точно

Линк до оригиналниот напис: ОФИЦИЈАЛНО: Доколку одите во самоизолација почнувајќи од денеска јавно ќе бидете објавени Датум и време на објавување: 19.6.2020 Датум на

Логото на ,,Сакам да кажам” фалсификувано заради ширење лажни вести

на 19. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Изборите на 15 јули ќе се искористат гласачите да се вакцинираат преку проектот на Бил и Мелинда Гејтс] На Твитер, поточно на профилот на корисник потпишан како ,,Пази леџа, движење бојкотирам”, се појави фабрикувана вест со провокативен и лажен наслов во кој се тврди дека „изборите на 15 јули ќе се искористат гласачите да се вакцинираат преку проектот на Бил и Мелинда Гејтс“. Не само што оваа информација

Бомбастични тврдења, а ниту еден извор на информации

на 17. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ ОДВИВАЛА СИНОЌА: АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА МУ СЕ ЗАКАНИЛА НА МИЦКОВСКИ, АКО ГО ОТКАЖЕ И 15-ТИ ЈУЛИ ТОГАШ ЌЕ МУ ДОЗВОЛИ НА ЗАЕВ ДА ОДИ САМ НА ИЗБОРИ БЕЗ ОПОЗИЦИЈАТА!!!] Овој текст без посочени извори на информации произволно си пласира вест полна со шпекулации за „нервозни“ амбасадори и „вжештени“ телефонски линии.
Линк до оригиналниот напис: ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ ОДВИВАЛА СИНОЌА: АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА МУ СЕ ЗАКАНИЛА НА

Свршеничкиот прстен поважен од политичкото портретирање

на 17. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ ја предлага за пратеничка Иванка Василевска – бранителка на насилството на 27 април и на режимот на Груевски] Написот што го рецензираме е обид да се направи портрет на претставничка на опозициска партија, која се нашла на листите со кандидати за пратеници, без притоа да се запази принципот на коректност и непристрасност.
Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ ја предлага за пратеничка Иванка Василевска – бранителка на насилството

Загрижувачки повици на Фејсбук против тестирањето за корона

на 15. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Повици на социјалните мрежи против тестирањето за Ковид-19] На социјалната мрежа Фејсбук – на лични профили на дел од учесниците на протестот кој се одржа пред Владата, а кој беше најавен како ,,протест против 5 Г, коронавирусот, задолжителното вакцинирање…”, се шират загрижувачки повици, во кои населението се охрабрува да не се тестира за ковид-19, затоа што, наводно,  ,,пандемијата е лага, а податоците се користат за

Не е потврдено дека коронавирусот е поопасен за ќелавите мажи

на 15. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија:Ќелавите мажи се изложени на ПОГОЛЕМА ОПАСНОСТ ОД КОРОНАВИРУСОТ ] Сензационалистички напис којшто тврди дека мажите кои ја губат косата се изложени на поголема опасноста од коронавирусот. Уште во самиот наслов, кој во вториот дел намерно е напишан со големи букви за да привлече внимание, категорично се тврди дека коронавирусот е опасен за ќелавите мажи. Но, во текстот не се понудени докази кои можат да го потврдат ова.
Линк

„Асимптоматски“ не значи отсуство на зараза, туку отсуство на симптоми

на 15. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Јакимовски: Ако сега се тестираат асимптоматски граѓани, зошто имаме зголемен број на починати??] Иако написот е објавен во рубриката „Вести“, не се работи за никаква новинарска вест, туку за пренесување од збор до збор на фејсбук-статусот на Стевчо Јакимовски. Тоа значи дека објавениот напис ги повторува не само изворните правописни и печатни грешки, туку и неточностите коишто Јакимовски ги пласира во јавноста.
Оригинален напис: Јакимовски: Ако сега се тестираат асимптоматски граѓани,

Пропадна спинот на Мисајловски со фотографијата од Германија

на 11. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација  [Рецензија: Фејсбук статус на Владо Мислајовски: Ова е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ?] На својата страница на Фејсбук со 18.150 следачи, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски објави фотографија со која неуспешно се обиде да спинува против партискиот опонент СДСМ. Имено, фотографијата што ја објави со коментар:,,Ова ли е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ?”, 

Невешта пропаганда направи од Трамп спасител на 100 илјади деца среде Њујорк!

на 10. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: САТАНИСТИТЕ НА ДЕЛО: 100.000 ДЕЦА И ДЕТСКИ ТЕЛА ПРОНАЈДЕНИ ВО ТУНЕЛ ШТО ВОДИ ДО ФОНДАЦИЈАТА КЛИНТОН ВО ЊУЈОРК] Напис кој донесува вознемирувачка, но лажна содржина за случај со наводни 100 илјади деца убиени или заробени во подземни ходници кои воделе до седиштето на Фондацијата Клинтон во Њујорк, САД, беше објавен на домашна веб-страница и споделуван на Фејсбук од страна на јавни личности од политичката сцена во државата,

Злонамерност, неетичност и ширење невистини, не е новинарство

на 9. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија:Од „другарот Мухамед“ до пола партија: СДСМ ново жариште на ковид-19 ] Проблематичните аспекти на овој текст – злонамерност, неетичност, подбив и ширење на невистини – се воочуваат уште од насловот. Нивната проблематичност е засилена со фотомонтажата што е поставена веднаш под насловот. Извршена е, имено, интервенција врз фотографија на централното седиште на СДСМ во Скопје, при што натписот: „СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА СДСМ“ е заменет со „КОВИД