Рецензии

Рецензија: Бизнисменот новинар Героски ги оправдува парите на Милчин

на 11. 02. 2014 | |
Мисија „Новинарски отстрел“ – тоа е „филмот“, очигледно со низа однапред испланирани продолженија, кој се нуди на овој медиумски репертоар. Сцената е поставена, имаме двајца актери, камерите „снимаат“ и АКЦИЈА. Потоа сиот материјал убаво е измонтиран, а за јавна промоција, „несебично“ се ангажираат познатите медиуми. Содржината на овој „филм“ е позната, тематика вообичаена – „кодошко-предавничко-НВО-новинарска“ спрега. Првото прашање е дали на публиката веќе не ѝ се здодевни ваквите „независни“ продукции, а второто, според мене, многу поважното е каде се отидени стандардите и во новинарството и во сеприсутното „филмаџиство“. Читајќи го ова, одговорот како сам да се наметнува – „По ѓаволите“. Линк до оригиналниот напис: Бизнисменот новинар Героски ги оправдува парите на Милчин Датум и време на објавување:  09.02.2014, 16:30 Датум

Рецензија: Човекот одговорен за пропустот со олимписки прстени, пронајден мртов во Сочи

на 11. 02. 2014 | |
Рецензираме шокантна „вест“, а, всушност, комплетно измислена информација – дека работникот, кој е одговорен затоа што еден од олимписките кругови (кој ја претставува Северна Америка) не се отворил на свечената церемонија на почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, е пронајден мртов во хотелската соба, со повеќе убоди од нож. Линк до оригиналниот напис: Човекот одговорен за пропустот со олимписки прстени, пронајден мртов во Сочи Датум и време на објавување: 09.02.2014 Датум на рецензирање: 09.02.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Дали треба да ги повториме класичните оценки со кои ја потврдуваме невистината. Нема никаков извор со кој може да се потврди вистинитоста на оваа вест. Највероватно дека е превземена или од сропските портали ,„Курир,“  или  „Ало“, со таа разлика што тие

Рецензија: Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се откачил лифт од 8-кат со студент во него

на 10. 02. 2014 | |
Овој текст претставува школски пример за неодговорно и паушално новинарство, кое ги нема усвоено професионалните принципи, кои, пак, од своја страна, предвидуваат претпоставува проверка на информациите и консултирање извори. Информацијата дека се откачил лифт во студентскиот дом и дека имало студент внатре, не е точна. Медиумот не е сандаче за електронска пошта, па секое анонимно писмо што ќе пристигне вербатим да го пренесе. Што му е работа на новинарот, ако не проверката на информациите? Членот 1 од Кодексот на новинари ја воспоставува основата на новинарската работа. „Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да

Рецензија: Алфа: Пендаровски е ново жртвено јагне на СДСМ?!

на 10. 02. 2014 | |
Сѐ почесто се случува еден медиум да објави, а десет други да преземат неиздржани, неверодостојни текстови презентирани како вести, со цел што повеќе да се дисеминира црната, неиздржана кампања против одреден политички субјект. Јавниот интерес е занемарен за сметка на некоја друга агенда. Конкретниот текст, првично беше објавен на телевизија „Алфа“, која го повлече од интернет страницата. Повеќе други медиуми го презедоа, повикувајќи се на оригиналот, но ниту еден од нив не се обиде, освен вербатим да пренесе, да ја провери, збогати или прошири веста, со она што новинарските стандарди го налагаат – минимум, да се контактира оној за кого се пишува. Линк до оригиналниот напис: Алфа: Пендаровски е ново жртвено јагне на СДСМ?! Датум и време на објавување: 05.02.2014,

Рецензија: ЗНМ – тајно друштво!!!

на 10. 02. 2014 | |
Текстот претставува еклатантен пример како преку медиумите може истовремено во еден текст максимално да се фаворизира еден политички или општествен субјект кој му е близок на медиумот и истовремено, без факти, да се сатанизира политичкиот или било кој  друг противник.  Написот се однесува на законската обврска според која  двете најбројни здруженија на новинарите во Македонија, треба да делегираат свои претставници во Агенцијата за медиуми. Притоа, МАН се претставува во позитивно фаворизирачко светло, додека ЗНМ се сатанизира, навредува и деградира. Линк до оригиналниот напис: ЗНМ – тајно друштво!!!   Датум и време на објавување: 06.02.2014 Датум на рецензирање: 07.02.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Во целиот текст единствено е вистина  дека постои законската обврска според која двете најбројни здруженија на новинарите во Македонија

Рецензија: Има шанси за тутунарите – биогориво, ама нема кој да слушне

на 10. 02. 2014 | |
„Проектот за можноста од производство на биогориво од тутун во Македонија е готов веќе пет години, со него биле запознаени повеќе македонски министри, но планот за реализација сè уште е во фиока. Пет години потоа, по препораките од СЗО за намалување на површините и субвенциите за тутун, пак е актуелно производството на струја од семето на тутунот што се фрла“. Прилогот се однесува на можното користење на тутунот за производство на биогориво. Со ова порталот практично ги насочува земјоделците, мeсто кон сѐ понесигурните пазари на тутунската индустрија, да се завртат онаму кaде што лежат парите. без да се менува нешто во нивното секојдневие. Ова е текст што освежува среде едноличноста на политиката и сензационализмот, ниските критериуми и стандарди во нашето

Рецензија: Ромите од Центар против тврдењата на експертите за зградата во албански стил

на 8. 02. 2014 | |
Со оглед на тоа што методологијата на Сервисот за проверка на факти од медиумите не е рентген апарат, не сме во можност да ги „читаме“ сите слоеви на еден медиумски настап на група граѓани кои, парадоксално, има за цел да се самоповредува со стереотипите за заедницата на која ѝ припаѓа. Но, затоа, пак, пред да преминеме на елаборација на нашата констатација од претходниот став на оваа рецензија на новинарскиот извештај

Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Неодговорни лица одговорни за кингерот

на 8. 02. 2014 | | sq
Медиумите многу сакаат да бидат ексклузивни, да ги именуваат новинарските извештаи како ексклузивни и од таа преголема желба, многу често се случува оваа карактеристика на некојa новинарска вест да биде ѝ погрешно, несоодветно „залепена“. Така е и во случајот на оваа новинарска „ексклузива“, која воопшто не е тоа. За почеток само ќе кажеме дека искажано мислење не може да биде новинарска ексклузива, посебно не во новинарски стории во кои многу поважни и пресудни се фактите, а не мислењата. Така е секогаш кога се работи за новинарски известувања за несреќи и трауми. Втора битна работа, која не треба никогаш да се испушта од вид кога се известува за несреќи и трауми, многу прецизно е опишана во првиот став од членот 8

Рецензија: Успешни тестови на најсовремениот британски воен авион „таранис“

на 7. 02. 2014 | |
Навистина, по овој текст може слободно да се заклучи дека дел од македонските медиуми, ако ништо друго, тогаш барем не престануваат да изненадуваат, но за жал, со објавување ноторни глупости. Можеби сум (пре)остар, но како поинаку да се нарече информацијата пласирана до публиката дека Британците измислиле воен авион кој, според наводите, успешно ги минал првите тестови, а главни одлики му се невидливоста и замислете, брзината на светлината. Да, да, токму така, леталото се движи со брзината на светлината?! Чекајте, па како оваа вест за најважниот дострел во историјата на човештвото, бидејќи измислувањето на тркалото е „мало дете“ во споредба со ова, туку така мина незабележано. Тоа би значело дека човекот ги откри тајните на постоењето на универзумот. Ма каков „Хадронски

Рецензија: ФОТО: Жерновски ќе го прави Центар како Тирана

на 7. 02. 2014 | | sq
Отсуство на информативна компонента, непостоење на кредибилни извори, омаловажувања на поединци, кои на моменти преминуваат и во навредлив говор кон цели заедници во земјава, а за сметка на тоа никаде го нема главното – веста. Ова се главните одлики на текстот кој е предмет на рецензија. Станува збор за повторно „ставање под лупа“ на работата на градоначалникот на Општина Центар кој, судејќи според напишаното, што и да направи, па макар и да се сврти „наопаку“, никогаш „некому“ нема да му биде по мерак. Понуденото во написот, изобилува со спин-елементи, се со цел да се минира работата на локалната власт, која, нели, за чудо не е продолжена рака на владата. Крајната цена – неквалитетен прозивод, за жал ја плаќа публиката. Линк