Рецензии

Рецензија: Семејство со пет деца и само со 2.000 денари социјална помош

на 13. 02. 2014 | |
Текстот е олицетворение на една од новинарските функции, а тоа е да направи да се слушне гласот на оние што не се експонирани во јавниот живот, не припаѓаат на т.н. „општествени елити“, а, сепак, се дел од нашето секојдневие. Преку човечки агол и изјави е направена сторија за животот на едно семејство кое едвај скрпува крај со крај, а притоа се испраќа и порака до институциите да го преиспитаат своето работење. Новинарската сторија е соодветно видео-документирана со изјави и со снимки од амбиентот во кој живее семејството, што ја прави уверлива. Од овој прилог може да се добие впечаток за евентуални „законски дупки“ при доделувањето на надомест за трето дете. Линк до оригиналниот напис: Семејство со пет деца и само

Рецензија: ЗНМ со скриени и лажни податоци за членство

на 13. 02. 2014 | |
Станува збор за еден сосема необјективен прилог со видлива тенденциозност уште од насловот: „ЗНМ со скриени и лажни податоци за членството“. Во самиот старт медиумот излегува со сериозно обвинување: „ЗНМ кое тврди дека репрезенативно ги застапува новинарите – ги скри своите членови“, со јасна намера да го дискредитира најстарото новинарско здружение.  Па, наместо една чиста информација за бројноста на двете новинарски асоцијации, која нема да биде обременета со дополнителни коментари, на јавноста ѝ се подметнува  материјал кој  нагласено го фаворизира едното здружение. Линк до оригиналниот напис: ЗНМ со скриени и лажни податоци за членство Датум и време на објавување: 11.02.2014, 17:59 Датум на рецензирање: 12.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Прилогот има проблеми со вистинитоста. Тврдењето искажано во насловот,

Рецензија: Бебе се бори за живот, затруено од престој во градинка во Штип

на 13. 02. 2014 | |
Проблематичноста на овој текст има една, но навистина голема димензија. Станува збор за туркање, по секоја цена, на информација која, всушност, во самиот напис е демантирана од надлежните. Овде немаме пример на дознавање на сензитивна политичка информација која, поради нејзината природа, би било многу тешко „100%“ да се провери, туку за вест која „нема каде да бега“. Значи имаме или немаме отруено дете кое, како што се вели, се бори за својот живот? Во овој текст упорно, и без солидни новинарски огради, се тврди првото, иако кредибилен извор јавно кажува дека тоа не е така. И само по неколку часа се докажува токму спротивното од напишаното во текстот – дека нема затруено бебе и дека неговиот живот не е загрзоен,

Рецензија: Протестите во Босна се за поништување на Дејтон!

на 13. 02. 2014 | |
„Овие денови први вести од Балканот се протестите во Босна и Херцеговина. Истите се нападно каратеризирани како социјални, но ако во првите редови на демонстрациите се млади луѓе, со скапи телефони и гардероби, навивачки групи опремени со одбранбен и агресивен експлозивен материјал и јасно видливо лидерство се поставува прашањето – за што, навистина, се протестира во Босна?“ Овој текст за настаните во БиХ има неколку сериозни проблеми. Едниот е во неговата жанровска определеност (не е ниту коментар, ниту извештај), потоа во структурата: започнува како проширена вест, станува коментар, потоа следува потпис, во форма на иницијали, како текстот да е завршен. Но, потоа текстот продолжува без посебен наслов, во обид да се најдат неколку мислења на официјални лица од регионот, како

Рецензија: Рангирање на ЕУ: Македонското здравство меѓу најдобрите на Балканот

на 13. 02. 2014 | |
Насловот на кој било новинарски текст е исклучително важен сегмент од целиот процес на пишување и продукција. Тоа е така зашто насловот е еден од поважните елементи што го „продаваат“ производот и што ги тера луѓето да го прочитаат, да го разгледаат или да го прескокнат текстот. Насловот може да биде краток, долг, инвентивен и креативен, тенденциозен, здодевен… може да биде секаков, но никако не смее да биде неточен, односно да не одговара на фактите изнесени во текстот. Токму таков наслов имаме на оваа проширена вест и тој, без оглед на мотивите, е неточен и манипулативен. Не е во ред да се манипулира преку наслов, зашто преку насловот фактички е изманипулирано и со податоците во текстот, при што читателите се

Рецензија: Син на пратеничка раководи сајт, туристички работници се новинари

на 12. 02. 2014 | | sq
Речиси веднаш по објавувањето на истражувачката сторија на тим од тројца новинари на НОВА ТВ и на ФОКУС, за оф-шор бизнис-политиските врски помеѓу власта во Република Македонија и неколкуте портали, кои најмногу работат на дискредитација на опозицијата и критички настроените новинари во државава, овде е пренесен напис на едниот од засегнатите портали во сторијата, а кој говори за наводни незаконски врски и работење на два портали – brif.mk и А1он, кои, пак,  се критички настроени кон власта. Притоа, направен е обид за дискредитација на пратеничката Ленче Николовска од СДСМ преку обелоденување на информацијата дека сопственикот на brif.mk ѝ е син, но по сѐ изгледа намерно заборавајќи дека забраната за сопственост на медиуми за носителите на јавни функции важи само за

Рецензија: Темза пред излевање, најризично во Британија

на 11. 02. 2014 | | sq
Неретко се случува во медиумите да налетаме на наслови кои онака на прв поглед  ќе нè изнасмеат. Веста што ја  рецензираме е токму со таков наслов: „Темза пред излевање, најризично во Британија“. Во насловот е направена крупна грешка која не го остава читателот рамнодушен, просто изнудува коментар.  Веднаш се појавуваат извичници и прашалници, па само по себе се наметнува прашањето: а каде освен во Британија има ризик од излевање на Темза!? Линк до оригиналниот напис: Темза пред излевање, најризично во Британија Датум и време на објавување: 10.02.2014, 12:44 Датум на рецензирање: 11.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Веста е преземена од  Државната информативна агенија  – МИА, ја пренесоа  повеќе други медиуми  и нема проблеми со вистинитоста. Извори на информации:

Рецензија: Газдите на „Нетпрес“ загубени на релација САД-Кипар, „Република“ на Кариби

на 11. 02. 2014 | | sq
Истражувањето, дел од заедничкиот труд на тројца новинари за сопственоста на интернет порталите во Република Македонија, претставува атрактивно четиво. Иако е во прашање првиот дел од истражувањето, написот „врие“ од податоци за поврзаноста на имиња на политички личности и личности од бизнис заедницата, со фирми, сопственички удели во некои од интернет-медиумите, радикално критички настроени кон опозицијата. Богато илустриран, поткрепен со графички прикази за полесно согледување на комплицираните политичко-бизнис-медиумски релации, за кои станува збор, написот претставува добар пример на истражувачкото новинарство. Се разбира, комплетна слика за целото истражување ќе се добие дури со објавувањето на останатите делови. Линк до оригиналниот напис: Газдите на „Нетпрес“ загубени на релација САД-Кипар, „Република“ на Кариби Датум и време на објавување: 4.02.2014, 13:33 Датум на рецензирање: 

Рецензија: Зошто Иванов оди во Сочи?

на 11. 02. 2014 | |

(Рецензијата е изработена по барање на читател. Доколку и Вие сакате нашиот тим да рецензира некој текст кој Ви западнал во око, побарајте рецензија овде.)

Станува збор за текст кој има за цел да ни ја долови надворешната политика што ја води претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, но, кој, за жал, не е доволно содржаен за да нѐ воведе во таа политика, нејзините добри и лоши страни. Текстот тргнува од најавата за присуството на Иванов на отворањето на зимските олимписки игри во Сочи каде што тој, јавија медиумите, не стасал поради дефект на државниот авион. Текстот е пишуван пред информацијата дека авионот имал дефект што го спречило Иванов да оди во Сочи. Поради тоа неговото присуство во Сочи е откажано,

Рецензија: Конечно крај за турските серии

на 11. 02. 2014 | | sq
Никако не можеме да ја разбереме потребата на медиумот чија вест ја рецензираме да објави две години стара вест, да стави погрешен извор (наместо Денешен, како изворот на оваа мувлосана вест е наведен Дневник), а линкот да го одведе читателот до точниот извор на веста каде што е многу јасно датумирана веста, ноември 2012!? Зошто? Ајде да се работеше за некоја информација од посебен интерес за јавноста, која е, можеби, уште актуелна – да разбереме некако. Иако, дури и тогаш, тоа се прави на сосема поинаков и поссодветен начин за да се потсети на некоја стара вест, која од некои причини е сѐ уште актуелна. Ништо од тоа. Една тотално небитна вест се враќа сосема без никаква потреба на медиумската