Рецензии

Рецензија: Спрема ли опозицијата таен сојуз за дестабилизација на Македонија со радикалните исламисти?!

на 18. 02. 2014 | |
Од каде попрво да се почне? Дали од тоа дека целата понудена „конспирација“ ама баш со ништо не е поткрепена, дали од целосното отсуство на релевантни извори, дали од апсолутно неприфатливиот наслов, дали од содржината која има „шмек“ на политичко-полициска конструкција, дали од покажаното непознавање на македонскиот јазик поради серијата граматички и правописни грешки кои се надминуваат уште на почетоците на основното образование?! Навистина е тешко да се најде барем некаква позитивна точка во овој текст, кој на публиката ѝ е понуден како „легитимна вест“, иако во основа не ги задоволува минималните критериуми за да се нарече информација, бидејќи во себе повеќе содржи елементи на коментар. Линк до оригиналниот напис: СПРЕМА ЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ТАЕН СОЈУЗ ЗА ДЕСТАБЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА СО

Рецензија: Превентивен уплав од изборен дебакл

на 18. 02. 2014 | |
Весникот излегува со текст најавен на насловната страница, кој претендира да биде политичка анализа за изборите, но, за жал, ниту од далеку не успева да се приближи до овој новинарски жанр. Пред нас е еден необјективен и неиздржан напис со нагласена критичка интонација кон опозицијата. Овој материјал насловен како: „Превентивен уплав од изборен дебакл“, уште од самиот старт ја турка тезата дека, наводно, опозицијата се плаши од предвремени избори и креира атмосфера на страв, свесна дека ја очекува уште еден изборен пораз. Авторот на текстот ги кажува нештата на еден несоодветен начин, иронизирајќи и користејќи терминологија која има навредлив призвук. Притоа, се забележува дури и отворен анимозитет кон опозицијата. Па, така, „аналитичкиот“ дел почнува со една невообичаена „психоанализа

Рецензија: Балканот го тресе класна војна

на 18. 02. 2014 | |
„Kога поголем број луѓе премногу време гледаат дека животот не им се подобрува, туку напротив, им се влошува, а во секоја држава и во секоја нација има поединци што многу се збогатија за кратко време, ги тргаат националните теми настрана и многу повеќе размислуваат за класните разлики, велат регионалните аналитичари“. Ова е вовед во текстот со кој се анализираат сѐ уште експлозивните настани во БиХ. Авторот се труди да ја види социјалната страна, од мотивите и развојот на настаните сѐ до нивната преносливост на целиот Балкан, давајќи компаративни сугестии во таа насока. Компарацијата посебно паѓа во очи во ситуација кога на оваа тема се оди површно, се политизира или ситуацијата во Сараево и другите градови се прикажува небаре се работи

Рецензија: ФОТО: Ова е жената која на двапати ја ограби поштата во Катланово

на 17. 02. 2014 | | sq
Членот 8 од Кодексот на новинарите го утврдува начелото на пресумпција на невиност во новинарското известување како професионален стандард: Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. Токму ова начело во написот кој го рецензираме е прекршено. Не само што е објавен идентитетот на осомничената, туку и нејзина фотографија. Секој има право на правично судење и е невин додека не се докаже спротивното. Без исклучок. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова е жената која на двапати ја ограби поштата во Катлoново Датум и време на објавување: 14.02.2014, 15:01 Датум на рецензирање: 15.02.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Во насловот се тврди дека

Рецензија: “Репортери без граници е измама“

на 17. 02. 2014 | | sq, en
 Не е првпат истиот наслов да се појави во овој медиум , за што постојат и траги на пребарувачот Тајм.мк. Овој пат поводот е најновиот извештај на „Репортери без граници“, каде Македонија е рангирана на 123 позиција, што претставува пад за 6 места споредено со минатата година. Текстот е објавен веднаш по објавувањето на најновиот извештај на „Репортери без граници“ токму за да ја доведе во прашање релевантноста и да

Рецензија: Синот на Фрчкоски избран за претседател на младите на СДСМ

на 17. 02. 2014 | |
Што сѐ нема во овој текст. Де деца на екс-политичари, де проопизициски портали, де сестри, де кумови, де партија, де лидерот на таа партија, де кандидати за претседател на државата… Сите „мирудии“ за македонска медиумска „манџа“ се на број, само што запршката, ако таа може да се смета за финалниот дел од македонската „традиционална“ кујна, е толку лошо направена, што наместо „хранлив“ оброк публиката добива новинарска каша-попара. А, зошто е тоа така? Затоа што производот од самиот почеток е замислен и спроведен со системска грешка. Наместо да се пушти обично „вестче“ дека социјалдемократскиот подмладок во Скопје има нов предводник, како тоа да е некоја „breaking news“, се создава една цела „драма“ и барање конспиратори во опозициските и новинарските редови. А

Рецензија: Документ: Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ

на 14. 02. 2014 | | sq
Уште во формулацијата на насловот: „Документ: Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ“, се препознава  силна тенденциозност во пласирањето на оваа вест. Од ваквиот наслов се добива впечаток дека се работи за заткулисни игри и голем скандал поврзан со поранешниот министер во владите на СДСМ. Фактички, како што може да се види во веста, станува збор за документ стар 17 години (спогодба) со кој Исмаил своевремено преминал од Владата во СДСМ. Иако, од оваа дистанца делува чудно, сепак, тогашните законски прописи го дозволувале тоа. Линк до оригиналниот напис: Документ: Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ Датум и време на објавување: 13.01.2014, 11:59 Датум на рецензирање: 13.01.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Веста се темели на документот за преземање.

Рецензија: Ќе се отвора саркофагот на Гоце Делчев?

на 14. 02. 2014 | |
Со крајно ниско ниво на новинарска орговорност се најавува отворање на саркофагот на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје. Потрагата по авторот на саркофагот се поврзува со нужноста тој да се отвори за да се провери дали можеби потписот на авторот е некаде во неговата внатрешност. Написот е импровизирана мешавина од точни и повеќе неточни информации, по што веднаш по неговото објавување, истиот ден стигнал и демант од референтните институции дека воопшто не постои идеја или иницијатива тој да се отвори.
Линк до оригиналниот напис: Ќе се отвора саркофагот на Гоце Делчев?  Датум и време на објавување: 09.02.2014, 20:43 Датум на рецензирање: 13.02.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Главната, носечката информација во прилогот „Во

Рецензија: Сочи: Не служиме агенти од ФБИ и ЦИА

на 14. 02. 2014 | |
Куса вест, големи пропусти. Просто е неверојатно колку многу може да зборува за новинарот, уредникот и за медиумот продукцијата на еден новинарски продукт. Веста што ја рецензираме е продукт на новинска агенција и таа подразбира постапка на избор (бидејќи станува збор за преземена информација), преведување и преработка според агенциски професионални стандарди, уредничка интервенција (проверка на валидноста на елементите на веста), објавување и контрола на објавеното. Освен во првата фаза – изборот на веста, во сите останати  се направени сериозни пропусти и е објавена вест под сите новинарски стандарди. Линк до оригиналниот напис: Сочи: Не служиме агенти од ФБИ и ЦИА Датум и време на објавување: 12.02.2014, 11:16 Датум на рецензирање: 12.02.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Иако не се работи за

Рецензија: Руската црква е незадоволна од комуникацијата меѓу МПЦ и СПЦ

на 13. 02. 2014 | |
Во преамбулата на Кодексот на новинарите, меѓу другото, се вели: „Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.” Оттаму, секој новинар има обврска да ги пренесува вестите сеопфатно и во вистинскиот контекст за да не се доведе во ситуација, со знаење или ненамерно, да објави информации кои не ја отсликуваат реалноста или фактите. За жал, една ваква ситуација имаме во новинарската анализа што ја рецензираме тука која уште еднаш извлекува тези кои не постојат и кои не биле така изложени на средбата Иванов-г.г. Кирил, Патријарх на Руската православна црква (РПЦ) и тоа предизвикува погрешни заклучоци кај јавноста. Во целата анализа, која се потпира единствено на мислењето на Епископот Хераклејски на МПЦ, Климент,