Рецензии

Рецензија: Рада не му дава на Бранко да се врати!

на 21. 02. 2014 | | sq
Станува збор за тенденциозен текст најавен на ударно место на насловната страница на весникот. Овој напис со провокативен наслов: „Рада не му дава на Бранко да се врати!“, излегува со тврдење дека експретседателот на државата и поранешен лидер на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, е најпосакуваната личност за кандидат за шеф на државата, со неприкосновено прво место на предлог-листите на општинските организации на СДСМ. Но, наводно, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска на секаков можен начин го попречувала неговото кандидирање! Линк до оригиналниот напис: Рада не му дава на Бранко да се врати! Датум и време на објавување: 20.02.2014 Датум на рецензирање: 20.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Написот е мешавина од непоткрепени  информации и од факти чија вистинитост може да

Рецензија: ФОТО: СДСМ стои зад денешниот протест на стечајците

на 21. 02. 2014 | |
Текстот што го рецензираме остава впечаток дека е пристрасен и дека има за цел да го дискредитира протестот. Основната причина за ваквиот впечаток е што не се известува за суштината на протестот, туку се обележуваат личности кои се дел од него како блиски на политичка партија, а тоа е единствениот аргумент за протестите да бидат квалификувани како „сдсмовски“. Базичното граѓанско право за сите граѓани е правото на протест, независно од нивното политичко здружување во партија. Аргументот дека СДСМ е организатор на протестот се темели на тврдењето дека лицата што се учесници во него се претежно од Куманово и Струмица, две општини во кои градоначалникот е од опозициските редови. Непотпишаниот автор на текстот не дава уверливи аргументи дека тоа е така.

Рецензија: СДСМ со американски политички експерти, кој чинат 10 милиони долари, тргнува да го руши ВМРО-ДПМНЕ, copy-paste како во Србија?!

на 21. 02. 2014 | |
Првиот впечаток при читањето на написот е дека се работи за чист пример на пропагандистичко четиво, а, притоа, авторот, непознат, имал проблем како со стилот и правилата на новинарското изразување, така и со правописот и граматиката на македонскиот литературен јазик. Текстот, всушност, претставува обид на еден релативно мал простор од 20 и нешто редови да се пласира компилација на шпекулации без ниту еден понуден доказ за паушалните тврдења и без кредибилен извор, со исклучок на  „извори на Охридскај“ и „од самото раководство на СДСМ“. Иако поместен во рубриката „вести од Македонија“, не би можел да ја задоволи ниту најлежерната дефиниција на поимот: новинарска информација. Линк до оригиналниот напис: СДСМ со американски политички експерти кој чинат 10 милиони долари тргнува да

Рецензија: Протест на кумановските стечајци во Скопје

на 20. 02. 2014 | | sq
Точна, прецизна и објективна информација е стандард кој секој медиум треба да го испорача до публиката.  Во  материјалот што го рецензираме, за жал, впечаток е дека затаиле професионалните новинарски принципи при информирањето на јавноста. И тоа, почнувајќи од насловот со кој е озаглавен прилогот: „Протест на кумановските стечајци во Скопје“ , бидејќи на протестот, како што јавија медиумите, имало стечајни работници од осум градови. Со вака формулираниот наслов и со селективното прикажување на информацииите во текстот, се добива еден новинарски производ кој не ја отсликува реалноста. Линк до оригиналниот напис: Протест на кумановските стечајци во Скопје Датум и време на објавување: 18.02.2014, 18:54 Датум на рецензирање: 19.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Прилогот има проблеми со вистинитоста. Во првата реченица,  која

Рецензија: ПОГОДЕТЕ: Која наша спортска новинарка го поседува овој задник? ФОТО

на 19. 02. 2014 | |
За разлика од светските спортски новинарки, ние тука не можеме да се пофалиме со голем избор, но дефинитивно оваа новинарка може да им парира на своите колешки од другите земји“. Од вака пласираната информација, која е најавена и како „фото вест“, очекувате да прочитате за професионалниот успех на спортската новинарка во време кога се актуелни Зимските олимписки игри или за настан од домашниот спорт, па порталов решил да ја промовира колешката, но веднаш ве удира дамла на приземност и вулгарност, бидејќи нема ни „н“ од новинарство. На тацна ви се нуди новинарски задник, со кој замислете, како што пишува, спортската новинарка може да им конкурира на своите колешки од регионот?! А, притоа, понудени се неколку приватни фотографии „позајмени“

Рецензија: Истите лаги на истите новинари

на 19. 02. 2014 | |
Текстот напаѓа цела една плејада на познати македонски новинари и ги става на „столбот на срамот“ со цел да ги дискредитира пред македонската јавност.Кај голем дел од новинарите единственото што се менува е само работодавачот и името на медиумотот, а лагите остануваат исти… можат да се слушнат истите лаги од истите новинари“. Овојпат тоа е направено без никаков повод. Меѓутоа, постојат многу елементи со кои треба да се поврзе причината за ваквото писание, кое наликува на билборд-памфлет со прозивка на новинарите по име и презиме. Тоа се познати македонски новинари кои во своите новинарски прилози и интервјуа пренесувале важни пораки од ЕУ до македонскиот политички врв. Секако дека тие пораки најчесто не биле многу розови и имале

Рецензија: Косово ќе ги забрани звучниците на верските објекти

на 19. 02. 2014 | | sq
Султан Ахмед џамија попозната како Сината џамија е изградена во периодот 1609–1616 година. Според податоците, нејзината градба ја иницирал султанот Ахмед по неуспешниот воен поход како негов знак за да го задоволи Бога. Џамијата е препознатлива по нејзините 6 минариња и сините плочки во внатрешноста по која и го добила „второто“ име. Се смета за еден од најрепрезентативните објекти на отоманската архитектура. Величенствена градба навистина и среќен сум што сум го имал задоволството да ја посетам. За оние кои не ја виделе треба да знаат дека треба да се „потегнат“ дури до Турција, а не до ближното Косово. Ќе прашате каква врска, кога зборуваме за Сината џамија, имаат Истанбул и нашиот северен сосед? Одговорот е никаква, ама во овој текст

Рецензија: Се зголемува бројот на откриени случаи на корупција

на 19. 02. 2014 | | sq
Зошто постојат медиумите и методологиите за новинарска „обработка” на медиумски вредните настани, ако уредниците во медиумите пренесуваат соопштенија и статистики од билтени од буква до буква – без неопходната новинарска дистанца, без агол на медиумска опсервација соодветна на уредувачкиот концепт? Денес, кога секоја организација има свој веб сајт каде што си ги пласира значајните информации, уште повеќе до израз доаѓа улогата на медиумите кога ги преземаат тие информации. Медиумската обработка на информациите вредни за објавување и од интерес за јавноста од еднострани стануваат повеќезначни: јазикот на информацијата, кој најчесто е бирократски или високо стручен, станува јасен и прифатлив за широката публика, а статистиките, кои така поставени како што ги поставуваат организациите, компаниите или јавната администрација се нечитливи, со медиумска постапка

Рецензија: ФОТО: Приватните фотки што се кријат во телефонот на една девојка

на 19. 02. 2014 | |
Еротски или информативен сајт? Ова е прашање што ќе си го поставите ако ја отворите адресата на медиумот кој ви предлага, во самиот наслов, да ги видите приватните фотографии на една девојка. Девојката се вика Шарлот Спрингер, ни вели сајтот. И се сликала во повеќе провокативни пози. Сајтот не открива која е причината за полуголите фотографии и кому му биле наменети. Категоријата на фотографиите сајтот ја има опишано како «HOT». Мало пребарување на интернет открива дека Спрингер е британски модел и дека не станува збор за приватни фотографии. На нејзиниот сајт можат да се најдат повеќе провокативни фотографии и видеа кои се на граница на порнографија. На нејзиниот сајт може да се најде и понуда за платено зачленување на сајтот

Рецензија: Мистериозно здружение од Тетово става сопки за НАТО

на 18. 02. 2014 | | sq
Написот ги дава следниве заклучоци: „Албанците со петиција ќе издејствуваат Македонија да не се прими во НАТО“, …„дека и онака сме далеку од Алијансата зато што нема да најдеме заедничко решение за името со Грција“…, … „а министерот за одбрана ни е од УЧК, и дека  Албанците во 2001 година сакале да ја распарчат Македонија“…  Скокајќи од тема на тема, кога сето тоа е споено во текстот, направена е „турлитава“. Многу елементи во овој напис се спорни. Од тоа дали навистина во Тетово постои Здружение за развој на демократијата и дали тие навистина собираат потписи за петиција која ќе биде толку влијателна  во Алијансата и „ќе ја спречела земјата да влезе во НАТО“. Меѓу другото, со својот став