Рецензии

Рецензија: Полудел од љубомора: Белограѓанин во Беч со кујнски нож до смрт ја избол својата бивша девојка

на 25. 02. 2014 | |
Пред нас е вест која тежи од  јазични, литературни и граматички грешки, а има и географско промашување. Станува збор за материјал преземен  од српски медиум, кој не е ниту редактиран , ниту пак, лекториран. Грешките почнуваат уште од насловот:  „Полудел од љубомора: „Белограѓанин во Беч со кујнски кож до смрт ја избол својата бивша девојка“, кој во комбинација со поднасловот:„Австралиската полиција го уапсила Белограѓанинот Игор.М. (33)…“ , делува збунувачки. Така што  е нејасно  дали инцидентот се случил во Австрија, или Австралија!? Линк до оригиналниот напис: Полудел од љубомора: Белограѓанин во Беч со кујнски нож до смрт ја избол својата бивша девојка Датум и време на објавување: 23.02.2014, 12:40 Датум на рецензирање: 24.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Многубројните грешки ја

Рецензија: Со таблети во авионот од 1 март

на 25. 02. 2014 | | sq
Едната е германска, а другата е јапонска фирма. Едната е формирана во 1953-та, а другата во 1951-та година. Едната е најголема европска, а другата е една од поголемите азиски авиокомпании. Едната има повеќе од 600, а другата над 200 летала. Едната се одликува со жолтата и сината боја, а другата со црвена и бела. Едната за лого има син жерав, а другата црвен. Ова се само дел од главните разлики меѓу „Луфтханза“ и „Јапан Ерлајнс“, кои не биле доволни за некој да не направи фотогрешка во оваа вест. Линк до оригиналниот напис: Со таблети во авионот од 1 март Датум и време на објавување:  19.02.2014   Датум на рецензирање:  24.02.2014 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Кусата вест нема спорна вистинитост, но, затоа

Рецензија: Новинарката Лупевска вечерва се мажи за Турчин

на 25. 02. 2014 | |
Во оваа рецензија нема да навлегуваме во тоа како се случи новинарите и нивниот приватен живот да станат медиумски атрактивни теми, но, кога е веќе така, секако ќе ги одмеруваме тие новинарските текстови од аспект на нивната етичка и професионална „исправност“ со помош на методологијата на Сервисот за проверка на факти од медиумите. Ако веќе прифативме дека животот на новинарите, како проминентни личности (зашто само како такви можат да бидат медиумски вредни теми), е од јавен интерес, новинарска вест за свадбата на една новинарка е логична последица на тој интерес. Но, зошто би била од јавен интерес националната припадност на младоженецот и тоа во насловот? Објавувајки го тој детал, и тоа во насловот, медиумот и авторот на оваа куса вест

Рецензија: И Каролина Ристова-Астеруд во друштво на Црвенковски и Пендаровски

на 25. 02. 2014 | | sq
Коректноста на овој текст е ставена под знак прашалник од две страни директно засегнати во содржината која се пласира. Имајќи го тоа на ум се наметнува дилема и за целокупниот интегритет на понудениот материјал кој во одредени делови, врз основа на новинарската методологија, не успева до крај и прецизно да ги „додржи“ конструкциите кои ѝ се сервираат на публиката. Тука, пред сѐ, мислам на отсуството на кредибилни и јасно наведени извори, кои, секако, во голем степен би помогнале да се уверат читателите дека во раце држат производ кому може да му се верува. Ова четиво, во најмала рака, има „проблематична“ природа која понатаму ќе ја анализираме. Линк до оригиналниот напис: И Каролина Ристова-Астеруд во друштво на Црвенковски и Пендаровски Датум

Рецензија: ФОТО: Становите во Капитол Резиденс – најатрактивна градежна понуда во Скопје

на 24. 02. 2014 | |
Медиумската содржина што ја рецензираме овде е во спротивност со четвртиот став од членот 6 од Кодексот на новинарите кој вели: „Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.“ Овој текст не ги почитува новинарските стандарди, а ги има сите атрибути на спонзориран, промотивен текст. Според сите правила, кога станува збор за објавување на спонзорирани текстови, тие мора да бидат видливо маркирани како такви. Наместо тоа, овој текст е објавен е во подкатегоријата „Економија“ во рубриката „Македонија“ без било какво обележје дека станува збор за спонзоориран текст со што во заблуда се доведуваат читателите на медиумот. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Становите во Капитол Резиденс – најатрактивна градежна понуда во Скопје Датум и време на објавување: 21.02.2014, 

Рецензија: ПЕП 21: Антонио Милошоски јунак македонски нема да дозволи да се случи народ?!

на 24. 02. 2014 | |
Медиумот пренесува интегрално соопштение од политичка партија. Текстот е сосема во ред, уредно е атрибуиран и цитиран и може да се добие впечаток дека медиумот се оградува од него. Меѓутоа, она што се забележува дека „штрчи“ и не кореспондира со текстот е насловот. Имено, истото соопштение од ПЕП 21 е испратено до сите медиуми. Медиумот кој го објавува соопштението го пренесува и насловот кој, исто така, е испратен во склоп со соопштението. Линк до оригиналниот напис: ПЕП 21: Антонио Милошоски јунак македонски нема да дозволи да се случи народ?! Датум и време на објавување: 20.02.2014, 13:34 Датум на рецензирање: 21.02.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Интегралното соопштение како реакција на изјава е легитимно и медиумот постапил коректно и професионално што го

Рецензија: Македонија останува најдобра во регионот во борба против трговија со луѓе

на 24. 02. 2014 | |
Првата лекција во новинарството е веста и гласи дека таа мора да биде актуелна, се започнува со денес, или утре, а никако со вчера, бидејки граѓаните „ретко“ ги интересира она што се случило вчера. Мора да биде содржајна и точна. Во веста што ја рецензираме медиумот се повикува на „бројки и податоци во годишниот извештај за борба против  трговија со луѓе“ , но немаме информација за која година е извештајот и кој го поднел. Се добива впечаток дека информацијата е ,,извадена од замрзнувач и подгреана“ за пред евентуалните избори да претстави уште еден од серијата на „најновите успеси на Владата“ дека Македонија во регионот е најдобра во сé , па и во борбата против трговијата со луѓе. Веста не е

Рецензија: СДСМ лобира кај странските амбасади против предвремени избори

на 24. 02. 2014 | |
Текстот насловен:„СДСМ лобира кај странските амбасади против предвремени избори“, ја турка тезата дека социјалдемократите се плашат од изборно соочување. Станува збор за уште еден од низата написи кои на истата тема, веќе подолго време ги пласираат овој и неколку други  медиуми. И повторно се користат анонимни извори, во конкретниот пример „дипломатски“, а потоа, според веќе востановената практика, врз основа на непотврдени информации се прави тенденциозна проценка за наводниот страв и нервоза кај  најголемата опозициска партија. Како се наближуваат деновите во кои ќе мора да се донесе одлуката за тоа дали Република Македонија оваа пролет ќе оди на предвремени избори, очигледно расте нервозата кај оние политички структури кои се против одржување на предвремените парламентарни избори, а пред се

Рецензија: СДСМ со истото сценарио – повторно се обидува да го блокира Собранието

на 24. 02. 2014 | | sq
Би било претенциозно текстчево да се нарече партиски памфлет, бидејќи доколку и постоела таква амбиција таа е толку лошо изреализирана што конечниот производ е едно блуткаво четиво – има некаква мирудија во него, ама апсолутно не може да се утврди која. Некој, преку неполни 15 редови, сакал многу набрзина да „продаде“ информација за, како што се вели, обидите на опозицијата да го блокира Собранието. Очигледна е тенденцијата да се изврти целата приказна и само да се пласира епилогот, а не сето она што му претходело на крајот. Притоа, прекршени се низа професионални стандарди, како и Кодексот на новинарите на Македонија, почнувајќи од преамбулата дека „Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана…“

Рецензија: ВИДЕО: Американскиот изум HAARP кој го контролира умот на Балканот

на 21. 02. 2014 | |
Во минатите, дамнешни времиња, кога луѓето не можеа да си ги објаснат природните феномени, веруваа дека нив ги предизвикуваат натприродни суштества како богови или духови. Денеска, кога луѓето главно имаат одговори за природните феномени, не постои дефинитвен одговор зошто одреден круг луѓе имаат потреба да веруваат дека зад одредени општествени или политички феномени, како што се несреќи предизвикани од човечки фактор, војни, терористички напади или економски колапси, стојат мистериозни организации и личности кои управуваат со тие процеси. Во еден текст во Њујорк Тајмс (Why Rational People Buy Into Conspiracy Theories), авторот се повикува на неколку споредбени анализи на антрополози, социолози и психолози, кои, како еден од можните заклучоци на прашањето зошто луѓето „паѓаат“ на теориите на заговор, велат дека тие