Рецензии

Рецензија: Кузеска не ја прифаќала про-сдсмовската политика на 24 вести па била под притисок?

на 3. 03. 2014 | |
Во членот 16 од Кодексот на новинарите пишува: „Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги“. Членот 13, пак, утврдува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Како основен професионален стандард е проверката на информациите и нивната точност. Во продолжение рецензираме текст во кој непотпишаниот автор не ја контактирал засегнатата страна за која пишува, во случајот, новинарката Богданка Кузеска. Не обидувајќи се да допре до сржта на ситуацијата, медиумот го злоупотребува тоа што Кузеска си дала оставка за ја стави во дневно-политички цели – и тоа

Рецензија: Слична оценка како и лани за Македонија во извештајот за човекови права

на 3. 03. 2014 | |
„Македонија доби слична оценка како и претходната година во извештајот за почитувањето на човековите права во 2013-та. Оценета е како демократија која сѐ уште има проблеми во разграничувањето на државата, судството, медиумите и правата на помалите групи граѓани како хомосексуалците“. Делот посветен на Македонија во извештајот на Стејт дeпартментот за состојбата на човековите права е исклучително опширен и секако значаен за негово сериозно третирање во медиумите, бидејќи, се однесува за многу сегменти од нашето живеење и значи оценка од најмоќната сила во светот за степенот на демократија во земјата која себе се смета за компетитивна за влез во евроатланската алијанса. Но, МРТВ прави скромен прилог, како по содржината, така и по значењето и структурата, кое како уредувачката политика се пренесува

Рецензија: ФОТО: Стево Пендаровски не знае дека ќе го кандидираат ама со задоволство стои пред ваков натпис

на 3. 03. 2014 | | sq
Зошто упорно ни се сервираат текстови како демек дневно-информативни, а всушност класични спинови? Како да се објасни неновинарската силина и жестина против потенцијалниот, а сега веќе и најавениот кандидат на опозицијата за претседател на државата. Во оваа лавина од производи во кои главен е политичко-партискиот, а не новинарскиот мотив веќе се наѕира можната водилка по која некој ќе сака да ја „тера“ претстојната медиумска кампања, а тоа најверојатно нема да биде аргументирано спротивставување на ставовите и мислењата на претендентите за врвната позиција во земјава, туку „ниски“ удари, шпекулации и манипулации.  Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Стево Пендаровски не знае дека ќе го кандидираат ама со задоволство стои пред ваков натпис Датум и време на објавување: 26.02.2014, 17:57 Датум на рецензирање: 

Рецензија: Војската на Путин стигна на Крим, 11.000 руски војници со полна опрема дојдоа во Украина

на 28. 02. 2014 | |
Како тргнала работата со некои од медиумите во Македонија, сега е само прашање до каде може да се оди во креирање на медиумски конструкции за кои нема никаква реална поткрепа. Се прашуваме како некој новинар и уредник на еден онлајн медиум на Балканот, кој нема никакви новинарски професионални ресурси, ниту, пак, посериозни контакти во Украина и црноморскиот регион, да си помислат дека можат да бидат медиум кој на светско ниво можат да објават вест која во насловот гласи „Војската на Путин стигна на Крим, 11.000 руски војници со полна опрема дојдоа во Украина”. Така категорично и недвосмислено. Како ли било можно медиумот што ја објави оваа вест да помисли дека една ваква информација може да публикува пред „УНН” (Украинска национална

Рецензија: СДСМ повторно со сценарио за протести во Македонија

на 28. 02. 2014 | |
Текстот што е пред нас нема авторски потпис, нема кредибилни извори, нема факти и воопшто нема амбиции да ја прикаже вистината. Но, затоа натежнува од обвинувања и конструкци со видлива намера да се оцрни опозицијата и да се дискредитира „Маршот за достоинство“, најавен за в сабота (1 март) во пет минути до 12 часот. Овој новинарски производ  просто зрачи од тендециозност и тоа е видливо  од самиот наслов: „ СДСМ повторно со сценарио за протести во Македонија“, преку содржината, вклучително и изборот на фотографиите, кои ја заокружуваат манипулативната порака што им се испраќа на читателите.  Уште во првата реченица од текстот без никакви аргументи и со невидена леснотија се искажува опасно обвинување дека опозицијата, наводно, подготвува сценарио за дестабилизација на

Рецензија: Зошто СДСМ и Пендаровски лажат за кандидатурата за претседател на државата

на 28. 02. 2014 | |
„Можно ли е екс советникот на Бранко Црвенковски и актуелен претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции  во социјацдемократскиот сојуз да не знае за неговата кандидатура?“ Ваквата дилема се поставува само навидум и тоа како вовед во еден крајно тенденциозен и некоректен  текст од почетокот, па се до последниот ред.  Уште со навредливата интонација на насловот со кој е озаглавен овој материјал:  „Зошто СДСМ и Пендаровски лажат за кандидатурата за претседател на државата“,  се открива намерата за  дискредитација на најголемата опозициска партија и нејзиниот потенцијален кандидат за претстедателските избори.  Ваквиот потег не само што е целосно непрофесионален, туку е и неетички. Тој се коси со повеќе одредби од  Кодексот на новинарите и е во спротивност со назнаките

Рецензија: Фото: Доказ дека СДСМ стои зад денешните протести пред Владата

на 27. 02. 2014 | | sq
Веќе првата реченица навестува „драма“ – „Овој документ докажува дека СДСМ стои зад денешните протести“ е лаконско тврдење на авторот на написот и тоа се потпира на документ со „конспиративна“ содржина, без задолжителниот печат и потпис на потпишаниот функционер на Социјалдемократскиот Сојуз, Миле Зечевиќ, во кој тој ги повикува општинските организации во Скопје да делегираат свои членови, кои „дискретно“ ќе присуствуваат на протестите на стечајците пред Владата. Автентичноста на писмото е проблематична, бидејќи и на лаик му е јасно дека вакво писмо со било каква содржина, лесно може да се фалсификува, а објаснувањето дека тоа е пронајдено на социјалните мрежи, повеќе звучи како изговор отколку како објаснување кој е изворот на информацијата. И додека медиумите кои не ѝ 

Рецензија: Шеќеринска заминува, а СДСМ се враќа на власт – наесен 2016 година!

на 27. 02. 2014 | |
По читањето на текстот се прашав каде е „кристалната топка“, која, очигледно, е изворот на наведените информации. Значи, на едно место толку насобрани предвидувачки, па ако сакате и шамански моменти одамна немало. Навистина, станува збор за „ептен“ далекусежен материјал кој „гледа“ што ќе се случи не неколку месеци, туку неколку години однапред. Можеби се позајмени аналитичари на геостратешки организации, што владини, што невладини, кои врз основа на РЕАЛНИ согледувања се ОБИДУВААТ да изготват карта на можни идни движења на настани во одредени региони? Не верувам, иако топло би се израдувал некој македонски медиум да има таква можност да соработува со тој вид институции. Нејсе, ваквиот тип написи, односно анализи, како што кажува нивното име, треба пред се да се одликуваат

Рецензија: Нѐ очекува криза ако не се смени курсот на денарот

на 27. 02. 2014 | | sq
„Вредноста на денарот со години е преценета во однос на еврото и доколку Народната банка и Владата не преминат од фиксен кон променлив девизен курс, нашата земја неизбежно ќе доживее финансиска криза, покажува истражувањето „Теоретски аспекти и мерење на реалниот девизен курс“ што за Народната банка уште во 2007 година го направија реномирани домашни економски експерти. Во овој труд се анализира реалниот девизен курс од 1995 до 2004 година, при што се оценува дека курсот на денарот отстапува од своето долгорочно рамнотежно ниво до 8 отсто“. Во медиумите чија инвестициска основа е крупниот капитал малку-малку па се појавуваат текстови кои сугерираат напуштање на фиксниот курсот на денарот кон кошничката светски валути; всушност, се сугерира девалвација на денарот, со што некои

Рецензија: ФОТО/ВИДЕО: Заев осуден за затајување данок

на 27. 02. 2014 | |
Текстот станува интересен за рецензирање уште од насловот, поради тоа што во него не е јасно издвоено дека не станува збор за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, туку за негов роднина (трет братучед). Оттука читателот добива погрешно пренасочување на вниманието, односно насловот „залажува“ дека станува збор за друго лице, односно за претседателот на СДСМ. Новинарот можел да разграничи и да допрецизира на кого се однесува пресудата. Понатаму, интересно е да се забележи дека оваа вест се презентира во предизборен период, а пресудата е изречена пред 5 месеци. Линк до оригиналниот напис: ФОТО/ВИДЕО: Заев осуден за затајување данок Датум и време на објавување: 21.02.2014, 12:04 Датум на рецензирање: 24.02.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Документот, односно судската пресуда е изречена од првостепен