Рецензии

Рецензија: Рилковски бега од одговорност за дилемите при двојни избори

на 5. 03. 2014 | |
Во текстот најавен на насловната страница на весникот се препознава силна тенденциозност уште со формулацијата на насловот: „Рилковски бега од одговорност за дилемите при двојни избори“ . Станува збор за еден необјкетивен и некоректен материјал во кој наменски се толкува изјавата на претседателот на ДИК. Во самиот старт медиумот излегува со тврдење: Претседателот на Д ржавната изборна комисија Никола Рилковски вчера се огради од решавање на дилемите што може да произлезат за тоа дали на 12 и на 13 април кога е молк за претседателските избори ќе може да се спроведува кампањата за предвремените парламентарни избори. и преку класичен спин ја пласира тезата: „Рилковски ја амнестира ДИK од изборите“ Иако, Рилковски како што пренесоа медиумите, вклучуавјќи ја и Македонската информативна

Рецензија: Инвеститор од Дубаи гради откупен центар во Ресен, сто нови вработувања

на 5. 03. 2014 | | sq
Во брзањето да го претстави уште еден „успех“ на Владата во привлекување на странски инвестиции, медиумот не обрнал многу внимание на точноста на податоците кои се составен дел од информацијата. Воопшто не се размислувало дали има логика тоа што го пишува. Поважно било со име и презиме да се набројат членовите на владината делегација и функционерите кои присуствувале на „почетокот на изградбата на комплексот за складирање  и преработка на јаболко“, отколку да се објави точна информација колкав е навистина капацитетот на овој комплекс. Така, според она што медиумот го објавил, премиерот и делегацијата присуствувале на почетокот на изградба на еден безначаен капацитет „ ладилник со капацитет од пет тони јаболко на  фирмата „епл ленд“ од Дубаи која во него

Рецензија: Русија до Украина: Предајте се или напаѓаме во 5 часот наутро

на 5. 03. 2014 | | sq
Веста што ја рецензираме тука е своевиден преседан во праксата во македонското новинарство, а богами и во светот, зашто ако било кога и било каде била објавена ваква вест, таа секако ќе влезела во учебниците по историја. Бидејки на авторот на оваа рецензија не му е познат ваков податок, затоа со голема сигурност тврдиме – преседан, зашто веста, најавената новина во насловот, се демантира самата себе си уште во првата реченица. За да бидеме фер, треба да кажеме дека оваа информација на 3 март ја објавија многу медиуми, но она што не натера да го избиреме овој медиум е бесмисленото објавување со самодемант. Тоа зборува дека редакцијата веќе знаеле за демантот, но подлегнале на сензационализмот што го предизвикува тврдењето во

Рецензија: Грчки печат: Речиси е сигурно дека ВМРО- ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори

на 5. 03. 2014 | |
Текстот добро почнува и буди надеж дека така добро и ќе заврши. Како и секоја вест што пренесува реакции, се очекува да заврши со изворот или цитат од напис во некој медиум. Но кога, како и во случјов, се работи за вест поврзана за Грција, посебно за грчки медиуми, тоа се прави поинаку. Како по некое правило, одредени медиуми во вакви вести, како оваа што ја рецензираме денеска, имаат навика на крајот да стават „сопствен“ печат и да ја закашкаат веста која можела да биде солидна. И веста не би се нашла тука доколку не би постоел овој последен пасус: Иако грчките медиуми типуваат на ВМРО ДПМНЕ, се чини дека сепак навиваат за СДСМ и коалициските партнери, со оглед на

Рецензија: Кавадаречки бизнисмен добил шлаканица од скопски газда на фабрика за лекови оти многу зборел

на 4. 03. 2014 | |
„Редовната неделна седенка на познати бизнисмени во Скопје, пред неколку дена завршила со тепачка. Ручекот, на кој вообичаено бизнис пријателите си разменуваат идеи за работата, овој пат го засенил испадот на еден од нив. Газда на домашна фабрика на лекови, среде мезе, без причина, му залепил шлаканица на познат бизнисмен од Кавадарци, оти му упаднал во збор. Тие седеле еден до друг, па додека да се освести, на кавадаречкиот газда веќе на лицето му се гледале црвени траги од раката на производителот на лекови“. Ова е ударниот текст во саботното издание на „Вест“ на насловната страница, сместено на втората, а кое делува, ако можеме да се ослободиме од привидот дека читаме некаков роман или расказ, значи нешто што не е

Рецензија: Немирите во Украина се почеток на Трета светска војна – што предвидел Нострадамус?

на 4. 03. 2014 | | sq
Овој текст кој уште од првата реченица шири страв и се занимава со, во најмала рака, обично озборување. Кризата на Крим може да прерасне во општ конфликт, за кој со години предупредувал Нострадамус. Почнува ударно, со констатација како нешто веќе да се случило или, пак, како сигурно да ќе се случи. Притоа, како муабет во кафеана, текстот се занимава со „рекла-кажала“ информации и тези непоткрепени со ништо. Дури нема ниту цитати од пишаните моменти на Нострадамус, а обработува и некои наводно пророци кои се малку или воопшто не се познати во јавноста. И додека текстот изобилува со „што би било кога би било“ вистината е сосема поразлична од онаа која авторот сака да ја прикаже. Сето ова и би можело

Рецензија: Стево Пендаровски ќе стане претседател – но КАДЕ?

на 4. 03. 2014 | | sq
Веста што ја тестираме тука од аспект на потребните професионални етички стандарди, ја објави медиум кој претходните денови беше забележан како единствениот кој објави точна информација за тоа кој ќе биде кандидат на најголемата опозициска партија на претстојните претседателски избори. И тогаш таа информација беше поткпрепена постапката анонимен извори – „извори од  парстиското раководство за Прес 24…“, а така е и сега во оваа информација. Секако е важно да се знае дека првата информација е добиена од активности што биле во тек или веќе биле завршени и изворот на медиумот можел да „сервира“ релевантна информација. За разлика од тие околности, во тврдењата во медиумската содржина што тука ја рецензираме се укажува на можен развој на процеси кои зависат

Рецензија: ФОТО: Граѓаните масовно излегуваат да го дадат својот потпис за Иванов

на 3. 03. 2014 | |
Веста со наслов: „ФОТО: Граѓаните масовно излегуваат да го дадат својот потпис за Иванов“,  перфидно манипулира со вистината. Всушност овој материјал  е само еден од низата написи  во кои медиумот  со возбуда  известуваше  за „спонтаноста“, со која македонските граѓани во саботата (1 март) „итаа“ да се потпишат за кандидатурата на Ѓорѓе Иванов за уште еден претседателски мандат. Откако на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ огромен број делегати одлучија да застанат зад Иванов и тој да биде претседателски кандидат на владејачката партија, масовна поддршка актуелниот претседател добива и од граѓаните. Меѓутоа, од веста што ја рецензираме  не може да се разбере кои граѓани – членови на владејачката партија или непартиски лица –  во саботата попладнето добиле ваков ненадеен „спонтан“  порив да ја

Рецензија: Кој е Звонко Маковиќ да кажува што не чини во Македонија?

на 3. 03. 2014 | |
Навистина „дело“ за восхит кое веднаш, во оваа невидоизменета форма, може да се класифицира како прирачник за тоа „како новинарството да го замениш со општествено-партиски агитпроп“. Ваков материјал не би ме изненадил, ама пред 40 години кога лидерот на една земја од нашето најблиско соседство реши дека нему не му треба надворешниот свет, бидејќи тој самиот ќе си бил доволен за неговиот народ. Да кажеш дека „македонските граѓани не ги интересира ставот на еди кој си странец за битен проект“, кој во огромна мера ја поларизираше државата, е во најмала рака навреда на интелегенцијата на голем дел од популацијата. Ако некому не му е важно како го перцепираат во светот, мене лично ми е, а верувам дека е

Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Ѓорге Иванов се повлекува од кандидатурата за претседател?

на 3. 03. 2014 | |
Новинарството не е танте за кукурику, односно игра на одмазди. Пред нас имаме текст кој е јасен одговор на претходните објави за тоа дека кандидат на СДСМ за претседател ќе биде Стево Пендаровски, во кои во дел од провладините медиуми се изнесуваа низа шпекулации и непоткрепени тврдења. Во поглед на изборот на атрибуцијата, во текстот што го рецензираме, одбрана е вечно сомнителната формулација „партиски извори во врвот на владејачката партија“. Како да пренесува озборување, авторот без извори создава приказна со која навестува повлекување на Иванов од трката за претседател. Тоа го прави низ низа елементарно нелогични тврдења и констатации, како, на пример, дека „Првично Иванов добил цврсти гаранции лично од премиерот Груевски дека Пендаровски нема да ја прифати кандидатурата