Рецензии

Рецензија: За влакно избегнат голем раскол во СДСМ

на 10. 03. 2014 | |
Пред нас е исклучително пристрасен напис со претензиозен наслов: „За влакно избегнат голем раскол во СДСМ“. Текстот излегува со тврдење  дека во најголемата опозициска партија, наводно, се случува загижувачки внатрепартиски конфликт и дека тензичната атмосфера кулминирала пред номинацијата на Стево Пендаровски за претседателски кандидат.  А, за да добие приказната на драматика неизбежно се споменува екслидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски кој во конкретниот случај ја спaсил ситуацијата! Кандидатурата на Стево Пендаровски како претседателски кандидат на СДСМ висела на конец два дена пред вчерашниот конгрес на партијата.  Лидерот на партијата, Зоран Заев бил доведен во класична ситуација на уцена, по што решението на сериозната криза која се навестувала, морал да го најде екс лидерот, Бранко Црвенковски. Всушност, станува збор за

Рецензија: ШОКАНТНО: НА 20-тина километри од Скопје НАТО фрлил 10 тона ураниум, а Обединетите нации криеле иако знаеле

на 10. 03. 2014 | | sq
Веста што ја рецензираме тука е, ни помалку, ни повеќе, од минатиот век. Информациите за кои се говори во веста прв пат, според белградски Блиц, се објавени во јуни 1999 година во швајцарскиот дневен весник „Le Courier“. За жал, швајцарскиот весник не ја чува на интернет архивата од минатиот век (достапна е само онаа од 2001 година наваму) и не можеме изворно да ја прикажеме оригиналната сторија на новинарот Роберт Џејмс Парсонс (Robert James Parsons), фриленсер од Сооединетите американски држави. Но, траги од неговата сторија можат да се пронајдата низ многу други документи и публикации кои ја третирале темата бомбите со осиромашен ураниум во воената интервенција на НАТО во СР Југославија во 1999 година, како, на пример, во споменатиот Блиц

Рецензија: „Аурора“ доби награда за најдобар спа и ресорт хотел на Балканот

на 9. 03. 2014 | |
Пред нас е текст, кој според анализите е целосно невистинит. Притоа, не се знае дали текстот е подготвен по пристигнато соопштение или авторот „стигнал“ до информацијата на своја рака. За да се провери овој текст потребно е повеќе време, затоа што во него е спомената организација која во својот делокруг на дејствување важи за една од најдобрите и најпрестижните во светот. Тие имаат и свој веб сајт на кој точно може да се провери и за тоа кој бил номиниран и кој добил награда, па затоа во најмала рака е чудно, ако не и тенденциозно, зошто бил напревен овој „лапсус“. Или ако веста имала намера да биде прикриен платен рекламен текст, морало да се напомене дека се работи за ЕПП.

Рецензија: Жителите на Прждево на Иванов му изразија задоволство од исплатените субвенции

на 8. 03. 2014 | |
Спин мајсторите на Владата не обрнале внимание на уставните надлежности на претседателот на државата, па неговата протоколарна посета на едно демиркаписко село ја искористиле за спин во полза на владините политики, иако Претседателот нема никаква врска околу поделбата на субвенциите и решавање на комуналните проблеми на селското население. Линк до оригиналниот напис: Жителите на Прждево на Иванов му изразија задоволство од исплатените субвенции
Датум и време на објавување: 04.03.2014, 18:52 Датум на рецензирање: 06.03.2014 Рецензент: Александар Писарев  

БИРАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВА ИЛИ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ?

Пет фотографии на актуелниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов од неговата посета на село Прждево и три реда повеќе текст нè ставаат во дилема – дали избираме претседател на државата или водиме кампања

Рецензија: Севастопол: Нема македонски војници на аеродромот

на 8. 03. 2014 | | sq
Една, главно коректно напишана вест за настаните во Украина, во која се дадени сите потребни елементи за целосна информација, содржи две сериозни грешки, кои од неа направија школски пример како не смее да се прави вест. Веќе на прв поглед е забележлив насловот на веста: „Севастопол: Нема македонски војници на аеродромот“, а веднаш потоа внимание привлекува и илустрацијата на текстот – војници на АРМ закитени со македонски знамиња, построени пред високи званичници. Со оглед на тоа што светските медиуми во времето на објавување на информацијава беа буквално преплавени со информации од конфликтот во Украина, тешко дека можеше да се најде макар и просечно информиран човек кој не ги знаеше основните параметри на оваа криза – навлегувањето на руски

Рецензија: Иванов по градови и села, Пендаровски во елитен ресторан

на 7. 03. 2014 | |
Уште со самиот влез во текстот се гледа во кој правец ќе носи приказната и како ќе се развива, ако може за тоа да стане збор. Причината е едноставна: текстот се состои само од два моменти за кои се имало желба да се нагласат. И тоа дека едниот кандидат е елитист и не е близок со народот, а другиот секојдневно црпи информации од граѓаните, а вториот момент е тоа кој како е избран за кандидат за претседател. Уште од самиот наслов се гледа интенцијата и намерата, а така нѐ води и целиот текст. Линк до оригиналниот напис: Иванов по градови и села, Пендаровски во елитен ресторан
Датум и време на објавување: 05.03.2014, 23:31 Датум на рецензирање: 06.03.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев

Рецензија: Една четвртина од СДСМ контра Стево Пендаровски

на 6. 03. 2014 | | sq
Ако по утрото се познава денот така и по насловот се познава текстот. Ова е текст кој уште од насловот покажува дека нешто не е во ред, односно уште од старт сака да го изврти целиот настан. Текст во кој се прекршени повеќе членови од Кодексот на новинари, а меѓу нив и Членот 13 кој утврдува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Тука, пак, со фасцинантна упорност е направен сплет од коментирање, желба, намера, тенденција за нешто што е лесно проверливо и подложи на факти. „Една четвртина од СДСМ контра Стево Пендаровски“ е толку дециден наслов што ако се следи само еден медиум човек лесно може да се фати во

Рецензија: Мехмети: Пендаровски се обидува да им се допадне на ДУИ, но тоа не е тоа

на 6. 03. 2014 | | sq
Во веста насловена „Мехмети: Пендаровски се обидува да им се допадне на ДУИ, но тоа не е тоа“,  со нагласена тенденциозност е пренесена изјавата на пратеничката од ДУИ. Притоа, се манипулира со тоа што Мехмети јавно го кажа во Прес-центарот во Собранието, па во насловот се пласира една конструкција која, фактички, е дезинформација. Тоа се прави  со јасна намера да се дискредитира кандидатот на опозицијата за претстојните претседателски избори. Линк до оригиналниот напис: Мехмети: Пендаровски се обидува да им се допадне на ДУИ, но тоа не е тоа Датум и време на објавување: 5.03.2014, 16:29 Датум на рецензирање: 6.03.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРОИЗВОЛНО ТВРДЕЊЕ – КОМЕНТАТОРСКИ СПИН

Веста е како „пресечена“ со нож. Таа се темели на еден фрагмент

Рецензија: Двапати проверете кој ве лекува

на 6. 03. 2014 | |
„Добро проверете дали и каде се образовани оние што ви нудат услуги од алтернативната медицина, порачуваат познавачите на оваа област, бидејќи кај нас се’ уште не постојат пишани правила на игра. Не е определено кој, во какви услови и како може да работи. На пример, како хомеопат треба да се занимава со акупунктура или како се вршат разните терапии со магнети…“ Текстот објавен во „Нова Македонија“ е дел од онаа успешна школа која значи темелно проверување на факти за темата која се обработува, добра структура во поставувањето на материјалот и изобилство од извори. Настрана што е актуелна – неколку дена по објавувањето на анализата беше уапсен пензиониран полицаец кој „лекувал“ од брадавици и кој со својoт метод предизвикал канцер на

Рецензија: За која политичка опција во Македонија навиваат Грците ?

на 6. 03. 2014 | |
Не требаше многу време да помине од најавата дека со претседателските паралелно ќе имаме и вонредни парламентарни избори за да се појават вакви текстови. Метафорично, би рекле како „печурки по дожд“, со мало дополнување, ама отровни. Токму таква е содржината на овој напис кој не случајно е темпиран токму сега – пред третите вонредни избори во неполни шест години. Премногу случајности на едно место, нели? Па, уште кога ќе се види главниот „супстрат“ на понуденото! Што друго ако не „асот од ракавот“ – прашањето за името. Интересно, овој проблем, барем меѓу некои медиуми, добива уште толку на важност секогаш пред избори. И нормално, речиси без исклучок заклучокот на анализите, барем на некои медиуми е дека ако има промена на власта