Рецензии

Рецензија: Германски туристи навалија во Македонија

на 12. 03. 2014 | |
„Од 2012 до 2013 година бројот на германските туристи во Македонија е зголемен од 12.000 на 30.000, пишува Дојче Веле. Ова покажува дека вреди редовното претставување на најголемиот светски саем за туризам (ИТБ) во Берлин, најексплицитно потврди искуството на Македонија. За само две години бројот на германските туристи кои ја посетиле земјата е зголемен за два и пол пати. Или погледано низ бројки, од 12.000 Германци кои престојувале во Македонија во 2012, бројот минатата година скокнал на 30.000“. Во време на предизборие е најден еден прилично обемен извештај на Дојче Веле од нашиот настап на Саемот за туризам во Берлин и во скусена форма го објави под наслов кој ја менува суштината на текстот и место анализа за „зголемениот

Рецензија: Елитистите од СДСМ срамно бараат еднакви можности за нивните деца

на 12. 03. 2014 | |
Во современите општества, посебно во дискурс на екстремната десница, манипулација со зборовите е вообичаена појава.  Меѓутоа, Филип Бретон, професор на Сорбона и истражувач во „Лабораторијата за социологија и европска култура“ во Стразбур, во својата книга „Изманипулираниот збор“ предупредува дека и тогаш  манипулацијата мора да биде маскирана,  неприметна, инаку ќе биде откриена. Непотпишаниот автор на ова писание веројатно не го прочитал  Филип Бретон, па скрпил едноставен, евтин, травијален производ за да ги задоволи малограѓанските комуникациски потреби на конзументите на популарната кич култура и да ја покаже лојалноста не кон граѓаните и читателите, и не кон јавниот интерес, туку кон своите политички ментори. Притоа, неговата манипулација оди дотаму, да опишува, коментира и пренесува атмосфера од настанот на кој не присуствувал. Затоа само

Рецензија: Пендаровски во старата Скопска чаршија го пречека само „Аман“

на 12. 03. 2014 | | sq
Материјалот што го рецензираме е необјективен, пристрасен и крајно тенденциозен од насловот: „Пендаровски во старата  Скопска чаршија го пречека само „Аман“ “, па до последниот ред. Уште во самиот старт со забележлива доза на задоволство с е констатира дека, наводно, пропаднала прошетката на Пендаровски во Старата Чаршија. Една недела по изборот за кандидат на опозицијата за претседател професорот Стево Пендаровски излезе на јавен настан и веднаш со соочи со проблем. Наместо стотици граѓани како што му било најавено Пендаровски бил пречекан само од претставници на невладината организација Аман . Во овој спинерски производ, испишан во 12 реда со јасна критизерска интонација кон опозицијата и нејзиниот претседателски кандидат, видлива е идејата да креира мислење дека Пендаровски нема поддршка во јавноста. Линк

Рецензија: Анализа: Граѓаните ќе заокружуваат проекти, а не зборови и ароганција

на 11. 03. 2014 | | sq
Ова е четиво во кое само се нуди привид на објективност, а всушност има силна пристрасност. Народски кажано: „Џабе ти се ѕидовите, ако нема темели да ги држат“. Ако се сакало вистински, избалансирано да се споредат понудите на власта и на опозицијата во пресрет на двојните избори ќе се „копало“ подлабоко, а не само да се „гребело“ по површината, употребувајќи формулации „авторски заштитени“ од главната владејачка партија која упорно сака да не увери дека таа е израз на народната волја и дека сѐ што прави, прави за наше добро наспроти размазената и дефокусирана опозиција. Власта може за себе да каже што сака и може себеси да се перцепира како најубава, најпаметна, најмудра и секако дека е со „двете нозе цврсто

Рецензија: ВИДЕО: Кабинетскиот елитист Пендаровски во наместен телефонски разговор?

на 11. 03. 2014 | |
Вакви текстови навистина понекогаш е и тешко да се рецензираат зашто последните денови се појавија на куп. Мора многу да се внимава за да не се навлезе во круг на повторување, затоа што понекогаш се случува и цели пасуси да се копи-пејстирани од други „слични“ текстови. Затоа е потребно „големо“ познавање на логиката на ваков тип текстови за да не се фатите во замката која ја нудат. Инаку, уште од насловот „ВИДЕО: Кабинетскиот елитист Пендаровски во наместен телефонски разговор?“ се гледа омаловажување на посочениот лик во приказната. Потоа, текстот нуди препознатлива шема на коментирање, а единствената вистина е дека имало телефонски разговор. Тоа, всушност, се гледа и од видеото постирано на социјалната мрежа Јутјуб. Но, никаде не се наведува

Рецензија: Пендаровски бара решавање на името далеку од очите на јавноста

на 11. 03. 2014 | | sq
Вон контекст, вон контекст, вон контекст… Тоа е сумарната оценка за овој текст. Земена е изјава од пред неколку месеци и сега е актуелизирана. Зошто? Бидејќи неа ја дал актуелниот кандидат на опозицијата за претседател на државата. Значи, тоа што тој го рекол пред 3 месеци тогаш можеби не било релевантно, но сега е поради неговиот сегашен ангажман. Мириса на политичка „манџа“ нели?  Дополнително, „алармот“ е вжештен, бидејќи човекот зборувал за прашањето за името – тема која, нели, е во доменот исклучиво на власта, која, пак, најмногу „многу милува“ да ја шири својата „борбеност и патриотизам“ во секое предизборие во изминатите 8 години. Кога тоа ќе се збере со фактот дека станува збор за „бајата“ изјава многу лесно се увидува

Рецензија: Курир: Пендаровски по налог на Црвенковски протуркан за претседателски кандидат

на 10. 03. 2014 | |
Линк до оригиналниот напис: Курир: Пендаровски по налог на Црвенковски протуркан за претседателски кандидат Датум и време на објавување: 05.03.2014 Датум на рецензирање: 08.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Централното прашање што го отвора оваа рецензија е зошто медиумот што ја објавил оваа медиумска содржина воопшто го направил тоа кога на истата тема претходниот ден имаше своја сосема коректна новинарска сторија – извештај за изборот на кандидат за претседател на на конгресот на најголемата опозициска партија (Потврдена кандидатурата на Стево Пендаровски)? Зошто кога содржината што ја преземаат нарушува повеќе стандарди на професионалното етичко новинарство, почнувајки со кршење на членот 13 од Кодексот на новинарите кој вели: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“ Веста што ја

Рецензија: ВИДЕО: Заев го нарече Стево државник, како и слоганот од 2004 за Бранко Црвенковски за државник

на 10. 03. 2014 | |
Пред фактите и боговите молчат, но кога би го прочитале овој текст, би станале зборлести. Членот 13 од Кодексот на новинарите, всушност, прецизно ја лоцира потребата новинарите да се држат на професионална дистанца од сопствените мислења тогаш кога создаваат вести. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Се разбира, новинарите имаат право да коментираат и да имаат ставови, но тоа е пожелно да го прават издвоено во посебни журналистички жанрови, како коментари и колумни. Информативните жанрови, односно во конкретниот случај вестите, е потребно да бидат необременети со мислења, туку полни со факти. Во текстот што го рецензираме се забележува нешто сосема спротивно на ова. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Заев го нарече Стево државник,

Рецензија: Пендаровски ги доби гласовите, Црвенковски апсолутен победник на конгресот на СДСМ

на 10. 03. 2014 | |
Манипулација со факти, извртување на настани од минатото, обид за сериозно спинување на актуелната ситуација. Ова се само некои од карактеристиките со кои се одликува овој текст чија „формална“ задача е да ни каже кој е кандидатот на опозицијата за претседател на државата, а „фактичка“ наредба, (не) се знае од каде, е да „отвори оган“ врз спомената личност. Притоа, не се внимава на употребата на средства за да се исполни целта, а професионалните стандарди се останати „таму некаде“. Намерата да се споменуваат настани од пред десетина години и повеќе е очигледно за да се „забошотат“ вистинските случувања од почетокот на веков. За среќа, не сите имаме толку кусо паметење како што некој мисли, или, пак, сака да нѐ убеди.  Линк

Рецензија: Мелита и Ријана со шапки со црна мрежа на лицето

на 10. 03. 2014 | |
Вакви текстови сѐ повеќе можат да се прочитаат во т.н. забавни медиуми. И, не е проблемот во тоа што се прави некоја споредба, туку проблемот е кога споредбата е „неспоредлива“. Вакви текстови, обично се прават по „нарачка“. Тој што сака да излезе во медиум се јавува кај уредникот и се договара со што ќе „удрат“ неделава. Сепак, кога, како во овој случај, се споредуваат Ријана и Мелита Ракичевиќ, човек не може, а да не остане зачуден или во полош случај „навреден“ од „интелигентниот“ текст. Линк до оригиналниот напис: Мелита и Ријана со шапки со црна мрежа на лицето Датум и време на објавување: 04.03.2014, 11:11 Датум на рецензирање: 07.03.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОЊОТ СЕ ОТПУШТИЛ ОД УЗДИТЕ

Па, можеби и