Рецензии

Рецензија: ФОТО: Ајде администрацијo, сите заедно: Тони ти си цар!

на 14. 03. 2014 | |
Ова е еден од оние новинарски текстови кои го употребуваат принципот анонимен извор. Тоа не е непозната, ниту, пак, недозволена пракса во професијата. Но, и за употребата на анонимните извори има правила кои мора да се почитуваат. Еден од тие правила го регулира и членот 4 од Кодексот на новинарите: „Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.“ Линк до оригиналниот напис: ФОТО Ајде администрацијo, сите заедно: Тони ти си цар! Датум и време на објавување: 11.03.2014, 14:44 Датум на рецензирање: 12.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Во исполаризираната атмсофера на предизборната кампања, сведоци сме на политичка битка во која политичарите употребуваат широк спектар на оружја – и дозволени и недозволени. Како

Рецензија: Кандидатот на СДСМ Пендаровски со „револуционерни методи“ во битката за претседател

на 14. 03. 2014 | |
„Хибрид“ текстовите, каков што е овој, во последниот период (пре)многу зачестија во домашните медиуми. Таквата појава можеме да ја поврземе, пред сѐ , со претстојните редовни претседателски и вонредни парламентарни избори. Оттука, при секое среќавање со ваквиот „новопечен новинарски жанр“ треба на ум да се има можната политичка мотивација, па дури и би рекле инструираност за неговото создавање. Медиумските „хибриди“, барем на македонската почва, не бараат многу новинарски обврски како ангажираност, аналитичност, содржајност, писменост, убедливост. Тие успешно виреат и без извори и соговорници, не бараат „некоја си“ доза на вистинитост, даваат „особено“ многу плодови кога се меша веста и коментарот, но, затоа, пак, изискуваат голема доза на спин – елементи и пристрасност по можност партиско-политичка. Линк до оригиналниот напис: Кандидатот

Рецензија: Со помош до 10 илјади евра и Норвешка ќе глуми професор по новинарство во Македонија

на 14. 03. 2014 | |
Веќе во насловот интониран со видлива доза на сарказам: „Со помош до 10 илјади евра и Норвешка ќе глуми професор по новинарство во Македонија“,  се навестува каква приказна се плете во написот најавен на насловната страница на весникот.  Текстот ја проблематизира потребата  амбасадата на Кралството Норвешка во Белград  да  додели грантови за поддршка на професионалното новинарство во  Македонија, Србија и Црна Гора (30 гранта во висина од  3.000 до 10.000 евра во зависност од проектот), по повод  200 годишнината од донесувањето на норвешкиот Устав. Материјалот што е предмет на оваа рецензија  е тенденциозно скроен. Тој ја става под прашалник искреноста  на намерите на Норвешка за финансиска поддршка на новинарски стории поврзани со владеење на правото. Што претствува голем срам

Рецензија: Со кого зборуваше Стево Пендаровски по телефон, со Манчевски или со Енвер?

на 14. 03. 2014 | |
Епохално откритие. Фатен претседателскиот кандидат со кого зборувал на телефон. Телефонскиот разговор на едниот од претседателските кандидати, кој се појави на Јутјуб, секојдневно „ја тресе“ македонската јавност. Секојдневно, како во буре без дно се пласираат информаци која од која пошпекулативна. Да биде зачуденоста уште поголема, секоја нова шпекулација е повеќе небулозна од претходната. Да биде па работата и трагична, во оваа вест се имплицираат дури и меѓунационалните односи во контекст да се навредат и кандидатот за претседател и цела етничка заедница во Македонија. Тоа во овие времиња донекаде е опасно и далеку од здравиот памет. Но, кој вика дека во време на кампања во Македонија има здрав памет. Доволно е да се прочита овој пасус и да се заклучи колку

Рецензија: Третата светска војна започна! Мета сме ние, луѓето!

на 14. 03. 2014 | |
Да бидеме искрени, медиумската содржина што ја рецензираме е толку аматерска, несериозна, контрадикторна на самата себе си, што воопшто не е ниту предизвик за една ваква анализа. Но, ние ќе бидеме докрај професионални и методолошки консеквентни во нашиот пристап само заради читателите за да им укажеме на грешките и на манипулациите што ги прави овој текст. Иако, повторно да бидеме искрени, веќе не веруваме дека и публиката „паѓа“ на вакви фантазмагории. Линк до оригиналниот напис: Третата светска војна започна! Мета сме ние, луѓето! Датум и време на објавување: 11.03.2014 Датум на рецензирање: 12.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Да почнеме со вистинитоста. Текстот, кој е лошо преведен од српски медиум и преземен од овој нашиот, се потпира на едно видео на Разузанавачката

Рецензија: Шекеринска наместо одговори, дели часови по ароганција

на 14. 03. 2014 | |
Ова е текст кој изобилува со навреди. Од насловот, па се до крајот, вклучувајќи ја и фотографијата во текстот, на која се гледаат коментари од Фејсбук, е навредувачки и омаловажувачки. Дури текстот си зема за право да прави и психолошки профил на една личност, навредувајќи по сите основи, a притоа да не даде никави факти. Текстови кои се засноваат на „познавачите“ немаат ниту „Н“ од новинарство. Уште повеќе, пак,текстови кои мислат дека говорат во име на целата јавност уште помалку треба да имаат смелост да се нарекуваат новинарски. Доволно е да се прочита само овој пасус и да ви биде јасно каков текст денеска имаме пред нас. Познавачите и јавноста се згрозени од ваквата ароганција на Шекеринска. Коментираат дека кај

Рецензија: Постојано се одложува решението на проблемот со кривопаланечката депонија

на 13. 03. 2014 | |
Темите кои се однесуваат на животната средина ретко се наоѓаат на дневната медиумска агенда, особено ако за тоа нема повод. Овој телевизиски прилог е исклучок од трендот и изборот на темата и самото тоа што новинарот ја опредметил својата улога на „агенда сетер“, поставувајќи го овој долгогодишен проблем во листата на теми, е за пофалба. Покрај тоа, откако ќе се погледне прилогот, се добива севкупна, концизна и јасна претстава за лоцирање на одговорноста, се поставуваат високо и се почитуваат професионалните стандарди за консултирање на инволвираните страни и се посочува точно „каде лежи зајакот“ и како проблемот влијае на имиџот на Република Македонија. Линк до оригиналниот напис: Постојано се одложува решението на проблемот со кривопаланечката депонија Датум и време на објавување:

Рецензија: ВИДЕО: Пакет празни зборови-нова понуда од СДСМ

на 13. 03. 2014 | | sq
Наслов, два видео-клипа и ниту еден збор повеќе, а толку згрешен производ. Зашто? Затоа што и воопшто не е новинарски материјал, а се „продава“ како вест. Поточно, станува збор за политичка „црна кампања“ или ако сакате „антикампања“, а притоа тоа никаде не е наведено. Грешката, а верувам дека е намерна, е направена токму во екот на предизборитето и има за цел да дискредитира еден од претседателските кандидати и партијата која застана зад него. Тогаш за какво новинарство овде зборуваме? Тоа е и поентата, нема новинарство, туку политички маркетинг. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Пакет празни зборови-нова понуда од СДСМ Датум и време на објавување:  10.03.2014, 15:42 Датум на рецензирање:  11.03.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

СТАНДАРДИТЕ ОТИДЕНИ „ПО ЃАВОЛИТЕ“

Овде имаме работа

Рецензија: Дојран ќе привлекува туристи со нови плажи и рекреативна патека

на 13. 03. 2014 | |
Линк до оригиналниот напис: Дојран ќе привлекува туристи со нови плажи и рекреативна патека Датум и време на објавување: 10.03.2014, 15:37 Датум на рецензирање: 11.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Што е правно, а што е праведно? Што е легално, а не е фер? Што е чесно, а што итрина? Каков и да е одговорот на овие прашања кога се разгледуваат во конткест на политиката, тие се во тесна врска со моралот и достоинството на политичарите. Тие можат да си поигруваат со моралните норми, доколку тоа го сакаат или го чувствуваат за потребно, но треба да сметаат на тоа дека за таквите нивни постапки ќе бидат изложени на судот на јавноста и на тестот за проверка на довербата кај граѓаните на

Рецензија: ФОТО: Погледнете колку луѓе го пречекаа Претседателот Иванов во Македонски Брод

на 13. 03. 2014 | |
Овој текст, ако судиме од насловот, има за цел да ни покаже една масовност за претседателскиот кандидат во едно гратче, кое и онака е меѓу најмалите во Македонија. Според логиката на текстот, штом во ова гратче се собрале скоро „сите“ жители, замислете колку, пак, подржувачи има во поголемите градови. Навудум детска „финта“ со текст, но не треба да се занемери податокот дека читателите не перцепираат многу од малку според насловот и според фотографијата. А, фотографии има и навистина се од настанот, но не знаеме колку се тоа многу, зборуваме за луѓе, собрани во салата, или, пак, што значи малку. Исто така, ако сакаме математички да ја анализираме веста, треба да имаме податок, па според квадратурата да дознаеме колку луѓе оптимално