Рецензии

Рецензија: Како Шилегов со минимална плата стекна огромно богатство?!

на 18. 03. 2014 | |
Ваквите текстови со црна кампања последниов период зачестено се појавуваат во одредени медиуми. Таков е и овој текст кој денеска е цел на рецензија. Уште од самиот наслов се гледа каков ќе биде текстот и што сака да се нагласи. Кога имаме наслов со прашање и чудење, читателот очекува да добие и одговор. И тоа вистински одговор. Но, кога ќе се прочита текстот се заклучува дека тој не нуди одговори, туку уште повеќе нафрлува прашања. Така, излегува дека вест која треба да понуди решение на целта, но, нуди само прашања, прашања и прашања. Се претпоставува дека читателот сам треба да го одгатне прашањето, притоа заборавајќи дека некои прашања едноставно не заслужуваат никаков одговор. Линк до оригиналниот напис: Како Шилегов со

Рецензија: Малку поинаков 8-ми март за Сара Николовска

на 18. 03. 2014 | |
Основната забелешка за овој материјал насловен : „Малку поинаков 8-ми март за Сара Николовска “, е што не заслужува да биде медиумска вест! Нејасно е врз основа на што е заклучено дека оваа информација е важна за публиката ( гледачите), па како таква има потенцијал да биде вредна медиумот да ја објави? По гледањето на „прилогот“, во кој новинарката со возбуда раскажува како една млада битолчанка за денот на полнолетството од нејзиниот вујко добила подарок автомобил, првото прашање кое само се наметнува е: „а, кому му е гајле за тоа!?“ И можеби би имало некакво разбирање за ваков тип медиумски производ, доколку се работи за повеќе или помалку експонирани личности од естрадата, културниот, јавниот и политичкиот живот во

Рецензија: И СОРОС „удри“ по Шеќеринска

на 18. 03. 2014 | | sq
Проверката на вистинитоста на фактите е една од темелните новинарски должности. Таа обврска е потенцирана и во Кодексот на новинари каде се вели дека новинарот ќе објавува проверени факти. Во членот 1 од Кодексот пишува: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. Во текстот што го рецензираме, не само што се објавени неточни факти, туку и не е направен

Рецензија: Владата продолжува да инвестира во студентските домови

на 17. 03. 2014 | |
Во најмала рака цинично зазвучува насловот на веста која донесува исказ на ресорниот министер за состојбите во студентските домови во Република Македонија. Но, тоа очигледно не го тангира авторот, па истиот исказ е извлечен и повторен и во поднасловот. Кога ќе се земат предвид грозоморните слики на руинираните простории, нехигиената и крајниот стадиум на запуштеноста во која се наоѓаат сместувачките капацитети за студентската популација во државата, што беа вистински „хит“ во домашните и светски медиуми деновиве, на читателот веднаш му се наметнува едно логично прашање: ако на ваков начин Владата „инвестирала“ во студентските домови досега, зарем има логика да се фали дека на истиот начин и ќе продолжи? Токму оваа „поента“ на министерот Спиро Ристовски од насловот генерираше негативни коментари

Рецензија: Несекојдневна дарба на ученикот од скопска општина Аеродром

на 17. 03. 2014 | |
Новинарот, за да може професионално да се занимава со својата професија, мора да поседува енциклопедиско знаење, широка култура и стручност за темите кои сака да ги обработува. Во големите и сериозни редакции постојат стручни консултанти за разни области кои им помагаат на новинарите подлабински да ги обработат темите кои се од  јавен интерес, а за кои новинарот не е доволно стручен. Читателот, кој го предложил овој текст за рецензија, сериозно се замислил над темата, поставувајќи прашање дали треба да се глорифицира дете од девет години, кое е оптеретено со геостратешките проблеми на денешницата и историските премрежија околу Македонија, нејзините историски поделби, неслоги меѓу политичарите и револуционерите, односите и лични неслагања помеѓу Јане Сандански и Тодор Александров, мажачката на вдовицата на

Рецензија: ВИДЕО: Одвратно! Ларва живеела во увото на една жена

на 17. 03. 2014 | |
Секој обид објавената содржина да биде ставена во некакви професионални новинарски рамки, за жал, остана безуспешен. Рутински поглед врз Кодексот на професионалните новинари укажува дека ниту еден член не е прекршен. Одговорот на прашањето зошто е тоа така е многу едноставен – во овој случај не станува збор за новинарски производ и токму затоа Кодексот тука не важи! Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Одвратно! Ларва живеела во увото на една жена (Внимание: вознемирувачка содржина!) Датум и време на објавување: 12.03.2014, 04.30 Датум на рецензирање: 15.03.2014 Рецензент: Тони Димков Ако, сепак, се придржуваме до „новинарскиот устав“, тогаш клучните принципи кои излегуваат на површина, а би можеле да се однесуваат на оваа објавена содржина, се јавниот интерес, етичките вредности, угледот и достоинството

Рецензија: Рангелова и возврати на Шеќеринска на Фејсбук!

на 17. 03. 2014 | |
Не ми е јасно, а верувам и на публиката, што сакало да се каже со овој текст. Дали да информира, дали да коментира, дали да фали едни и куди други, дали да објасни една тема или загатне друга, дали само да спинува… Навистина збунувачки, нешто како „сакам кажам незнам речам“. Најверојатно, а мораме да нагаѓаме, бидејќи написот е тотална мистерија, требало „нешто наменски“ да се одработи, но тоа е премногу дилетантски сторено. Дури зачудува и, така да ја наречеме, неподносливата леснотија со која некој се впуштил во таков „амбициозен“ проект налик на низата други потфати пласирани од серија медиуми, без претходно да се обиде да научи или барем разбере што е новинарска реченица, мисла, поставување теза, градење текст, нудење содржајност.

Рецензија: Во 1964 Скопје беше пред времето

на 17. 03. 2014 | |
„Со многу работа, кореспонденции, патувања, контакти, светските уметници во средината на ’60-тите почнале да подаруваат дела во Скопје. Вредната меѓународна колекција продолжила да се создава подоцна и со откуп, па денес има околу 5 илјади дела. Во сегашната постојана поставка се издвоени околу 300, а конципирани се во 3 и пол илјади квадратни метри, од кои илјада и пол се новоадаптиран простор кој, за жал, низ годиниве не функционираше“. Низ еден микс на репортажно предадена рецензија за МСУ и конечната поставка на дел од подарените уметнички дела, што ги добивме од  врвни уметници пред половина век, авторката нѐ потсетува на тоа дека ние не само што добивме на подарок слика од Пикасо, туку требаше и самите да бидеме жители на

Рецензија: (ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Под притисок од ВМРО-ДПМНЕ Роми се степаа кај Зелено Пазарче!

на 17. 03. 2014 | |
Новинарството не е список на желби, ниту се прави со емоции. Докажано е досега дека само текстови кои се издржани и препрочитани по неколку пати предизвикуваат внимание кај јавноста и граѓаните им веруваат. За жал, пред нас денеска немаме таков текст. Уште од насловот се гледа тенденцијата по секоја цена да се изманипулира со нешто што е очигледно. Дури целиот настан е снимен со камера, а да биде иронијата поголема, напишаната изјава во текстот од извесна граѓанка, инаку учесник во тепачката, не е снимена со камерата. Вест која можела да биде сосема добра и сензационална, дури, ако така се сакало, е уништена со тоа што е непресметливо изнасилена. Тоа се гледа веднаш, со што веста губи и на тежина и

Рецензија: СДСМ купи нови автомобили за партиските шефови

на 17. 03. 2014 | |
Информацијата која е поврзана со една сосема легитимна одлука на политичка партија, во овој случај опозициската СДСМ, да купи два нови автомобила, низ приказната се претвора во отворена сатанизација на врвот на тој политички субјект и скриена мобилизација на граѓаните да не го даваат својот глас за партијата „која однапред ги изгубила изборите“ . Линк до оригиналниот напис: СДСМ купи нови автомобили за партиските шефови
Датум и време на објавување: 12.03.2014,  07:45 Датум на рецензирање: 13.03.2014 Рецензент: Александар Писарев  

„ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА“ НА СДСМ

Иницијалната вест за купување на автомобилите е точна и потврдена во седиштето на партијата и дотука е сѐ во ред. Нема извртување на вистината и фактите. Проблемот е  во тоа што  медиум понатаму во обработка на