Рецензии

Рецензија: Кој ќе му се спротивстави на Груевски?

на 20. 03. 2014 | | sq
Текстот добро почнува и завршува некаде до средината. Но, да не е последниот пасус би била вест како и секоја друга. Ама, тогаш не би била сензационална. Со овој пасус: Она што останува непознато е како СДСМ ќе ги распореди своите адути. Се поизвесно станува дека Зоран Заев ќе побегне од дулеот со Груевски во првата изборна единица и дека наместо него, во изборната трка во „кецот“ ќе влезе Радмила Шеќеринска, политичар кој до сега има претрпено најмногу порази во директното соочување со Груевски. Таа ги загуби изборите во 2011 и во 2008 година во директен дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. пред нас имаме сензационална вест која не може да се провери, освен да се почекаат изборите. Линк до оригиналниот

Рецензија: Расим го пречека претседателот Иванов

на 20. 03. 2014 | |
Расим го пречека претседателот Иванов? Првото прашање кое ви се наметнува кога ќе прочитате ваков наслов, е кој е Расим? Наслови од ваков тип би биле соодветни само доколку се користат за информирање од средби на државници, чии презимиња се доволно звучни и сами по себе да се информативни без дополнителни објаснувања. Ако насловот гласеше „Путин го пречека Иванов“ или „Јосиповиќ се сретна со Иванов“ очекувано ќе беше дека станува збор за државничка средба, за протокол, но во нашиов случај, медиумот во поднасловот објаснува дека: „Осумдесет годишниот Расим во кичевска Пласница попладнево го пречека претседателот на државата Ѓорге Иванов“. И толку. Расим (само за медиумот најверојатно) е толку познат што новинарите покрај описот дека има 80 години и со насмевка

Рецензија: Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува!

на 20. 03. 2014 | |
Главниот проблем со написот: „Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува“, е што информацијата не е проверена и не е побаран став од засегнатата страна. Во текстот се користи анонимен извор на кој му е заштитен индентитетот, што не е непознаница во новинарството. Но,  фали барем уште еден извор (макар  и тој да биде анонимен), како потврда на наводите: „ВМРО–ДПМНЕ ништо не остава на случајност, како за претходните така и за овие подготвиле сценарио како треба да тече изборниот ден, кој кого носи на гласање и кој и точно во кое време реферира што се случува со гласачите кои ги врбувал.“ Линк до оригиналниот напис: Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува! Датум и време на објавување: 13.03.2014, 12:16

Рецензија: Богами, Рада не штеди на себе-скапа риба во евтина политика!

на 20. 03. 2014 | |
„Пожолтениот“ и навидум неполитички пристап во овој текст, каде се коментира стајлингот на доскорешната пратеничка, може да се прочита на различни начини што оставаат впечаток дека е пристрасен и напишан без веродостојност, а со цел читателот суптилно да се наведе на заклучок за тоа колку „тежи“ Шекеринска. Линк до оригиналниот напис: Богами, Рада не штеди на себе – скапа риба во евтина политика! Датум и време на објавување: 13.03.2014 Датум на рецензирање: 18.03.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Ако се навлезе во анализирање на вистинитоста на тврдењата дека Шекеринска се облекува во скапа гардероба и тоа претставува јавен интерес, тогаш фотографиите кои се нудат во медиумскиот производ дефинитивно не може да го потврдат тоа. Едноставно, читателот не може да биде сигурен дека

Рецензија: И Македонија има своја Северна Кореја

на 19. 03. 2014 | |
„Од појавата на интегративците на политичката сцена во 2002 година, во Зајас не само што не победила друга партија, туку резултатите на ДПА, НД, НДП… се безмалку смешни, односно некогаш се броеле на прстите од една рака, а максимумот е да се постигне барем 100 гласа. Kонкуренција на Ахмети на домашен политички терен, донекаде, му се Љубисав Иванов Ѕинго и Социјалистичката партија, која од осамостојувањето редовно победува во Kратово. Додека на светската политичка сцена Ахмети „опасно“ му се приближува на Севернокорејскиот претседател Kим Јонг-Ун, кој неодамна победи со сто отсто од гласовите“. На насловната страна на весникот осамна најава за текст со кој се насочува читателот кон изедначување на ДУИ со практиките на северокорејската владеечка фамилија Ким Јонг при изборите,

Рецензија: Новинарите кои навредуваат и шират говор на омраза се со нестабилен психолошки профил

на 19. 03. 2014 | |
Медиумската содржина  што ја рецензираме има три сериозни проблеми: еден се однесува на преголемата лесностија со која еден експерт психолог изведува „дијагноза“, вториот се однесува на крајно сомнителната автентичност на тој експерт психолог, а третиот проблем се однесува на пристрасноста и фокусот на многу прецизна група новинари на кои им се „лепи“ од ракав истресениот психолошки профил на крајно сомнителниот психолог. Линк до оригиналниот напис: Новинарите кои навредуваат и шират говор на омраза се со нестабилен психолошки профил Датум и време на објавување: 21.02.2014, 09:0 Датум на рецензирање: 23.02.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Ајде по ред: Нашата консултација со психолози и психијатри во врска со поставувањето на дијагнози какви што се обидува да направи овој текст нѐ уверуваат дека тоа не

Рецензија: Брисел: Македонија е лидер на Балканот во носење реформи

на 19. 03. 2014 | |
КОНТЕКСТ (contextus, лат.) – врска на еден израз, содржина во целина, вкупна смисла која не смее да се изневери со издвојување и опишување на кој било дел во однос на главната содржина и карактер на целината; пораките можат да се разберат само во рамките на контекстот. Е, токму тоа е прекршено во оваа куса вест, односно имаме пример на погрешна употреба на изјава на еден поединец со тоа што во насловната конструкција се опишува како да станува збор за позиција на една цела, и тоа многу сериозна и важна, институција. Контекстот на настап на единка-политичар и изместен со тоа што е претставен како став на меѓународна организација. Линк до оригиналниот напис: Брисел: Македонија е лидер на Балканот во носење реформи

Рецензија: Виде ли Љубчо во Пендаровски сојузник за менување на името?

на 18. 03. 2014 | |
Овде ни се нуди ново навраќање или реинтерпретација на прашањето за името во агендата на опозицијата, секако и неслучајно тема која упорно се начнува токму во пресрет на двојните избори во земјава. Меѓутоа, на целиот пакет му е дадена една строго дефинирана партиска нитка, која повторно, по којзнае кој пат, сака да го постигне ефектот на „предавничко-заговорничка збирштина“ од другата страна на политичкиот спектар. Во текстот никаде и со ништо не се аргументирани таквите тези и конструкции, а за сметка на тоа се забележува силно присуство на новинарски „миридуи“, меѓу кои доминираат шпекулациите „преоблечени“ во прашални форми. Линк до оригиналниот напис: Виде ли Љубчо во Пендаровски сојузник за менување на името? Датум и време на објавување: 13.03.2014, 15:38 Датум на

Рецензија: Иванов со народот, а Пендаровски со третиот ешалон на амбасадите

на 18. 03. 2014 | |
Станува збор за уште еден од низата написи кои се нижат во медиумите , а се занимаваат со политичкиот профил на претседателскиот кандидат на опозицијата, со видлива тенденција да го оцрнат во јавноста.  Овој спинерски производ насловен: „Иванов со народот, а Пендаровски со третиот ешалон на амбасадите“,  прозвучува како  едниот кандидат (на владејачката партија) да има цврст линк со народот, а другиот (на опозицијата) тенка врска со дипломатите. Всушност, идејата е да се испрати двојна порака за Пендаровски: дека тој не е човек од народот, но, исто така, нема ниту комуникација со странците на репрезентативно ниво! Линк до оригиналниот напис: Иванов со народот, а Пендаровски со третиот ешалон на амбасадите Датум и време на објавување: 13.03.2014, 13:09 Датум на

Рецензија: Што сѐ се гради на Водно

на 18. 03. 2014 | |
Не може новинарството да се сведе само на поставување прашања без одговори. Каква смисла има тоа? Медиумската содржина што ја рецензираме е низа од прашања што авторот ги собрал на социјалните мрежи и толку! Првото новинарско правило е дека новинарите трагаат по ОДГОВОРИ на поставените прашања, нивни и на јавноста. Поставувањето прашања не е доволно. Линк до оригиналниот напис: Што сѐ се гради на Водно
Датум и време на објавување: 12.03.2014, 15:49 Датум на рецензирање: 17.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Сосема е во право господинот кој го предложи овој новинарски текст во делот за предлози на читателите на Сервисот за  проверка на фактите од медиумите (СПФМ) на нашиот веб сајт кога вели: „Сите ги видоа сликите по фејсбук. Зошто новинаров кажува