Рецензии

Рецензија: Угледниот „Форбс“ ја отслика Македонија како бисер на Балканот

на 24. 03. 2014 | |
Не е првпат да се создава новинарски прилог врз основа на пи-ар, односно спонзориран текст, без тоа јасно да се напише во прилогот. Новинарскиот кодекс јасно разграничува дека треба да се прави разлика меѓу рекламирањето и новинарската сторија. Во членот 6 од Кодексот пишува: Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата. Форбс тоа го испочитувал, со самото тоа што на нивната објава во горниот лев агол пишува „Promotion//Economic Development“, но во прилогот што го рецензираме нема ниту збор дека станува збор за спонзориран материјал, односно дека некој платил, информациите што се претставени во текстот, да бидат објавени. Читателите и гледачите се оставени покуси за информацијата дека не е Форбс оној што ја фали Македонија,

Рецензија: Одбројување до апокалипасата СИ-ЕН-ЕН: Астероид со јачина од 20 атомски бомби удира во Земјата на 21. март?!

на 24. 03. 2014 | | sq
Текст за воодушевување. Како фантастично да се исплаши народот до коска и цел ден да се тресе дали ќе преживее. Секако, тие што малку повеќе знаат за ваквите „теории“ само ќе се насмеат, но новинарството не се работи само за одбран круг на луѓе, туку мора да се претпостави дека текстот ќе го прочитаат сите од 7 до 77 години. А, што ќе претпостави еден пензионер од Пласница, кога неговиот внук ќе му го прочита насловот „ОДБРОЈУВАЊЕ ДО АПОКАЛИПСАТА СИ-ЕН-ЕН: Астероид со јачина од 20 атомски бомби удира во Земјата на 21. март?!“ Можеме ние како и текстот само да претпоставуваме, но со сигурност тврдиме дека вакви текстови се надвор од сите правила на новинарска етика и однесување. Линк до

Рецензија: Шилегов фрли сенка на се досега што зборуваше во јавноста

на 24. 03. 2014 | |
Зачудувачки е колку многу затаиле професионалните и етичките стандарди во оваа медиумска содржина насловена: Шилегов фрли сенка на се што досега зборуваше во јавноста“. Станува збор за еден наменски скроен недефиниран материјал од наслов, поднаслов, две реченици и  пет секунди тонско парче,  позајмено од 24 минутно интервју прикажано на друг медиум. Токму овој фрагмент, кој е целосно изваден од контекстот на интервјуто,  е „крунскиот доказ“ врз основа на кој се прави конструкцијата „портпаролот на СДСМ сепак признава дека нема криминал во ниту еден од случаите за кои тој говореше јавно“! Линк до оригиналниот напис: Шилегов фрли сенка на се досега што зборуваше во јавноста Датум и време на објавување: 18.03.2014 Датум на рецензирање: 20.03.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

Рецензија: Кога не се фотографира со „поршиња“ Пимен дрма пиво

на 24. 03. 2014 | | sq
Кус, но исклучително „отровен“ текст, нешто како поговорката „Отровот е во малите шишенца“. Има една и единствена цел, а тоа е да дискредитира една личност, ама не која било, туку црковен великодостојник. Тоа во овој напис е направено многу вулгарно, без усул, без каква било почит, ако веќе не кон човекот, туку кон функцијата која тој ја извршува и црквата која ја претставува. Но, она што е уште позагрижувачки е дека ова не е прв, а како што тргнало, ниту последен атак кон овој владика на МПЦ–ОА. А, ако само малку се истражи, ќе се види дека „медиумската лавина“ тргнува од моментот на „политички неподобните“ настапи на ова свештено лице. Линк до оригиналниот напис: Кога не се фотографира со „поршиња“

Рецензија: ЦИГ: Пендаровски далеку пред Иванов за цели 30%

на 24. 03. 2014 | |
„Aнкетите претставуваат многу корисно орудие во политиката, меѓутоа можат да бидат и исклучително деструктивно оружје“, вели професорката Мирјана Најчевска во својата најнова анализа „Новинарите многу ги сакаат анкетите“. Така и овде пред нас имаме текст кој во целост ја задоволува поентата на професорката. Ова, на пример, е поентата на текстот: Непопуларноста на Иванов се должи на неговата безличност и лошиот вокабулар кон медиумите и јавноста, барем така одговориле граѓаните кои се опфатени со анкетата.  Анкети во Македонија досега, барем пред избори, се појавуваат со тони. Од различни институти, до организации повеќе или помалку познати, дури некои од нив и анонимни, направени за еднократна употреба. Иако во Македонија стана навика со потсмев да им се гледа на анкетите, испитувањето на јавното

Рецензија: Исплатата за штети од елементарни непогоди ќе се изврши по изборите

на 24. 03. 2014 | |
Новинарската содржина што ја рецензираме е во судир со члeнот 14 од Кодексот на новинарите: „Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“ Линк до оригиналниот напис: Исплатата за штети од елементарни непогоди ќе се изврши по изборите Датум и време на објавување: 19.03.2014, 14:06 Датум на рецензирање: 20.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Објавувањето на овој новинарски текст не е во прилог на избалансирано известување од предизборниот процес и тоа многу едноставно се докажува или е видливо ако се има предвид членот 8-А од Изборниот законик кој многу јасно налага: „Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на

Рецензија: Малезискиот случај покажа дека ниту летовите од Скопје не се безбедни

на 22. 03. 2014 | | sq
Овде имаме текст чија цел, барем како што се тврди, е да нѐ информира дека случајот со малезискиот авион покажал дека „ниту летовите од Скопје не се безбедни“?! Навистина! Да не го прочитав написов навистина немаше да ја знам опасноста од летањето со авион, па макар тоа бил и „лет од Скопје“. Станува збор за, во најмала рака, несоодветно четиво кое имало амбиција нешто да дообјасни во врска со мистериозното исчезнување на боингот 777, меѓутоа од тоа ништо не излегло, освен, секако, пораката дека „нема безбеден лет“ што и не е вест, туку веќе позната статистика. Оттука се поставува прашањето: чуму овој текст? Линк до оригиналниот напис: Малезискиот случај покажа дека ниту летовите од Скопје не

Рецензија: Како до евтин еколошки превоз

на 21. 03. 2014 | |
Рецензираме новинарски прилог во кој да се покажела малку поголема амбиција при обработка на темата ќе можевме да дадеме позитивна рецензија. Не се забележани некои ситни пропусти и написот не е прочитан уште еднаш и, ако треба, уште еднаш. Линк до оригиналниот напис: Како до евтин еколошки превоз Датум и време на објавување: 13.03.2014, 22:02 Датум на рецензирање: 19.03.2014 Рецензент: Александар Писарев  

СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД

Погодена е многу легитимна тема од јавен интерес, која е обработена јасно и содржајно- како да се ослободи градот од автомобилскиот метеж и автомобилот како превозно средство да се замени со велосипед.  „Се разработува нов пристап за развој на сообраќајните концепти, со кои треба да се унапредат ефикасноста, безбедноста и мобилноста на сите учесници

Рецензија: Најморничава теорија: Авионот е украден за да се предизвика Трета Светска Војна

на 21. 03. 2014 | | sq
По објавувањето на овој текст хрватската емисија „На рубу знаности“ добива некаква си „конкуренција“ во македонска верзија која би можела да се вика, еве, на пример, „На рубу глупости“. Како поинаку да се крсти рубриката или „шоуто“ на медиумот кој во земјава пренесе напис за тоа „што навистина се крие зад исчезнувањето на малезискиот патники авион“ полн со, во најмала рака, глупости на квадрат. Во денешново дигитално доба секој може да објавува сѐ и сешто, но прашањето е како можело да се преземе таков текст, особено имајќи го предвид „бекграундот“ на човекот кој се потпишал како автор. Во четивово имаме сѐ, буквално сѐ: мистерија, заговор, тајни сили, нуклеарно оружје, конвенционално оружје, Трета светска војна,

Рецензија: Жешко во СДСМ: На пратеничките листи нема место за актуелните пратеници

на 21. 03. 2014 | |
Жешко најверојатно е само во текстот. Другото е шпекулација. Текстот од почетокот пренесува дел од друг медиум, за после да се поврзе со своите извори со име „како што дознаваме“. Секако тука се и „изворите од високи официјални лица на партијата“. Така почнува, така и завршува текстот. И сега можеме да му веруваме или не. Кој како е станат денеска. Линк до оригиналниот напис: Жешко во СДСМ: На пратеничките листи нема место за актуелните пратеници Датум и време на објавување: 18.03.2014, 11:54 Датум на рецензирање: 19.03.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРОВЕРИ, ПА ПИШУВАЈ

Акцентот е ставен на анонимни партиски членови. Членството на СДСМ, како што велат наши извори, во собраниските клупи сака да види и дел од актуелните високи членови