Рецензии

Рецензија: Влада на РМ – СДСМ лаже, на СМР Аутомотивс Македонија не е даден ниту денар

на 27. 03. 2014 | |
Прилогот што е пред нас е тенденциозен и целосно е ставен во одбрана на Владата за случајот што го отвори опозицијата еден ден претходно,  на 20.03.2014 година, а е  поврзан со фирмата „СМР Аутомотивс систем“. Изборот на насловот: „Влада на РМ – СДСМ лаже, на СМР Аутомотивс Македонија не е даден ниту денар“ и самата конструкција на прилогот,  јасно покажуваат  дека се немало намера јавноста објективно да се информира за тоа дали навистина, како што тврди СДСМ,  споменатата компанија пред две и пол години добила државна помош од 2,8 милиони евра за фабрики кои досега не се направени. Дополнително,  во прилогот се манипулира со видео клип од пет секунди од интервјуто на портпаролот на СДСМ, дадено  за еден видео

Рецензија: Шефовите на СДСМ избегаа од кандидатските листи

на 27. 03. 2014 | |
Дали за текстот, кој свесно одработува  за влада или партија, а не за јавноста, односно за граѓаните, може да се каже дека е новинарски производ? Не, ова е некаков микс меѓу информација, коментар и анализа, а нема елементи да ги задоволи критериумите ни на една од овие новинарски форми. Ова бидејќи освен „неофицијални извори“, „изворите велат“, „голем број на членството“ релевантни извори нема, како што нема ни факти кои го креираат новинарскиот производ. Линк до оригиналниот напис: Шефовите на СДСМ избегаа од кандидатските листи Датум и време на објавување: 23.03.2014  19:40 Датум на рецензирање: 24.03.2014 Рецензент: Александар Писарев  

НАВИВАМ ЗА МОИТЕ

Написот е во секоја смисла политички пристрасен и отворено се труди ако може што повеќе да ѝ наштети

Рецензија: Паскали: Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии

на 27. 03. 2014 | |
Текстот: „Паскали: Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии“,  е целосно преземен од државната информативна агенција и во него е пренесен дел од интервјуто на еден „американски аналитичар“ , како што е претставен во написот . Што е сосема легитимно право на еден медиум , доколку процени дека одредена информација е важна за јавноста. Но, што е тогаш спорно?  Материјалот што го рецензираме предизвикува  повеќе прашалници. Личноста, чие интервју се пренесува, е претставена само како „американски аналитичар“.  Сепак, неговото име во македонската јавност е речиси непознато. Читателите не знаат за каков експерт станува збор, која е неговата специјалност, што е најчесто предмет на негова опсервација и анализа, и, конечно, каква тежина има неговиот став. Од текстот не

Рецензија: Експерти: Пораките на Заев до Тачи се најсериозен удар за неговиот кредибилитет

на 26. 03. 2014 | | sq
Станува збор за еден од оние текстови кога се земаат еден или двајца соговорници, кои обично се секогаш истите или слични, и кои имаат став ама баш за сѐ. Притоа, таквиот текст „се продава“ како генерален став на експертите или аналитичарите, со што се прави главната манипулација, зашто ниту е објективен ниту непристрасен, ниту е избалансиран. Дополнително се меша коментарот на новинарот со ставот на соговорникот и сето тоа се зачинува со сугестивна фотографија која има дискредитирачки тон за субјектот кому му е посветен текстот. Линк до оригиналниот напис: Експерти: Пораките на Заев до Тачи се најсериозен удар за неговиот кредибилитет
Датум и време на објавување: 21.03.2014, 14:43 Датум на рецензирање: 24.03.2014 Рецензент: Теофил Блажевски  

ОД КОГА ДВАЈЦА ЕКСПЕРТИ СЕ

Рецензија: Пендаровски фатен во фалсификат, СДСМ купува лажна поддршка

на 26. 03. 2014 | | sq
Веќе самиот наслов „Пендаровски фатен во фалсификат, СДСМ купува лажна поддршка“ укажува на карактерот на написот – дискредитирачки, со силни негативни квалификации. Текстот, имено, тврди дека Фејсбук поддршката за официјалниот профил на претседателскиот кандидат на СДСМ (лајковите)  е „збогатена“ со додавање на лајкови од други страници и профили на Фејсбук, кои претходно немале никаква врска со Стево Пендаровски, но, потоа тие страници биле преименувани и „мерџирани“ односно споени со официјалната страница на Пендаровски и лајковите кои таму стоеле, се слеале на контото на кандидатот на социјалдемократите. „Мерџирање“ на страници, кои првобитно имале сосема друга намена, нивно преименување во страници за поддршка на одреден политичар, според правилата на социјалната мрежа Фејсбук, овозможува собраните „лајкови“ за поддршка на тие првобитни

Рецензија: „Загор“, „Дилан Дог“ и други стрипови на македонски јазик

на 26. 03. 2014 | |
Овде не се работи за текст кој е невистиниот. Напротив, веста е точна и веќе во продажба се стриповите со „Загор“ и „Дилан Дог“ на македонски јазик. Тука се работи за неточни податоци од друг тип. Имено, станува збор за тоа кој ги издал овие стрип изданија на македонски јазик. За да им биде на читателите појасно, мора малку да го проанализираме „случајов“ за да се сфати поентата кој прв почнал… На почеток ќе кажеме дека тука, всушност, се играло расипан телефон. Па, така, преземајќи го текстот, повеќето редакции (како и оваа) направиле забуна и грешка во издавачот на стриповите. Имено, издавач на стрипот е фирмата М-КОМИКС. Тоа го има во текстот. Но, најдолу за изјава е посочен Ване Трајков,

Рецензија: Радникот во пензија одгледува овци?!

на 26. 03. 2014 | |
Новинарството постои поради јавниот интерес, односно за да биде „куче-чувар“ на процесите кои ги засегаат граѓаните, а се во рацете на властите. Во случајов имаме текст кој обработува тема што не е од јавен интерес, но е интересна за читателите. Последователно, треба да се потенцира дека она што е интересно за граѓаните, не секогаш е од јавен интерес, а токму јавниот интерес е она што е во примарниот фокус на новинарите. Така, од аспект на јавниот интерес, не е воопшто важно дали екс-функционер купил стадо овци или плазма телевизор, освен ако тоа не е поврзано со неговата поранешна функција, што во текстот на ниеден начин не е покажано или докажано. Но, тоа не е единствениот проблем… Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: „Боингот” е урнат за да се спречи катастрофа

на 26. 03. 2014 | |
Медиумот што ја објавил новинарската „анaлиза“ која ја рецензираме тврди дека во своите претходни текстови во врска со исчезнатиот малезиски „боинг“, главно се држел до проверени факти добиени од повеќе извори на различни страни на светот, при што успеал да биде на чекор пред другите медиуми во презентирањето на најновите сознанија. Една општа самофалба која се поништува самата себеси веќе со следниот пасус кој објаснува какви биле изворите што ги контактирал медиумот за да пишува на оваа тема. Еве, повелете: „Најпрво да појасниме неколку факти. Во досегашното наше третирање на проблемот многу често го користевме терминот „меѓународна разузнавачка заедница”. Терминот меѓу другото значи дека на Интернет постојат форуми на кои дебатираат лица со познат или скриен идентитет, кои активно или

Рецензија: Програмата на Иванов ги исплаши опозициските портали?

на 25. 03. 2014 | |
Овој текст можеби е легитимен за некој партиски настап, но е неприфатлив како некаков си новинарски производ. Токму тоа го имаме во овој случај – замена на политичката со медиумска бина. Ваквиот метод на „супституција“ апсолутно е неразбирлив, бидејќи мас медиумите треба да информираат, а не да претставуваат нечија „продолжена политичка рака“. Она што дополнително изненадува во овој напис, и покрај неговата очигледна партиска позадина и намена, е нискиот степен на јасност и логичност. Накусо, зборуваме за материјал без каков било новинарски кредибилитет или легитимитет со низа прекршувања на некои од професионалните стандарди кој највулгарно им се продава на читателите како некаква си вест. Линк до оригиналниот напис: Програмата на Иванов ги исплаши опозициските портали? Датум и време на објавување:  

Рецензија: СДСМ подготвува сценарио за бојкот на изборите?

на 25. 03. 2014 | | sq
Едноставно, кога во новинарскиот текст нема извори и најголемата вистина и невистина изгледаат исто – тоа е неуверливо. Причината поради која е објавен овој текст, не може да се утврди со сигурност, но она што е факт е дека периодот на објавување коинцидира со предизборието. Покрај непостоењето на извори и изјави, во текстот е забележливо и постојаното коментирање, што може да придонесе читателот да почувствува политичка пристрасност но и несеопфатно и тенденциозно известување, во смисла на тоа што непрашувањето на засегнатата страна може да значи и нејзино маргинализирање во период на избори. Иако во членот 13 од Кодексот на новинарите пишува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и коментарот, сепак, тоа не е испочитувано. Линк до оригиналниот напис: