Рецензии

Рецензија: МТСП – продолжува со грижата за децата со аутизам

на 7. 04. 2014 | |
Написот насловен: „ МТСП – продолжува со грижата за децата со аутизам“,  прозвучува како Министерството за труд и социјална политика, односно државата,  да обрнува  многу големо внимание на оваа ранлива категорија граѓани. Во таков дух е напишан целиот текст. Всушност, злоупотребен е еден протоколарен настан, 2 Април  – Меѓународниот ден на аутизмот, за величење на владините политики во социјалната сфера.  Притоа, се прикриваат битни инфромации, со што материјалот што го рецензираме е „осакатен“ и не ја пренесува главната поента: Неправеден е третманот на државата кон децата со аутизам. Без разлика на видот и состојбата на болеста, сите добиваат низок паричен надоместок во ист износ, реагираат дел од родителите и бараат посериозен пристап кон проблемот. како што можеше да се види

Рецензија: 20 масони исчезнале во малезискиот авион: Мултимилијардерот Ротшилд стана единствен сопственик на микрочипот од иднината?

на 7. 04. 2014 | | sq
Пред нас имаме еден текст кој може да се смести во жанрот научна фантастика. Не во смисла дека вакво нешто досега не сме прочитале, туку во намерата и пораката која го испраќа текстот. Всушност, вакви приказни сме гледале во најмала рака во филмовите на Џемс Бонд, каде тој го спасува светот од крвава војна. Слична, ако не иста е и приказната во овој текст, за кој мора да се напомене дека дел од фактите се точни. А, тоа е дека 20 луѓе од компанијата „Freescale Semiconductor“ навистина исчезнале со малезискиот авион. Но, сето друго во текстот, па и да е точно, не може да се потврди, туку служи само да се посее страв. Приказната е премногу комплицирана и, всушност, сака

Рецензија: Подготвува ли СДСМ нов шок за поддржувачите – Шекеринска за премиер!

на 3. 04. 2014 | | sq
Телевизискиот прилог и написот пласиран на порталот не можат да се подведат под ниту една категорија на новинарски производ – се работи за компилација од шпекулации без конкретни извори, со само еден, анонимен соговорник, претставен како „еден од експертите“, кои ја развиваат тезата за претстојниот крах на најголемата опозициона политичка партија, поради лошите потези и кадровски решенија. Политичкиот спин е очигледен, а ставени во контекст на предизборниот амбиент, овој напис и ТВ-прилог, имаат конкретна употребна вредност, не како начин да се пренесе информација, туку како средство да се пласира политичка пропаганда и да се влијае на тоа како гласачите ќе ја перцепираат СДСМ и потпретседателката Радмила Шеќеринска. Прекршени се и бројни правила на Кодексот на новинарите, меѓу кои се и

Рецензија: Аналитичари: Пендаровски да го каже ставот за името

на 3. 04. 2014 | |
„Последен час е за Пендаровски да се изјасни која е неговата позиција за името, но и да се изјасни што тој мисли за пишувањата на медиумите во Атина. По вчерашните анализи на грчките весници за позициите на кандидатите за шеф на државата во однос на името, аналитичарите велат дека пораките кои ги праќаат СДСМ и Пендаровски наспроти оние од Иванов се далеку поприфатливи за јужниот сосед. Според нив ставот на актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат им е кристално јасен и на Грците – дека нема да прифати компромис кој што ќе го загрози македонскиот идентитет”. Ова е вовед во прилогот со кој практично се прави „ехо“ на говорот на премиерот Груевски во екот на претседателската кампања. Груевски

Рецензија: Пендаровски секогаш бегал од соочување со народот

на 3. 04. 2014 | |
Многу е тешко да се утврдат причините или директниот повод за пишувањето на овој текст, како и последиците – ефектот кои треба или требало да ги има врз публиката. Написот, барем како што е пласиран, требало да спаѓа во редот „информативни“, но откако внимателно ќе се прочита, се увидува дека тој во основа не содржи компонента вест. Оттука и произлегува главниот проблем – ако нема новина зошто е објавен и која е неговата цел? За жал, анализата покажува дека текстот, кој ги има главните одлики на коментар, а притоа тоа не е наведено, има, пред сѐ, политичка „употребна вредност“, а не новинарска мисија да нуди информации, да поставува прашања, да бара одговори… Линк до оригиналниот напис: Пендаровски секогаш бегал од

Рецензија: Пендаровски на гости кај Заев, Заев избега во охридско

на 3. 04. 2014 | |
Денеска имаме текст кој доколку не се прочита до крај ќе се помисли дека е коректен и еден вид школо за новинарство. Но, во таа замка не можат да паднат и оние кои до крај ги дочитуваат текстовите. Имено, ова е вест-извештај за митинг на политичка партија. Има сѐ  што треба во главата на текстот. Од кој, каде, зошто, како, со што и слични прашања кои се занаетски потребни во новинарските производи, до коректно пренесени изјави. Но, текстот доаѓа на рецензија поради последниот пасус кој има еден мал милион непроверени работи што се тврдат без притоа ниту да се помисли да се документира или да се докаже тоа што е тврдено. Пендаровски во Струмица не беше пречекан од лидерот на

Рецензија: Паника во струшкиот огранок на СДСМ

на 3. 04. 2014 | | sq
Да се пронајде жанрот на ова писание е навистина тешко, но со сигурност може да се каже дека не се работи за информативен жанр, поради тоа што не се одговара на петте новинарски прашања. Линк до оригиналниот напис: Паника во струшкиот огранок на СДСМ Датум и време на објавување: 30.03.2014, 18:30 Датум на рецензирање: 31.03.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитоста на фактите е неможно да се утврди бидејќи фактите ги нема. Тонот на пристрасност шto го следи овој медиумски производ, остава впечаток дека неговата основна функција не е да информира туку да шпекулира: Откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави листите за пратеници во 5 изборна единица и каде што јасно стои дека Струга добива три пратеници во добитна комбинација, паника во СДСМ Струга,

Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ со листи за апсолутно мнозинство во Парламентот

на 2. 04. 2014 | | sq
Со мирна душа можам да кажам дека ова не само што спаѓа во редот медиумски „производи“ со невидено кршење на професионалните правила, туку е и, како што еден висок владин претставник милува да каже, „во спротивност со позитивните законски прописи“ во земјата. Се прашувам од каде „некому“ толкава неподнослива леснотија еден политички билтен и листа „партиски желби“ да ја продаде како легитимна вест за публиката и тоа токму во предизборие. Од пасус во пасус читателите намерно се манипулираат со т.н. „информации“, што имаат една и единствена пропагандистичка цел – да се воздигне владеачката партија наспроти опозицијата, притоа употребувајќи формулации за „непобедливоста“ на едните за сметка на другите, а сето тоа непоткрепено со извори. Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ со листи

Рецензија: Извори од „Бихаќка“- Расколот и револтот поради листите за пратеници на СДСМ е во својот зенит

на 2. 04. 2014 | |
Тешко е овој производ  да се дефинира како некаква новинарска форма. Авторот имал претензија да напише коментар. Коментарот по правило се пишува одкако нешто ќе се случи. Како што е познато, изборите уште не се случиле и не знаеме кој е победник, а кој губитник. Катастрофално и погубно за секој коментар е ако неговиот автор сака на читателот со сила да му нам етне триумф на едната страна над  другата, закана на едните против другите, потсмев на едните кон другите. Уште полошо е ако самиот автор демонстрира надменост во презентацијата на аргументите. А „аргументите“ потекнуваат од „велат извори во Бихаќка“, „високи партиски извори“, „извори во СДСМ“... секако, познати само на авторот . Линк до оригиналниот напис: Извори од

Рецензија: Скандали го тресат СДСМ

на 1. 04. 2014 | |
Пред нас е крајно шпекулативен прилог кој не посочува прецизни извори, нема факти и аргументација, туку врз основа на непотврдени информации ја турка тезата дека најголемата опозициска партија се соочува со драматичен конфликт. Уште од самата формулација на насловот „Скандали го тресат СДСМ“ , се препознава интенцијата да се прикаже опозицијата во негативно светло. Овој целосно необјективен материјал прејудицира дека социјалдемократите ќе бидат губитници на двојните избори. Притоа, дури се добива и впечаток како авторот на прилогот со нетрпение да очекува тоа навистина и да се случи! Такво отворено покажување нетрпеливост кон една и наклонетост кон друга политичка опција е целосно несвојствено за етичкото новинарство, кое подразбира да се изгради професионална дистанца при информирањето за полтичките настани. Линк до оригиналниот