Рецензии

Сензационалистичко ширење паника за коронавирусот

на 29. 01. 2020 | |
[Рецензија: Медицинска сестра од Вухан: Не излегувајте, не одете по забави, не јадете надвор, со коронавирусот се заразени 90.000, а не 2.700] Во битката за што поголема читаност, што, за жал, е сѐ уште примарниот, ако не и единствениот фактор што донесува пари од реклами за онлајн-медиумите, една од најприсутните појави е сензационалистичкото пишување, без разлика дали станува збор за целиот текст или само за насловот. Уште понепрофесионално и пострашно

Шекеринска не се подготвува да замине во САД како амбасадор

на 29. 01. 2020 | |
[Рецензија: Дали и Шекеринска го напушта бродот што тоне: Се спрема за амбасадор во САД?] Текстот што го рецензираме е едностран и тенденциозен. Тој има за цел политички да поентира. Линк до оригиналниот напис: Дали и Шекеринска го напушта бродот што тоне: Се спрема за амбасадор во САД? Датум и време на објавување: 23.01.2020 Датум на рецензирање: 27.01.2020 Рецензент: Ана Анастасовска Текстот што е предмет на оваа рецензија се повикува

Известувањето не смее да биде „пи-ар“ на политиката

на 29. 01. 2020 | |

Се приближуваат изборите, се палат пропагандните мотори и обично новинарската објективност знае да попушти. Текстовите што треба да бидат новинарски *се повеќе заличуваат на партиски соопштенија наместо да понудат информација. Во вакви случаи авторите користат промотивни термини и помпезност слични на информација типична за секторите за односи со јавноста. Политичките партии ги гледаат медиумите повеќе како механизам да ја убедат целната група да освојат што е можно повеќе гласови и

Вилма Русковска не си го вработила внукот во скопското обвинителство

на 27. 01. 2020 | |
[Рецензија: САМО ВИЛМА ИМА ВНУК КОЈ НЕ И Е РОДНИНА: Русковска си го вработува внукот во ОЈО Скопје, Антикорупциска не гледа судир на интереси] Насловот на текстот што го рецензираме шири дезинформации бидејќи шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска, не си го вработила внукот Зоран Маркоски во ОЈО Скопје. Маркоски веќе десет години работи во Основното јавно обвинителство во Куманово.

Читателот заслужува информацијата, а не исмевање

на 23. 01. 2020 | |

Коментар на фотографија, посветување стихови, изреки, описи од историјата, малку „патриотизам“, употреба на реторика што обично се слуша во говорите на политичките претставници, неосновани предвидувања, ставање на прашалник и недавање на ниту една информација…Кога читателот е соочен со текст што ги содржи сите овие елементи, тој чита, евентуално, само коментар што е ставен во категоријата „Вести“ и ништо повеќе

Таква е „веста“ што ја разгледуваме. Ако коментарот би бил во

Николовски не забранува одење во кафеани,  туку говори за претпазливост на социјални мрежи

на 21. 01. 2020 | |
[Рецензија: Им остана уште викендот за пијанчење: Од понеделник во СДСМ ќе се пее „И тебе сам сит кафано“ од Харис Џиновиќ] Текстот што е предмет на оваа рецензија во голема мера е тенденциозен и има за цел да ја оцрни владејачката СДСМ и нејзините членови. Линк до оригиналниот напис: Им остана уште викендот за пијанчење: Од понеделник во СДСМ ќе се пее „И тебе сам сит кафано“ од Харис

Симон Трпчески не го прекина концертот во Штип

на 20. 01. 2020 | |
[Симон Трпчевски прекина концерт во Штип] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи не е вистина дека светски познатиот пијанист Симон Трпчески го прекинал концертот во Штип. Најпрво, Трпчески немаше самостоен концерт за да го прекине, туку тој беше гостин на новогодишниот концерт на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, при што имаше два настапa на концертите на 25 декември, од 17 и 19 часот. Линк до оригиналниот напис: Симон Трпчевски прекина

Два реда текст не секогаш е новинарство!

на 20. 01. 2020 | |

Новинарскиот напис мора да се заснова на факти за да се оправда главната цел, да се информира читателот. Во текстот што го разгледуваме, има само неколку реда што не даваат информации, туку обратно, се основа за предизвикување уште поголема забуна кај читателите

Линк до оригиналниот напис: „По дербито Вардар – Шкупи истепани 2 Албанци од комитите“ Pas ndeshjes Vardar-Shkupi rrihen 2 shqiptarë nga Komitat (FOTO) Датум на објавување: 24.11.2019 Датум

Тендерот за струјата не е за Анѓушев, тој веќе две години не е газда на ЕДС

на 16. 01. 2020 | |
[Анѓушев од функционер пак газда, а Шеќеринска за да му тргне бизнисот го мотивира со тендер од 1,6 милиони евра?!] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира бидејќи поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев повеќе не е сопственик на „Енерџи деливери солушн ЕДС“ ДООЕЛ, фирма со која Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка на струја. Имено, Анѓушев го продаде ЕДС на грчкото електростопанство, односно грчката национална

Во иранскиот напад врз американските бази НЕ загинаа 80 лица

на 13. 01. 2020 | |
[Иран им одговори на САД со напад на бази во Ирак, убиени најмалку 80 лица] Информацијата дека Иран нападна две американски бази во Ирак, по убиството кое што САД го изврши врз иранскиот генерал Касим Сулејмани, силно одекна во медиумскиот простор каде што во желбата што повеќе и побрзо да се информира, медиумите направија грешки. Линк до оригиналниот напис: Иран им одговори на САД со напад на бази во Ирак,