Рецензии

Манипулација со стапката на смртност од коронавирусот

на 14. 04. 2020 | |
[Рецензија: Поразителна статистика за Македонија: Хрватска ја објави стапката на смртност од коронавирусот во регионот и ни покажа колку “блескаме“] Смртноста во време на епидемија зависи од многу фактори. Зависи од типот на вирус што ја предизвикал пандемијата, од начинот на кој тој се шири, но и од карактеристиките на самите луѓе. Па, така истражувањата за коронавирусот покажуваат дека поголема опасност доколку се заразат има кај постарите луѓе и оние

Коронавирусот не донесе ништо невообичаено на небото над Куманово

на 13. 04. 2020 | |
скриншат Насловот на текстот што го рецензираме е сензационалистички и дезинформира бидејќи коронавирусот не донел никаква необична појава на небото над Куманово. Станува збор за лентикуларен облак, кој не е поврзан со коронавирусот, туку ваквиот тип на облаци постоеле и пред пандемијата.
Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) Корона вирусот на небото над Куманово донел необична појава: Луѓето нагаѓаат за што станува збор!  Датум и време на објавување: 10.04.2020 Датум на рецензија: 13.04.2020 Рецензент: Силвана

Не е потврдено дека коронавирусот го има во Македонија од декември

на 13. 04. 2020 | |
[Рецензија: Ковид-19 постои од декември, едно од двете мртви тела пронајдени во стан во Велес позитивно на вирусот] Телевизија Алсат на 10.04.2020 година излезе со бомбастична вест: „Ковид-19 постои од декември, едно од двете мртви тела пронајдени во стан во Велес позитивно на вирусот“. Ваквата прилично шпекулативна вест предизвика огромно внимание во Македонија.
Линк до оригиналниот напис: Ковид-19 постои од декември, едно од двете мртви тела пронајдени во стан во

Не е точно дека настанот на Владата го следеле само 17 луѓе

на 13. 04. 2020 | |
[Рецензија На граѓаните им е преку глава од СДСМ: Само 17 луѓе го следат настанот од Влада] Во новинарската професионална литература за спинувањето како техника за манипулација на јавноста е кажано многу. Меѓу другото, основната дефиниција за тоа што е спинот појаснува дека тоа е полувистина, употребена на начин да му одговара на некој центар на моќ да креира лажна слика, но притоа да не се лаже грубо, туку само

Бремените жени со симптоми на Ковид-19 се праќаат во Универзитетската Клиника, а не во Чаир

на 13. 04. 2020 | |
Фото: Pexels

Жените со симптоми на „Ковид-19“ не се испраќаат во Клиниката за гинекологија во Чаир, туку на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар. Затоа, проценуваме дека статијата што ќе ја разгледаме ја дезинформираше јавноста и предизвика паника

Веста што се рецензира
Линк до оригиналниот напис: „Бремените жени со симптоми се упатуваат во Универзитетската клиника во Чаир“   Gratë shtatzëna me simptoma drejtohen në klinikën universitare në Çair  Датум

Германија не планира на 19 април „да го врати животот во нормалa“

на 13. 04. 2020 | |

[Рецензија: Германија планира на 19 април да го врати животот во нормалa]

Текстот кој е предмет на рецензија шири лажна вест дека состојбите во Германија се подобруваат и дека во оваа земја власта подготвува низа мерки кои треба да ја „олабават“ борбата со пандемијата и земјата да се врати во нормала. Тоа е збунувачки со оглед на тоа како беше сфатена кризата во земјата, кој е надлежен за мерките и

Во несреќно избран наслов се жали што во Владата нема заразени со коронавирус

на 10. 04. 2020 | |
[Рецензија: ПУ ЈАЗК, во Владата нема заболени од корона вирус] Медиумскиот напис што го рецензираме, всушност, е пренесен одговор на новинарско прашање кон министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција на која беше прашан дали меѓу функционерите има лица позитивни на коронавирусот. Но, она што вџашува е начинот на кој се информира во насловот. Очигледен е вредносниот суд дека е ,,штета” што никој во Владата нема коронавирус! Ова не само

Лажна е веста дека американски професор е уапсен бидејќи го создал коронавирусот, па ѝ го продал на Кинa

на 10. 04. 2020 | |
[Рецензија:„ФБИ пред два месеца го уапси човекот кој го направил и го продал короната вирусот во Кина“ (Видео)] Рецензираме напис кој безуспешно се обидува да направи сензација објавувајќи лажна вест, па згора на тоа и стара повеќе од два месеца. Во него се тврди дека еден универзитетски професор од бостонскиот Харвард, наводно, го направил коронавирусот во својата лабораторија и им го продал на двајца Кинези, и тоа повикувајќи се наводно

Филипче не генерализраше дека пациентите заболени од коронавирус се со лесна слика

на 9. 04. 2020 | |
[Рецензија: Додека Филипче во емисија тврди како пациентите се со лесна слика, еден пациент почина по пат накај болница] Текстот што го рецензираме уште со насловот ја дезинформира јавноста, бидејќи министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“ воопшто не генерализираше дека пациентите заболени од коронавирус се со лесна слика. Филипче уште на почетокот на емисијата најпрво опширно говореше за најтешката форма на болеста, а дури потоа се

Навредите не се лек против коронавирусот

на 9. 04. 2020 | |
[Рецензија Ова м..аре богато заразувало по Карпош] Новинарскиот кодекс во членот 13 јасно утврдува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Во текстот што го рецензираме, сето ова е измешано, фактите и мислењата не се јасно раздвоени, а во насловот се користи навреда. Понатаму, дали некој е богат или сиромашен во материјална смисла, не е воопшто релевантен податок кој укажува на евентуално сторување на