Новинарски лекции

Истражувачките стории се најпотиснати во општества со тоталитарни манири и со заспана, летаргична јавност

на 10. 11. 2016 | |
„Панама пејперс“, едно од најголемите достигнувања на истражувачкото новинарство во последниов период. Фото: Гугл   Неколкуте мали новинарски истражувачки енклави го белат образот на актуелното македонско новинарство. Тие се заслужните што медиумската публика, во денешнава македонска иформативна валканост, сè повеќе разбира зошто истражувачкото новинарство е толку вредно     Пишува: Зоран Иванов   Нема дефиниција. Ниту практиката, ниту теоријата уште не се договориле за единствена дефиниција за тоа што е „истражувачко новинарство“.

Истражувачките новинари не веруваат никому освен себеси

на 8. 11. 2016 | |
    Што му значи на некој човек ако кажете 500 милиони евра? Кој има толку пари? Никогаш читателот толку пари не фатил в рака, затоа и му се далечни. Но, кога тоа ќе го сведете на работи кои му се блиски, полесно ќе го прифати податокот и ќе разбере за колкава сума се работи.   Основното правило на новинарите кои работат истражувачко новинарство во Србија е работа, работа и

Медиумски испрана посета: Урнат споменик и комплименти за домаќинката

на 1. 11. 2016 | |
Додека на Кајмакчалан се поставуваат и се кршат споменици, во Софија во 2011 година е организиран постмодерен перформанс во кој војници на Советската војска се претставени како јунаци од американски стрипови. Фото: Википедија  

Официјалните разговори меѓу македонската министерка за култура и нејзиниот бугарски колега го имаа како мотив влошувањето на односите меѓу двете земји заради т.н. споменични обележја. Или поточно – инцидентот со уривањето на бесправниот споменик на Кајмакчалан.

Стеван Дојчиновиќ: Страшно е кога државата ја користи тајната полиција да ги следи новинарите

на 1. 11. 2016 | | en
Стеван Дојчиновиќ, лидер на КРИК: Теми за корупција има колку сакаш  

Клучно е кога некој поединец ја сака државата и си ја работи работата. Тоа е посилно отколку кога државата ќе ги уапси поранешните министри. Битни се поединците кои се јаки, кои ќе истапат баш кога е време. После, доцна е за сè. Да се апси мртов коњ, нема ефект

  Пишува: Владо Ѓорчев   Можеби помалку или повеќе

Анкетите како доказ или како алатка за манипулација?

на 25. 10. 2016 | | sq

Резултатите од анкетата се дополнителен извор за новинарот, а не една неспорна вистина. Тој овие резултати треба да ги третира како што третира секој друг факт или податок. Како што проценува новинарот дали некој извор е сигурен или не, така треба да биде проценет и институтот или организацијата што ја реализира анкетата

  Пишува: Фатлуме Дервиши Составувањето прашалник во форма на анкета и неговото виртуелно споделување е најлесниот начин преку

Мигена Горенца: Тие што молчат се виновни колку и тие што прават лошо!

на 18. 10. 2016 | | sq
Мигена Горенца – Главен уредник на Вториот програмски сервис на албански јазик на МТВ

 

Рецептот за позитивен исчекор во новинарството, покрај тешките предизвици и соочувањето со неправдите, овојпат за „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ го прикажува Мигена Горенца. Taa e главен уредник на Вториот канал на албански јазик во јавниот сервис МТВ. Ексклузивно за нас зборува за тешкотиите, но и за научените лекции во својата кариера. „Кога

ТВ-дневник: Партиите воедначено претставени, Тоше требаше да се држи настрана од пресметката со ЗАМП

на 17. 10. 2016 | | sq
Воедначено претставување на политичките партии. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“ во 18 часот на 16 октомври 2016 година]

 

Централниот ТВ-дневник на телевизија „Канал 5“  емитуван на 16 октомври во целина беше дневник каков што би сакале гледачите да видат, но со мали недостатоци. Политичкиот блок вести беше посветен само на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и тој беше рамномерно поделен на двете страни. Недостигаа неколку актуелни дневни вести, а името на Тоше Проевски беше употребено за пресметка на телевизијата со ЗАМП во врска со забраната од страна на ова здружение да се емитува македонска музика без телевизиите да платат за авторски права

  Пишува: Ана Анастасовска   ТВ-дневникот почна со веста за најактуелниот

Конфронтирачко интервју не е исто што и агресивно интервју

на 16. 10. 2016 | | sq
Новинарката Оливера Трајковска е позната по својот конфронтирачки стил на интервјуирање. Фото: скриншот. Колаж: СПФМ  

Стилот на интервјуто е прашање на лична определба и на брендирање на кариерата на новинарот. Сè додека новинарот на ја продал сопствената душа за да прави нарачани, однапред подготвени интервјуа, прашањето на стилот е небитно

  Пишува: Зоран Бојаровски   Колку и да звучи наивно или идеалистички, интервјуирањето политичари, во сите услови и со

Како маркетинг-агенциите ја оценуваат слушаноста на радиостаниците во Македонија?

на 16. 10. 2016 | | sq
Кој колку е слушан, кој колку заработува. Фото: пиксабеј. Колаж: СПФМ  

Во најновите објавени податоци од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за состојбите на македонскиот медиумски пазар, има и некои збунувачки податоци

  Пишува: Љубомир КОСТОВСКИ   Неодамнешниот извештај за состојбите на македонскиот медиумски пазар што го претстави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ја отвори и дилемата зошто медиумите не добиваат

Убавите приказни во улога на автоцензура

на 7. 10. 2016 | | sq
  Убави приказни во очекување на поголемата благосостојба. Фото: веб-страница на претседателот    

Што претставува барањето до новинарите да пишуваат „убави“ приказни? И како тоа таквите приказни би довеле до тоа „благосостојбата да се подигне на повисоко ниво“? Овде ќе се обидеме да одговориме дали изнасиленото производството на „убави“ приказни во новинарството води кон автоцензура и тоа преку примерот на Русија и состојбите со професијата во оваа земја