Не смее да се плагира, но ни да се бара монопол над вестите
Објавено во: Новинарски лекции
на 6. 08. 2013 | | sq Автор: Билјана Илиќ
Во последно време, новинарите во Македонија водат жестока јавна дебата за плагирањето на нивните трудови. Отворена е дури и посебна група на Фејсбук, на која новинарите објавуваат текстови за кои сметаат дека им се плагирани (или „украдени“), а потоа се водат лути расправи. Во основа, поттикнувањето на свесноста за тоа што е оригинал, а што плагијат во новинарството, е добра работа, затоа што секој професионален новинар има етичка обврска да