Новинарски лекции

Новинарите кои известуваат од судовите и нивното игнорирање на законите

на 22. 01. 2014 | | sq
 

Често известувачите од судските коридори и сали одат во потрага по чиста, концизна и сензационална вест, што се вели – „петарда“, па никогаш и не се цитира некој закон и негов член „кој е во игра“. Весниците ги читаат и правно писмени луѓе, кои ги има повеќе десетици илјади во земјава! Згора на тоа, новинарите пишуваат и за коњските сили на некој автомобил, иако многу мал број од читателите

Граѓанско новинарство – Во потрага по изгубениот рај

на 20. 01. 2014 | | sq
 

Од онаа страна на „црвените линии“ на традиционалното, корпоративно и партизирано новинарство е јавноста и граѓаните кои, доколку се осмелат да ги направат првите чекори во партиципирањето во демократијата, во овој случај и низ медиумите ќе докажат дека јавноста е многу повеќе од пазар за информации. Застапувајки го овој принцип, граѓанското новинарство ги претвора читателите, гледачите и слушателите како членови на заедницата, а не како потрошувачи.

  Пишува: Зоран

Новинска фотографија и фото вест

на 17. 01. 2014 | | sq
 

Новинската фотографија е посебна област во журналистиката. Таа, покрај пренесување на информацијата, треба да прикаже целосната слика на стварноста. Проблемот со новинската фотографија е во тоа што сѐ почесто нејзината единствена функција е да го пополни просторот, празнината во текстот или помеѓу два текста.

  Пишува: Александар Писарев   Кога би ги анализирале рецензиите објавени на нашиот сајт, во делот кој се однесува на фотографијата, најчеста оценка е: „

Законот за кривична постапка – нова брана за пристапот до информации

на 16. 01. 2014 | |

Новинарите сега се исправени пред нов серизен предизвик: како да известуваат за судски постапки без да прекршат серија одредби од Законот за кривична постапка кој е во сила од 1 декември 2013 година. Овој закон во голема мерка го го ограничува пристапот на новинарите до информации од истрагата и судењата, што не беше случај досега.

  Пишува: Саше Димовски   Најавен како реформски, со кој се напушти досегашниот модел на

Како да ѕирнеме во имотот на политичарите

на 9. 01. 2014 | |
 

Ниту една земја, без оглед на тоа колку е демократска, не е имуна на феноменот на  корупцијата. Таа  подеднакво ги напаѓа владините функционери, политичарите, локалните лидери. Ги уништува националните економии, ги поткопува институционалните и моралните вредности и ја нагризува јавната доверба

  Пишува: Оливера Војновска   Колку се богати премиерот и претседателот на државата? Со каков имот располага лидерот на најголемата опозициска партија? Каде и како се поднесува претставка

Од новинар до портпарол и камбекот во новинарската фела

на 24. 12. 2013 | |

Односите меѓу новинарството и ПР-от, иако  на прв поглед делуваат едноставни, всушност се прилично комплексни. И едните и другите испраќаат одредена порака до публиката и имаат амбиција да влијаат врз нејзиното мислење.

Пишува: Оливера Војновска Новинари и портпароли – две лица на една иста паричка. И едните и другите извршуваат иста работа – ѝ се обраќаат на јавноста. Ама, од различна страна. Задачата на луѓето задолжени за комуникација со јавноста 

Тролови насекаде – коментарите на интернет

на 20. 12. 2013 | |
 

Техничките платформи и уредувачките политики за дискусии и коментари на интернет треба да бидат инклузивни и безбедни за да обезбедат амбиент за жива, забавна, продуктивна и над сѐ, фер и интелигентна дискусија и коментари.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Голем дел од коментарите на читателите на онлајн медиумите се исполнети со примитивизам, безобразен воајеризам, омраза, сеирџиство… Неодамна Хафингтон Пост објави дека нема повеќе да објавува коментари без име и

Кои фактори влијаат врз вест и извештај?

на 18. 12. 2013 | | sq

Новинарите не се повеќе само собирачи на вести. Од нив се очекува да истражуваат, да бидат критични према опкружувањето во кое живеат, но и да бидат проактивни, да покренуваат јавна дебата за сите теми од општествен интерес. Тоа значи дека медиумите мораат да бидат одговорни, бидејќи се занимаваат со јавна работа.

За да бидат спремни за овие предизвици новинарите треба да поседуваат голем фонд на знаење, континуирано да се образуваат

Од сегментирани информации до дезинформации

на 16. 12. 2013 | |

Постои една изрека во врска со проблемот со името – Цело е кога има сѐ. Употребена во друг контекст, таа е сосема адекватна за проблемот во современиот македонски журнализам кон кој ќе се осврнеме тука – нецелосна информација не само што не е сѐ, туку таа дури може да се претвори и во нејзин антипод – дезинформација

  Пишува: Теофил Блажевски   Сеопфатноста при информирањето е императив и еден од

Анонимните писма во медиумите како метод за манипулација на јавноста

на 4. 12. 2013 | | sq
                     

Ниту Новинарскиот кодекс на Здружението на професионални новинари на Македонија ниту пак Прирачникот за етика на новинарството на ЗНМ не го уредуваат начинот на кој медиумите во Република Македонија би требало да се однесуваат кон анонимните писма на читателите, туку тоа им е оставено на уредувачките политики на самите медиуми

  Пишува: Југослава Дуковска   Дали медиумите треба да