Груевски и Николовски, новите дописници на МТВ од Брисел и Стразбур. Фото: видео клип скришот колаж
[Критички осврт врз ТВ-дневникот на МТВ од 21 април 2015 година во 19.30 часот]
Екипите на МТВ, наместо да ги ловат странските политичари и функционери во Брисел и од нив изворно да чуеме мислења за Македонија и за нејзините проблеми, ги користат премиерот и пратеникот Александар Николовски како пренесувачи на впечатоци! Тоа можеле да го сторат и на аеродромот во Петровец!
Пишува: Љубомир Костовски
//
Заради настанот од липковскиот регион, многу беше веројатно дека македонските гледачи ќе се „залепат“ за малите екрани и дека вестите ќе станат погледан дел од програмата во однос на, да речеме, турските играни серии.