Новинарски лекции

Ристо Лазаров: Крајно време е нашето новинарство да се исчисти од сите Мефистофели

на 27. 07. 2015 | |
„Новинарството не беше служба, тоа беше и е страст, целосна предаденост на професијата“, Ристо Лазаров. Фото: лична колекција
 

Не го идеализирам минатото, ниту мислам дека и другаде во светот нема вакви примери, ама ова нашево новинарско дереџе тешко се наоѓа на мапата на новинарството – ни во турско, ни во каурско, вели долгогодишниот новинар и уредник, Ристо Лазаров, откако пред една година ја предаде уредничката палка во телевизија „Телма“,

Преземање од „Фејсбук“ за јавна објава без согласност е незаконско

на 25. 07. 2015 | | sq
  Нож в лице – преземање од „Фејсбук“. Фото: mkhmarketing, 2013   Безброј коментари и мислења предизвика една вест, објавата на фотографијата на ќерката на Зоран Заев и на локацијата на која истата е направена. Се разбира, контекстот во кој овие податоци беа објавени е политички и е во корист на „пресметката“ кој на која плажа е и колку тоа чини. Но, колку чини, всушност, објавата на фотографиите и на локацијата? Голем публицитет и ексклузивност или, пак, нарушена приватност?   Пишува: Елена Стојановска, магистер по комуникации   Разгледувајќи го конкретното однесување на медиумите што ја објавија и ја споделија оваа вест од аспект на принципите за почитување на приватноста, неизбежно е истото да се анализира од неколку агли. Пред сè,

„Свиркач“ на покривот – граѓанинот против власта

на 24. 07. 2015 | | sq
Едвард Сноуден. Фото: Thierry Ehrmann, од уметничката инсталација „Abode of Chaos“ (Резиденција на хаосот), 2013   Тој покажа дека НСА и нејзе сличните владини баук-агенции, не се непобедливи. Нивниот криминал треба, и може, да биде изложен пред очите на јавноста. Тој застана простум пред најмоќната влада на светот и донесе одлука да не биде исплашен поданик, туку одговорен граѓанин.   Пишува: Зоран Бојаровски   Во јуни 2013 година, името Едвард

Кога коментарите се претставуваат како факти, тогаш боговите молчат, засрамени!

на 22. 07. 2015 | |
Две третини од ТВ дневник поминати во напади врз опозицијата. Фото: скриншот, колаж: СПФМ  

[Критички осврт врз централниот ТВ-дневник на „Сител“ од 17 јули 2015 година, 18 часот]

  Дневникот што е предмет на оваа анализа може да послужи како пример за неетичко и за непрофесионално новинарство, во кое нема ни „С“ од зборот стандарди во професијата. Покрај тоа, регистрираме и говор на омраза и тоа врз политичка основа,

Македонија и руската пропаганда: „Турски тек“ заменет со бегалската криза

на 19. 07. 2015 | |
Кој за што, Eлена Гускова за црни сценарија во и околу Македонија. Фото: Webtribune

 

Москва кон Скопје применува „штедлива пропаганда“ – само го проширува ареалот на користење на името на нивниот академик Елена Гускова, односно прави место во веќе воспоставеното „словенско братство“ – по Белград и Бања Лука, добивме и ние столче во тој клуб. И користењето на медиумите во тие операции е слично – текстовите примарно се пласираат

Медиумскиот кукавичлук на власта

на 16. 07. 2015 | |
Без бол, со бес. Фото скриншот: Maktel.mk на YouTube, колаж: СПФМ  

Координираното продолжение на насилството врз Саше Политико е само знак на немоќ по првата физичка пресметка пред неговата зграда, чии сторители, очекувано, никогаш не беа откриени, како и јасен показател за медиумскиот кукавичлук на власта која од слободната размена на мислења се плаши како од змија отровница.

  Пишува: Владимир Петрески   Физичките напади врз Саше Ивановски –

Саше Политико: Се надевам дека ќе продолжат да бегаат никаквеците!

на 13. 07. 2015 | |
„Новинарите блеат како телиња. Навистина, тоа ми е несфатливо.“ Саше Ивановски – Политико. Фото: лична колекција  

Јас не користам ракавици. Отворен сум и брутален и не работам за никого. Може некому личам на шоумен и на дворски шут, но не може на сите да им се допаднеш, добро е да имаш голема група обожаватели, да спиеш мирно и да сметаш дека работиш чесно, дека си на вистинската страна во

Најважната вест – најкуса

на 10. 07. 2015 | |
Најважната вест во 25-та минута. Претходно фалби и пропаганда. Фото: скриншот колаж   [Осврт на централниот ТВ-дневник на МТВ 8 јули 2015 година во 19.30]

 

Редоследот и траењето на прилозите во централните вести требаше да ја релативизира целосно одлуката на СДСМ за прекин на преговорите, која се очекуваше. Требаше да се прескокнат непријатните настани – извештајот на Прибе во Собранието на РМ и посетата на Меркел, која очевидно го

„Монтажно“ новинарство

на 7. 07. 2015 | |
Убава монтажа. За разлика од оние „сечените, лепените и креираните“ во македонското новинарство. Фото: Bachellier Christian, 2006  

Кога опозицискиот СДСМ почна со објавувањето на таканаречените „бомби“, обвинувајќи ја владеачката партија за разни криминални и незаконски дејства, од ВМРО-ДПМНЕ постојано излегуваа со соопштенија дека таквите снимки се „монтирани, сечени и лепени“, па според тоа и лажни. И тоа е нормална реакција за една политичка партија. Но, кога новинарот ќе одлучи

Телевизиите регионални – програмата национална!

на 3. 07. 2015 | |
Технички спастрено и дотерано, но здодевно. предлого и плитко. ТВ-дневникот на „О2“. Фото: скриншот  

Кон крајот на минатата година, колегите од „Нова ТВ“ известија како три фирми регистрирани во ист ден купија шест регионални и локални ТВ-станици, истакнувајќи дека новите сопственици се луѓе блиски до владејачката партија. „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ (СПФМ) погледна што се случува во една од нив половина година по промената на сопственоста.

  Пишува: Веле Митаноски   Во мај 2013 година, власта, преку тројца свои блиски луѓе, всушност тројца луѓе – преку блискоста со власта, сите од Скопје, на ист ден формираа фирми и на ист ден (!) го заокружија проектот за купување на неколку локални телевизии во земјата. Вкупниот пакет,