Плакатот за филмот „The War You Don’t See“. Извор: Wikipedia
Како застрашувачко исполнување се остварува предвидувањето на таткото на пропагандата Едвард Бернајс, кој одамна ја најави оваа ситуација – пропагандата не е „невидлива влада“. Пропагандата е – владата!
Пишува: Зоран Бојаровски
Зошто новинарството ѝ подлегна на пропагандата? Зошто цензурата и искривоколчувањето станаа секојдневна медиумска практика? Зошто младите новинари не ги учат високите доблесни новинарски принципи и не ги препознаваат наменското „новинарство“ и сопствената улога во пропагандистичкиот журнализам?
Ова се прашања што бараат итни одговори зашто вистината во оваа земја е превртена наопаку благодарение токму на едно големо мнозинство новинари и медиумски тимови со промоција на лаги и со груби манипулации.
Времето во кое живееме, денес и тука,