Медиумите треба да го препознаат профилирањето
Објавено во: Анализи
на 14. 10. 2013 | | sq Автор: Мирјана Најчевска
Расното, родовото, етничкото, верското или друг вид профилирање, што своите корени ги има во некој од можните основи на дискриминација, претставува практика која може да биде многу опасна за еднаквото практикување и заштита на правата и слободите на луѓето.
Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права
По дефиниција, профилирањето значи употреба на одредени карактеристики или обрасци на однесување и постапување, со цел генерализирање, обопштена оценка за