Анализи

Медиумските аспекти на известување за конфликтните состојби (примерот на Ирак)

на 25. 06. 2014 | |

Проблем кој, исто така, се заканува, а се уште не е доволно разгледан во медиумите, се бегалците. Факт е дека граѓанските војни и верските судири продуцираат цивилни жртви, кои во обид да се спасат од налетот на неистомислениците, се обидуваат засолниште да најдат во бегалските кампови, во сопствената или соседните земји. Затоа, сосема се легитимни барањата од страна на меѓународната заедница сунитите да станат дел од власта во Ирак со

Секој човек има право на слобода на мислите, совеста и верата

на 23. 06. 2014 | | sq

Слободата на вероисповед и уверување и одвоеноста на верските заедници од државата се предмет на интерес на медиумите, меѓутоа, во медиумскиот опфат на оваа проблематика често не се воочуваат проблематичните ситуациии и најчесто изостанува критичкиот и едукативен пристап.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Според член 19 од Уставот на Република Македонија: Се гарантира слободата на вероисповед. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во

Третманот на прашањето за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во македонските медиуми

на 16. 06. 2014 | |

Геостратешките и политичките, па дури потоа економските прашања, се оние на кои треба да се насочи вниманието на медиумите во нашата земја кога се пишува за „Јужен тек“, при што мора да се изведат и соодветни заклучоци, бидејќи работите сѐ повеќе заличуваат на тоа дека Руската Федерација и Европската Унија (со САД) преку Балканот ќе се обидуваат да ја докажуваат својата моќ и влијание.

  Пишува: Доц. д-р Светлана Вељановска, 

Медиумите , eвроскептицизмот и Република Македонија

на 13. 06. 2014 | |
 

Сите медиуми се едногласни во оценката дека по овие избори Европа нема да биде како досега. Последиците ќе ги почувствуваат земјите претенденти за членки во ЕУ, меѓу кои и Република Македонија, но и самите членки на Унијата. А, по сѐ изгледа дека и САД нема да бидат без последици од аспект на соработката во однос на Русија.

  Пишува: Доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право   Резултатите

„Патриотски“ говор на омраза: омраза кон внатрешните „непријатели“ (1)

на 12. 06. 2014 | | en
  Пишува: Жарко Трајаноски, магистер по човекови права   „Исклучително важно е медиумите да внимаваат да не бидат извори на говор на омраза и да водат сметка да не придонесат за негово понатамошно ширење.“ (Соопштение на Советот за радиодифузија, од 06.03.2013)   „Патриотскиот“ говор на омраза е препознатлив по намерата за разгорување, поттикнување, или оправдување на омраза кон внатрешните и надворешните „непријатели“.  Во основата на ваквиот говорот на омраза е

Зошто ги нема амбасадорите во македонските медиуми?

на 5. 06. 2014 | |
 

Дали анонимноста на амбасадорите е поради нивната недоволна  активност или поради незаинтересираноста на медиумите да ги следат нивните активности?

  Пишува: Доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право   Присуството на амбасадори и други видови дипломатски претставници во една земја е вообичаена практика која е востановена уште од  стариот Рим, иако законските рамки за дипломатијата во склоп на меѓународното право потекнуваат од конгресот во Виена одржан во 1915 година. По дефиниција амбасадорот е највисок претставник овластен да ги застапува интересите на својата земја надвор од нејзините граници во државата или меѓународната организација за која е овластен. Дневник неодамна пишуваше за новите седум амбасадори кои ќе треба да стапат на должност во Република Македонија при што најголемо внимание беше

За македонско-српските односи: МЕДИУМИТЕ КАКО КРЕАТОРИ НА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА (3)

на 4. 06. 2014 | |

(…) И покрај над 20-процентното малцинство Македонија не беше една од земјите што брзо-брзо го признаа Косово, а со тоа, покрај своите интереси ѝ се даде време на Србија да преземе правна постапка против (насилното) отцепување на Косово. И, наместо благодарност, тие ја „искараа“ Македонија, а ние – ние ја наведнавме главата. И притоа заборавивме дека Србија, во времето на Милошевиќ, од кои и да е причини, чекаше добри пет години за да ја признае нашата државност и беше токму последниот наш сосед што го направи тоа!

  (Првите два дела од анализата можете да ги најдете овде и овде.)   Пишува: Сашко Тодоровски, дипломат од кариера /ополномоштен министер   Доколку навистина сакаме да создадеме сопствена слика за мистеријата наречена

За македонско–српските односи: Еднаквост на соседи или подреденост на помалиот сосед (2)

на 3. 06. 2014 | |

Ако се има предвид дека цар Душан ја префрлил својата престолнина на југ во Скопје, а тоа значи и Куманово, новинарите не се заинтересирале за тоа зошто албанскиот кампус не се лути за српската окупација од 1912-та, но затоа се лути на окупација од шест века претходно? Македонскиот кампус, од претходно изнесеното видовме, има јасна тенденција да ги „прославува“ сите окупации, па тогаш зошто не и оваа.

  (Првиот дел

За македонско – српските односи: СТАРИ ИЛИ НОВИ ПОЛИТИЧКИ ОСКИ НА БАЛКАНОТ (1)

на 2. 06. 2014 | |

Атина често зборуваше за својата безбедност од аспект на оската Скопје-Анкара. Дали е можеби дојдено време да зборуваме за „дијагонални оски“, какви што би биле: Атина-Софија, Тирана-Приштина и Скопје-Белград.

  (Вториот и третиот дел од анализата можете да ги најдете овде и овде.)   Пишува: Сашко Тодоровски, дипломат од кариера/ополномоштен министер   Во малку постарата дипломатска публицистика многу омилена беше анализата или барем барањето насекаде некакви „оски“. Така, Атина често зборуваше за својата безбедност од аспект на оската Скопје-Анкара. Дали е можеби дојдено време да зборуваме за „дијагонални оски“, какви што би биле: Атина-Софија, Тирана-Приштина и Скопје-Белград. Првата е логична поради заедничката припадност во ЕУ, додека втората е „природно партнерство“ на „еден народ во две држави“. Но, зар не би

Како да го препознаеме говорот на омраза?

на 2. 06. 2014 | |

Политичката критика на поединци во власта (со која се бара проширување на правата и слободите на граѓаните и поголема одговорност на власта) и самокритиката како припадник на една етничка заедница (со која се поттикнува критичкото мислење на приадниците на сопствената група на која некој и припаѓа), никако не може да бидат идентификувани како говор на омраза.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Не секоја употреба