Актуелности

Форум за медиумите во Југоисточна Европа, Скопје 16 и 17 октомври

на 16. 10. 2014 | |
На 16 и 17 октомври во Скопје ќе се одржи годинешниот Форум за медиумите во Југоисточна Европа, на тема “Медиумите во Југоисточна Европа – Недоволно или премногу информации”. За време на Форумот, реномирани домашни и меѓународни претставници од сферата на медиумите, граѓанското општество, државните институции и академската јавност ќе дебатираат за прашања поврзани со пристапот до информациите од јавен карактер за новинарите, новинарството базирано на податоци, приватноста и заштитата на новинарските извори и медиумската саморегулација. Посебна сесија ќе биде посветена на медиумското покривање на настаните во Украина. На отворањето на Форумот ќе се обрати министерот за надворешни работи на Р.Македонија, г-н Никола Поповски, кој ќе учествува во дебатата посветена на медиумите и политиката во земјава. Меѓудругите, на Форумот

Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија

на 9. 10. 2014 | | sq
Цивил и Фондацијата Фридрих Еберт организираат дискусија на тема „Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија“ во среда, 15 октомври, во ГЕМ Клуб (Скопје, Стара Чаршија), со почеток во 11:30 часот. Специјален гостин на овој настан е г. Кристијан Мир, Извршен директор на Репортери без граници Германија, кој ќе ги презентира наодите и ставовите на оваа тема. Ги покануваме новинарите, уредниците, претставниците на граѓанското општество, експертите и активистите за човекови права, како и останатите релевантни засегнати страни и институции, да земат учество во оваа модерирана дискусија. Медиумите се добредојдени да известуваат за овој настан и да ја пренесат оваа дискусија на пошироката јавност. Организаторите на настанот ќе подготват јавен извештај за наодите и заклучоците од дискусијата.

Основан Советот на етика на медиуми на Македонија

на 9. 10. 2014 | | sq
Водечките здруженија од областа на медиумите на 30 септември 2014 година го формираа Советот на етика на медиумите на Македонија како прво саморегулаторно тело на медиумите. Над триесетина претставници на електронски, печатени, интернет и регионални медиуми и претставници на Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт на медиуми, Новинарскиот синдикат и Здружението на приватни електронски медиуми на Македонија во кое членуваат над 60тина регионални и локални медиуми одржаа основачко собрание на Советот на етика на медиуми на Македонија (СЕММ), прво саморегулаторно тело на медиумите. Собранието ги избра членовите и замениците на раководните органи и го усвои Статутот на Советот. Во наредниот период Управниот одбор со консензус треба да ги избере членовите на Жалбената комисија која во иднина ќе одлучува за

Повик за солидарност за новинарите од Фокус

на 8. 10. 2014 | |
Среда, 8. Октомври 2014 – Здружението на новинари на Македонија ги повикува сите новинари и граѓани на Република Македонија  да се солидаризираат со новинарите од неделникот „Фокус“ – Јадранка Костова и Владо Апостолов, кои врз основа на пресудата на Апелациониот суд од спорот против директорот на УБК Сашо Мијалков, треба да исплатат 9.000 евра во име на нематеријална штета за клевета и судски трошоци. ЗНМ смета дека пресудата е неправедна и е директно насочена против критичното новинарство, која е суштинска потреба за функционирањето на македонската демократија. Колегите не се во можност да го исплатат надоместокот, затоа ЗНМ упатува повик за мобилизирање и солидаризирање на членството, новинарската заедница и јавноста во Македонија. Сметаме дека нашата поддршка ќе придонесе да опстои слободната

Поттикнување војна преку национална телевизија

на 3. 10. 2014 | | sq
Пример на промовирање став дека меѓуетничка војна е „решение“ за проблемите на Македонија преку емисија на национална телевизија: „Ова ти е бе, ова ти е монструозен… Ова со идентитетот не сакам ни да го зборувам. Сега ти вика или ќе го прифатиш ова што ти вика сам да се самоубиеш или ќе ти ги с`снеме Албанците. Па с`снете ги бе. Еднаш с`снете ги, ама ја кога ќе ги с`сне некој, за да се самоодбранам, имунолошки да не погинам, знаеш ли како ќе настапувам. Не како 2001.“ Дел од цитатите од емисијата „Јади бурек“ со водител Јанко Илковски и гостинката Мирка Велиновска е емитувана на 1 октомври 2014 на ТВ Сител 3, се документирани на блогот Анфас. Кривичниот законик на Република

ЗНМ прашува зошто говорот на омраза во дебатните емисии не се санкционира

на 3. 10. 2014 | | sq
Пренесуваме соопштение на ЗНМ: На 24 септември 2014 Агенцијата за медиуми организираше работилница на тема Презентација на Водичот за мониторинг на „говорот на омраза“. На овој настан говореше м-р Јелена Сурчулија Милојевиќ, странски експерт по медиумско право а присутни беа членовите на Агенцијата како и претставници од медиумите и граѓанските организации. Претставник на ЗНМ јавно ги упати следните две прашања: Ценејќи дека во Македонија во последно време има тенденција на зголемена употреба на говор на омраза во дебатните емисии во националните медиуми вклучително и во емисии каде гостуваат високи владини функционери а за кои нема соодветна реакција од страна на регулаторот, претставникот на ЗНМ праша:
  • Дали е пракса во Европа пред емитувањето на ТВ дебата да има најава/соопштение дека медиумот

Метаморфозис објави конкурс за репортери

на 15. 07. 2014 | |
Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, објавува конкурс за новинари – репортери за хонорарна соработка, со и без работно искуство Заинтересираните квалификувани кандидати треба да испратат куса работна биографија исклучиво по електронска пошта на: konkurs@metamorphosis.org.mk. Краен рок за пријавување: 26 јули 2014. Ве молиме без телефонски јавувања. По истекот на крајниот рок ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат повикани на разговор.

Бесмислена реакција на некои медиуми за пишувањето на Порталб

на 9. 07. 2014 | | sq
Веќе два дена, македонските медиуми блиски до македонската партија на власт и нивните сателитски портали, во полн замав критикуваат медиуми на албански јазик, нарекувајќи ги потпалувачки заради начинот на известување за случајот „Монструм“ и настаните кои следеа потоа. Неколку од овие медиуми се: Курир, Нетпрес, Република, Канал 5, Алфа, па дури и весникот Дневник отиде дотаму што веста со ваквите критики е објавена како главна вест на насловната страна. Мета на овие медиуми е и Порталб, при што како пример за поттикнување на атмосферата на насилни протести се земени два наши текста, насловени како:
  • Доколку протестите се третираат како случајот „Монструм” ситуацијата може да ескалира
  • Реакции: Случајот „Монструм“ – монтиран и планиран одамна
Овие медиуми велат дека текстовите

ЦРМ: Нетранспарентно менување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

на 2. 07. 2014 | | sq
Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) смета дека последниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на Владата, по скратена постапка, претставува уште еден обид за нетранспарентно и задкулисно интервенирање во закон кој директно ги допира слободата на информирањето и слободата на медиумите. Сметаме дека е крајно време, Владата да престане со игнорирање на медиумските организации и новинарските здруженија при интервенција во правни акти кои директно ги засегаат медиумската, но и пошироката јавност. Последниот обид да се направи интервенција во промената на овластените предлагачи на Програмскиот совет на МРТ, каде наместо досега предвиденото мнозинско новинарско здружение, се воведува и второ новинарско здружение, без при тоа да се консултира медиумската

УСАИД водич кон социјалните медиуми за граѓанскиот сектор

на 1. 07. 2014 | | sq
Во чест на Денот на социјалните медиуми 2014, УСАИД денеска објави водич за користење на социјалните медиуми. Публикацијата со наслов Социјални мрежи: Водич за засилување на граѓанското општество преку социјалните медиуми е изработена со цел да ги подучи невладините организации како да ги остварат своите комуникациски цели и успешно да им се обраќаат на своите публики преку социјалните медиуми. Водичот нуди преглед на добрите практики што се употребуваат кај социјалните медиуми за покренување важни теми и дебати на прашања од интерес за граѓанскиот сектор. Со оглед на фактот што социјалните медиуми брзо се менуваат, публикацијата не се концентрира кон индивидуална социјална платформа, но, наместо тоа на НВО-ата им се нуди решение како да им пристапат на социјалните медиуми во целина